• Latest
Добро утро со Орданоски

Некако т’нко, до сега

November 7, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Некако т’нко, до сега

November 7, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]арадоксално, во однос на убедливоста на резултатите на тукушто завршените локални избори, но впечаток е дека речиси никој не е задоволен од досегашната работа на новата влада, во речиси ниту една област. Со исклучок на потезите кон соседите (иако и во надворешната политика не е јасно дали има доволна синхронизација меѓу три-четворицата главни „тркачи“), другото е килаво, без душа, без поголеми промени, без особено нови или свежи идеи, главно „санациски“, како чистење подрум кога ќе ти избие канализација… До сега, добивме влада на континуитет од оние влади на Груевски, само малку полошо, бидејќи демократскиот капацитет и правните стандарди во оваа влада се многу повисоки (за сега) од оние на Фамилијата, па процесите се поспори, покомпликувани, понеефикасни…

И, секако, овој премиер е многу посимпатичен од претходниот. Сѐ уште.

Предложениот буџет – од она што го слушам и од луѓе кои многу повеќе се разбираат од мене во тие работи – не навестува никакви позначајни општествени или политички промени. Како да го правеле сметководители, а не луѓе со амбиција да го менуваат светот. Мочуриштето е исто, гумените чизми за газење во него се понови. Ниту едно министерство не планира и не предлага ништо ново, ниту еден министер не се истакнал со некоја поконтроверзна или похрабра замисла којашто би пробила некоја нова авенија на размислување.

А и не знаат да лажат така – големо, арогантно, гламурозно, „од високо“ – како што лажеше ВМРО. На пример: „Компјутер за секое дете!“ (Ба-бааам!)… „Сто милиони земјоделски субвенции!“ (Траааас!)… „Кај Охрид ќе направиме Силиконска Долина!“ (Бууум!)… „Ќе отвориме индустриски зони во секое село!“ (Бупетее!)… „Машински факултет во Виница!“ (Тадааа!)… „Скопје 2014“ да не го ни спомнувам.

Важно, на делови од администрацијата ќе им се зголемат платите, на наша сметка. И нема никој да биде отпуштен, бидејќи ги штител законот, а и за да не се навредат. Ако на тоа се додаде менаџирањето на „нормалните“ гафови во едно владеење, тогаш не е чудно што, на пример, една обична, трагична мафијашка пресметка (колку што слушам, пиштоли се носеле на двете страни), во јавноста ја вади целата Влада од колосек.

Сега разбирам дека и БЕСА размислува да влезе во Владата, плус соработката со пратениците на „вечниот Тачи“ во Собранието. А и Амди Бајрам, наводно, преговарал да му се приклучи на ДУИ. Можеби е време, откако го кооптиравме Сител во промените, и со Груевски да се преговара за поддршка на новата Влада? На крај, како што се одвиваат работиве, само Зијадин Села ли ќе се отцепи во опозиција!?

Мојот впечаток е дека Владата на Заев е премногу импресионирана од предизвиците што ги остави катастрофата по Груевски. А можеби и ние премногу ги подигнавме очекувањата од екипата на власт која има поскромни капацитети од она што го замислуваме дека е неопходно за да се извлечеме од депресијата во која се наоѓа земјата?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Алијанса за АлбанцитеАмди бајрамБесавечниот ТачивладаВМРО-ДПМНЕЗијадин СелаЗоран ЗаевМендух ТачиНикола ГруевскиСДСМСител
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ