• Latest
Добро утро со Орданоски

Проверено: до март Грујо у ќорка!

November 29, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Проверено: до март Грујо у ќорка!

November 29, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]одека го побарав копчето на далечинското на телевизорот за да го покачам тонот на вонредното обраќање на претседателот Иванов, обраќањето заврши! Така, останав скратен од можноста лично да дознам што важно ни соопшти претседателот по повод најновиот развој на настаните во профункционираната правна држава во Македонија.

Фатив да вртам телефони по пријатели – аман, што кажа Хорхе, ќе има ли вонредна состојба?!

На еден жената му си го дувала носот, па додека издувала, и тој пропуштил да слушне за што било обраќањето, по што продолжиле да се расправаат за разводот… Друг ми вели дека син му му кажал оти на комшиката по скајп ѝ се јавила тетка ѝ од Мелбурн чијшто внук од Оукленд по вибер ја прашал дали е точно дека македонскиот претседател тукушто на граѓаните на телевизија им честитал Нова Година на 28 ноември?!… Се подзамислив. Можеби Хорхе извадил некој антички календар, па побрзал да ја соопшти радосната вест до нацијата?

Е, дури од „трета мајка“ еден пријател од ГРОМ, постојано мобилизиран и буден, ми вели дека во животот не слушнал пократко и поспектакуларно „пуштање низ вода“ на политичките истомисленици… „Како, бе?!“… „Па, така: за насилството одговорност морало да има, притисна казанчето и ојде целата тајфа на Грујо у канализација!… Со Стевчо џабе 15 минути мрзневме пред суд. Али, па, он малку и се навикнува на околината таму…“

Ајдеее… Евà, евà, евà.

Се вратив на телевизорот да видам што се случува пред судот… Грујо, откако задоцнил еден саат на протестот, со стомина околу него пие чај. Им објаснува дека морал да го каже она, ноќта по враќањето од Виена, по хаосот во Собранието, дека насилниците ќе мора да одговараат. Реклами. Грујо си заминал, чајот се оладил. Сендвичи јок. Знамиња јок. Нема, тоа е, државата пропадна.

За, колку-толку, да се спречи таа пропаст, протестантите ќе го блокираат сообраќајот во Скопје. Така, сите кои работат на пропаста нема да можат со коли да се движат низ градот за да го спроведат тој опасен план. Предавниците ќе мора пешки да ја пропаѓаат Македонија. Клевер.

Добро, сфаќам, се поапсија изведувачите и помагачите на обидот за државен удар од 27 април. Јас мислам дека до февруари, најдоцна март, ним ќе им се придружи и инспираторот. „Не, бе, Чавков е полицајчуга цел живот, нема да прозбори, ќе видиш“, анализира еден добро информиран пријател, комшија на полицаец од станицата во Ѓорче Петров, заради што, со право, во друштвото го сметаме за експерт за правни и безбедносни прашања. „Ќе скапе ако треба у затвор, ама Грујо нема да го предаде!“

Потоа барам еден пријател од реформистите во ВМРО и развиваме филозофска дебата: Ако мнозинството на членови од Извршниот комитет на ДПМНЕ отиде во ќорка, дали одлуката за смена на Груевски од претседателската функција во партијата би била правно валидна? „Да – вели реформистов – бидејќи гласањето ќе се спроведе во Идризово, каде ИК ќе има кворум, со присуство на Грујо, таквата одлука ќе има извршна правна тежина!“

И, според долгата историја на македонските партиски преврати, доаѓаме до најсложеното реформско прашање: Кај кого ќе се партиските печати – кај оние во Идризово или скриени во некоја саксија во партискиот бел дворец?… „Нема врска, веќе изделкавме дупликати од компир, а и ние ќе го носиме решението во Централен регистер, Грујо ќе биде службено спречен!“

Бреееј, што ти е правна држава! Убавини.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ВМРО-ДПМЕГРОМЃорге ИвановзатворМитко ЧавковНикола Груевскиполицијаправна државареформаториСтевчо Јакимовскисудење
Share470TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ