• Latest

Коцијанчич: ЕУ работи со Белград и Приштина на правно обврзувачки договор

February 16, 2018

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коцијанчич: ЕУ работи со Белград и Приштина на правно обврзувачки договор

February 16, 2018 09:46
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Официјалните претставници на Европската Унија кои посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина работат со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи за постигнување сеопфатна нормализација на односите, изјави портпаролката на висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич за приштинскиот весник „Газета експрес“.

„Двајцата претседатели покажаа конструктивна ангажираност. Стратегијата за Западен Балкан предвидува правно обврзувачки договор“, додава Коцијанчич, најавувајќи дека ЕУ наскоро ќе ги повика двете страни во Брисел на нова рунда преговори.

Коцијанчич во изјавата одбила да ја коментира идејата за евентална размена на територии меѓу Србија и Косово, иако како што рекла, ЕУ е „свесна за постење на таква иницијатива“.

Приштинските медиуми изминатаве денови објавија дека косовските официјални претставници ја разгледувале идејата за размена на територии меѓу Белград и Приштина, како и дека Тачи за тоа разговарал со странски дипломати.

Американската Амбасада во Приштина на прашање на „Газета експрес“ одговори дека САД не ги поддржуваат „тајните преговори“, кои наводно се во тек меѓу високи косовски и српски официјални претставници за размена на територии меѓу Косово и Србија.

САД Амбасада Косово

Амбасадата наведе дека САД се против ваквата идеја, бидејќи размената на територии би предизвикала повеќе проблеми отколку решенија.

„Ние не ја поддржуваме размената на територии или преседани што ќе предизвикаат повеќе проблеми, отколку решенија, но сите страни треба да бидат креативни за да најдат решение“, стои во одговорот.

Во дописот се додава дека САД продолжуваат силно да го поддржуваат дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ и ги охрабруваат двете страни да ги забрзаат своите напори за целосно нормализирање на меѓусебните односи.

„Ние сме подготвени да слушнеме, да помогнеме и да бидеме креативни во поддршката на напорите за постигнување сеопфатен договор, што е единствениот начин да се отвори патот кон западната иднина на Косово и Србија“, се посочува во одговорот од американската Амбасада во Приштина.

На идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија отворено се спротивстави и Германија.

Германската Амбасада во Приштина соопшти дека Берлин е против поделба на Косово и дека безрезервно го поддржува косовскиот територијален интегритет. – Игрите на таа тема се опасни, оцени Амбасадата.

Хашим Тачи

„Газета експрес“ тврди дека идејата за поделба на Косово или размена на територии со Србија е поддржана од Белград, албанскиот премиер Еди Рама и грчкиот министер за надворешни работи Никос Котѕијас.

Тачи, кој според весникот, наводно се согласил со идејата за поделба на Косово, деновиве изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите на Косово“ и оти ваквите идеи не носат ниту мир, ниту стаблност.

Според него, идеите за поделба постоеле и порано, но тие се штетни и дестабилизирачки за Косово.

„Ова е нешто мртво. Имаше идеи за поделба и порано, но јас бев јасен, почитувањето на територијалниот интегритет е повеќе од значаен. Прашувате за вмешаност на Албанија. Тоа не е потребно. Косово е суверена земја и сама одлучува. Греши оној кој мисли дека ние дискутираме за Косово преку Албанија“, посочи Тачи.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“ изјави дека „наводниот договор“ меѓу Белград, Приштина и Тирана за размена на територии и поделба на Косово, е само шпекулација.

„Тоа е само шпекулација. Се знае дека јас ја предлагав како можност поделбата на Косово“, изјави Дачиќ.

„Газета експерс“ потсетува дека големите сили, познати како Контакт група (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Русија) во 2005 година при одредувањето на шестте начела за решавање на финалниот статус на Косово, силно се спротивставија на идејата за негова поделба.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ВучиќБелградЕди РамаЕУИвица ДачиќКосовоКоцијачиќПриштинаСАДСрбијаХашим Тачи
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ