• Latest

А со (анти)корупцијата до кај сме?

September 5, 2018
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

А со (анти)корупцијата до кај сме?

September 5, 2018 10:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го следеше „славниот пример“ на неславниот состав на Државната изборна комисија, па поднесе оставка, не слушнавме ништо особено. Ако се сеќавате, ДИК-овци ги фативме во злоупотреби на јавните пари и луксузирање, како богат прилог на веќе установените политички и административни катастрофи што ја следеа нивната работа.

Џабир Дерала

Парламентарната комисија за именувања, онаа што СДСМ великодушно му ја отстапи на Илија Димовски на раководење, ги награди ДИК-овци што веќе беа полни како брод, со мрсни апанажи. Шлепер пари, би рекол другар ми. Антикорупциската комисија, пак, што има безброј гревови во своето послушничко портфолио, да ти било, всушност, корумпирано. Па, со истражувањето дојдовме до податоци за злоупотреби на јавните пари, функции, политизираност, непостапување и чување на „случајно“ отворените предмети во фиока… И тие поднесоа оставка.

Како и во случајот со ДИК, ни ДКСК не е конституирано. Ќе речете, цело едно министерство за здравство беше без министер, па што ќе речете за ДИК или за ДКСК. И во право ќе бидете. Само, не тагувајте, таа функција во нашето општество ја има Солза…

Како и да се сврти, многу малку знаеме за важни прашања и процеси во земјата. Не заборавајќи колку е важен референдумот, овој народ (не тоа што го подразбира налудничавиот тапоглавец под поимот народ!) треба и да живее. Притоа, истиот овој народ треба да биде заштитен од едно од најголемите зла на денешницата – корупцијата. Е, баш за корупцијата нема институција, а ни законот не е со најдобро здравје.

Деновиве, в раце ми падна еден документ, предлог закон за спречување на корупцијата, но не оној што Министерството за правда го најавува, туку еден поинаков…

За разлика од законот што е во некаква рана процедура во моментов, законските решенија на предлогот што дознавам дека е ставен ад-акта, предвидува низа антикорупциски мерки што се во хармонија со извештајот на Групата за борбата против корупцијата (ГРЕКО), според кој само една четвртина од нивните препораки се исполнети. Кристоф Шпекбахер неодамна рече дека „на Македонија ѝ недостасува промена на однесувањето“… Што да се додаде на оваа кратка, но убиствена констатација на странскиот експерт?

Ни еден од предлог законите за спречување на корупцијата не се сеќавам дека е претставен во јавноста, освен можеби на огласна табла некаде или на ферман закован на некое дрво… ОК, не исклучувам да бил споменат во убиствено здодевна ТВ дебата…

Законот за спречување на корупцијата што не е земен предвид, меѓу другото, предвидува мерки за ставање на хардвер и софтвер во вредност од 600.000 евра (помош од ЕУ) со чија помош ќе биде многу полесно да се следат и превенираат коруптивните трикови и зафати на функционерите. Таа опрема е вон употреба веќе долго време, а дознавам и дека е упатена опомена до Правда дека ќе биде повлечена помошта, ако не се стави во употреба. Навистина, разбирливо е дека Правда, исто така, немаше министер(ка) едно време, а претходниот од ДУИ, ако судиме по износот потрошен по ресторани и кафани, немал многу време да се занимава со антикорупција. Што да се прави? Имало и многу поважни работи од правдата и антикорупцијата…

Пред да ви ветам дека за (анти)корупцијата гласно ќе говорам и ќе пишувам уште многу, само да ви кажам дека законот што е шутнат предвидува и заштита на работничките права на администрацијата што е дел од ДКСК – важна поента, иако не изгледа така.

Уште поинтересно за сите нас е дека, во одбиениот документ, добро е елаборирана и постапката за пријавување имоти и приходи на функционерите (по електронски пат!). Цреша на врвот на оваа антикорупциска колумна е дека, според законот што владата го третира како најсериозен предлог, процедурата за избор на членовите на Антикорупциска ќе ја води Парламентарната комисија за именувања, онаа на Илија Димовски.

Да, тоа се истите што не ни погледнаа во јавните критики и наоди за расипништвото на претходните ДИК-овци, што цело време ги повикувавме да ги вратат барем лаптопите и мобилните назад, кога веќе „великодушно“ подарија (само) дел од бонусите. Е, па тие ќе одлучуваат кој во оваа држава ќе се „бори“ против корупцијата, а во својот состав, според сегашниот предлог закон, ќе вклучат разни профили за задоволување и на лични амбиции – така барем ме брифираат. На пример, законот што ми падна в раце предвидува „малку“ поинаква процедура што ја води комисија составена од Народниот правобранител, Државен завод за ревизија, граѓански организации…

Толку за денеска, останатото, да се надеваме, ќе го добиеме од институциите што треба да ни обезбедат заштита на парите што и онака не ги гледаме… Да живее антикорупциска Македонија!

 

 


Објавено и во Плусинфо и „Слободен печат“ (6 септември 2018 г.)

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: антикорупцијавладаГруевскиДИКДКСКЗаевзаконзлоупотребаИлија Димовскиименувањајавни парикомисијаКорупцијаКристоф ШпекбахерМинистерство за правдапарламентфункционери
Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ