Со националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски разговаравме за текот и резултатите на имплементацијата на владината тригодишна стратегија „Едно општество за сите“, за новата стратегија која што е во напредно креирање и разликите помеѓу двете стратегии.
Алаѓозовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа ја претстави досегашната работа на првата стратегија за мултикултурализам, предизвиците со кои се соочиле за време на пандемијата со КОВИД 19, војната во Украина и светската економска криза, фактори кои влијаат на квалитетно и доследно реализирање и имплементација на еден голем проект со исклучително голема важност за подобрување на состојбите со односите меѓу етничките заедници на институционално и општествено ниво.
Низ разговорот се осврнавме и на медиумите и нивната улога во промовирање на различните култури, но и третирањето на говорот на омраза и другите негативни појави кои се штетни за општеството и за мултикултурните и европски вредности.
Разговорот го водеше Дијана Тахири
Камера и фотографија: Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети