Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на Х на 1227 ден од руската војна во Украина објави за синоќешниот руски масовен напад со ракети и беспилотни летала насочен кон Кијив во кој во кој беа погодени станбени згради, болница, училиште, железнички линии и друга цивилна инфраструктура, и имаше повредени цивили.
Ден 1227. Кијив е под напади.
Украина мора да биде обезбедена со противвоздушна одбрана за да се заштити цивилното население од секојдневните ракетни напади и бесмислената суровост на рф. Да се убеди со зборови ракетата не е можно – може само да се собори. pic.twitter.com/YDN2KbHY6k— Larysa Dir (@dir_larysa) July 4, 2025
Ден 1227. Кијив е под напади. Украина мора да биде обезбедена со противвоздушна одбрана за да се заштити цивилното население од секојдневните ракетни напади и бесмислената суровост на рф. Да се убеди со зборови ракетата не е можно – може само да се собори.
Како што објави претходно ЦивилМедиа, во синоќешниот рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив најмалку 23 лица се повредени, од кои 14 се хоспитализирани. Напади имаше и врз други градови и области низ Украина.
Д. Мишев.