• Latest

Анкета на ЦИВИЛ: Власта ја опструира и работата на ДИК!

April 1, 2016

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Анкета на ЦИВИЛ: Власта ја опструира и работата на ДИК!

April 1, 2016 15:05
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На онлајн анкетата „ДИК и Избирачкиот список“, која ЦИВИЛ – Центар за слобода ја спроведе во периодот од 23 март до 31 март, на првото прашање „Дали сметате дека Избирачкиот список е регуларен?“ – 91,53% од анкетираните граѓанки и граѓани сметаат дека Избирачкиот список не е регуларен. Сепак, 86,30% од нив веруваат дека објавувањето на Избирачкиот список на јавен увид е позитивен чекор на ДИК.

Онлајн анкетата беше спроведена во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, а од добиените резултати се детeктира ставот на граѓан(к)ите за неправилностите во Избирачкиот список и дали е доволно  времето за прочистување на списокот до 5 јуни.

Во анкетата учествуваа 816 испитаници.

Q6 MK - C
Дали сметате дека Избирачкиот список е регуларен?

Сите анкетирани имаа можност да одговараат на 8 прашања поврзани со работата на ДИК и со нерегуларностите поврзани со Избирачкиот список.

На прашањето „Дали и сами сте увиделе неправилности во Избирачкиот список“, 75,65% од анкетираните одговориле позитивно, а дури 91,75% од испитаниците одговориле негативно на прашањето кое се однесува на одлуката на ДИК за повлекување на апликацијата за пријавување на нерегуларности во Избирачкиот список.

Q7 MK
Дали сметате дека ставањето на Избирачкиот список на јавен увид на начинот на кој тоа беше направено е позитивен чекор?

Може да се заклучи дека оттаму произлегува сомнежот на 76,90% од анкетираните за можноста Избирачкиот список да биде прочистен за одржување на веродостојни избори на 5 јуни.

Дали сметате дека Избирачкиот список може да се прочисти за да се одржат веродостојни избори на 5 јуни?
Дали сметате дека Избирачкиот список може да се прочисти за да се одржат веродостојни избори на 5 јуни?

Сепак, на прашањето „Како ја оценувате досегашната работата на ДИК“, од вкупниот број на анкетирани, 0,12% е разликата меѓу оние кои се сé уште воздржани, односно, не можат да ја оценат работата на ДИК ниту позитивно, ниту негативно (33,99%) и оние кои дале негативна оценка на работата на ДИК (34,11%).

 Кој ја опструира работата на ДИК?
Кој ја опструира работата на ДИК?

Дури 89,63% од испитаниците веруваат дека работата на ДИК се опструира, а високи 91,98% веруваат дека опструирањето на нивната работа доаѓа од власта.


Во претходната онлајн анкета „Договорот од Пржино и изборите“ која ЦИВИЛ ја спроведе во период од 22 февруари до 1 март, најголем процент од испитаниците сметаа дека работата на Специјалното јавно обвинителство е попречувана.

Проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Tags: анкетавластДИКДржавна изборна комисијаизбирачки списокизбориМакедонијаопозицијаСЈОСпецијално јавно обвинителствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ