• Latest

Јанев: Власта во Охрид поддржува слободни избори

February 2, 2016

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Јанев: Власта во Охрид поддржува слободни избори

February 2, 2016 06:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Ангел Јанев, заменик-градоначалник на Охрид, во своето излагање на јавниот настан на ЦИВИЛ под наслов „Сите за слободни избори“, изрази поддршка на барањата за слободни избори, ја поздрави работата на ЦИВИЛ и изнесе обвинувања на сметка на опозицијата дека бега од избори.

 

Чест ми е во име на градоначалникот на Охрид, господинот Никола Бакрачески,  во име на Советот на Општина Охрид, во име на граѓаните на Охрид, во името на советниците и, се разбира, во мое лично име, да ги поздравам сите, посебно гостите-домаќини,  од граѓанското здружение ЦИВИЛ и да посакам успешна работа преку оваа средба. Преку нив, ги поздравуваме и поккровителите на оваа манифестација, германската амбасада, и изразуваме благодарност за одлуката – токму Охрид да биде еден од градовите каде што овој проект се извршува.

Пчитувани, темата и прашањето на оваа средба е: дали граѓаните на градот Охрид се за демократски и слободни избори? Ова прашање никогаш никој јавно не го поставил во градот Охрид, ниту пак некој јавно се посомневал во одговорот. Прашање кое секогаш ќе има еден, единствен и логичен одговор. Едно големо – ДА! Ова прашање не е поставено ниту на локалните избори 2005-та, ниту на локалните избори 2009-та, ниту на локалните избори 2013-та. Не еднаш, градот на Самуил и на сесловенските Свети Климент и Наум, градот Охрид, покажал дека е град во кој демократијата претставува неприкосновено право на луѓето со слободарски дух и слободарски мисли. Македонизмот на охриѓани е постојана категорија.

Охриѓани денес, но и со години наназад, тоа право несебично го покажуваат, докажуваат и бранат, преку нивните гласови на изборите, впрочем, и сегашната локална самоуправа  е израз на слободно изразена волја на граѓаните на градот Охрид. Секој кој се обидел да им го одземе правото на демократија, правото на чесен, слободен и на фер избор на граѓаните на Охрид, губел и ќе губи.

Ние денес, сите заедно сме овде да покажме и докажеме дека како граѓани на Охрид сме дел на различни иницијативи, во насока на покажување и докажување дека сите сме засегнати од ненаметнати или наметнати верувања – дека сме против да се има, или наметне, или подгрее сомневање во минат, или во еден иден изборен процес.

Денешната иницијатива на ЦИВИЛ „Сите за слободни избори“ е проект, обид во чија што искреност никој не се сомнева и токму денешниот настан и вашата присутност и се разбира, и на сите вас, е потврда за ова. Таа потврда е уште поголема и доаѓа по вчерашната, сосема спротивна на денешната иницијатива, изјава на лидер на партија, кој што со месеци однапред, иако сите посакуваат и работат во насока да се стави крај на многу деструктивни процеси, вели: На избори нема да излеземе!. И покрај разнебитувањето на државата Република Македонија.  И покрај оставките, и покрај Специјалниот суд, неизбраните а изгласани министри во Владата на Република Македонија, неизбраните а изгласани заменици министри, оставката на избран премиер, Владата со премиер кој треба да ги одржи изборите, распуштениот парламент на Република Македонија, комплетната контрола над избирачките списоци, од професионалците во ДИК, донесениот, изгласан, прецизен Изборен законик,  активните парламентарни акнкетни комисии, усогласениот и изгласан од сите – закон за медиуми… Огромниот број на граѓани излезени на минатите избори, негирање на изборната волја, безбедносна криза која долго трае, политичка криза која трае уште подолго, власта на локални нивоа, апели за одржување на избори на огромниот дел на граѓаните на Република Македонија, апели за одржување на избори на граѓанските здруженија, апел за одржување на избори на странските амбасадори, на ЕУ, на САД… И потврсда од сите нив, дека изборите ќе бидат слободни.

И затоа, денес, ја поздравуваме оваа иницијатива на ЦИВИЛ, а преку нив, и на огромен број на дипломатските претставништва и граѓани на Република Македонија и на Охрид, која ја разбираме во истата насока. А тоа е:  Сите на слободарски, слободни, фер и демократски избори на 24 април 2016-та година!

Ви посакувам успешна работа на сите!

Tags: Ангел ЈаневвластВМРО-ДПМНЕдемократијаизбориМакедонијамеѓународна заедницанабљудувањеопозицијаполитичка кризаСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ