• Latest

Борисов: Не се оптоварувајте со историја, заборавете на „големи“ држави

November 24, 2017
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борисов: Не се оптоварувајте со историја, заборавете на „големи“ држави

November 24, 2017 08:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема ништо поважно од тоа меѓусебно да се разбираме. Не се оптоварувајте со историја,  живејте го животот, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка седница на владите на Бугарија и на Македонија. Тој посочи дека имаме илјадагодишна историја и оти секој може да спори и да тврди дека е постар, но оти историчарите треба да се занимаваат со тоа. Со Заев, како што рече, сакаат да решаваат практични прашања.

Историчарите, наведе, нека се докажуваат кој, како и од што е произлезен. – Ако направиме таков разговор, да спориме кој јазик каков е, а тука Каракачанов е многу подготвен, наместо да го потпишеме договорот за заедничка соработка, на крајот требаше со госпоѓата (министерката за одбрана Радмила Шеќеринска) тука да дојдат со по еден тенк, рече Борисов.

Тој потенцираше дека на првата средба со Заев му рекол дека треба да заборавиме на Голема Албанија, Голема Србија, Голема Бугарија, Голема Грција, Голема Македонија, зашто, посочи, колку сме помали, толку побрзо ќе постигнеме платите и инфраструктурата да ги доближиме кон оние од Западна Европа.

Истакна дека важно е граѓаните да живеат во сигурност и економска благосостојба, зошто, како што рече, несоработката води до проблеми.

„Ниту ние ќе дојдеме да живееме кај вас, ниту вие кај нас. Може да направиме подобро да живееме“ – додавајќи дека со пресудата против Ратко Младиќ, регионот се потсети кон каков ужас, човечки катастрофи и крвопролевање води несоработката.

„Сакаме по многу години спокојно да си го пиете кафете, во Софија или во Скопје на Вардар. И ако тогаш се сетите на нас, добро. Ако не се сетите, пак добро“ – рече бугарскиот премиер.

Премиерот Заев потенцираше дека договорот за добрососедство е потпишан и на бугарски јазик и на македонски јазик. – Навистина даваме шанса помалку да зборуваме заминатото и минатите слабости, а повеќе да се фокусираме на перспективите и иднината. Убеден сум дека на тој договор, буквално треба да гледаме со радост на перспективите и знам дека тој го јакне пријателството меѓу двете земји, двата народи и тоа е од исклучително значење за сите во Република Македонија, рече Заев.

Според него, поуките од минатото и интересот за севкупни подобри перспективи на граѓаните од Македонија и Бугарија се дел од причините за брзиот тек на затоплување на односите меѓу двете држави.

„Јас сум среќен што навистина и лидерството во Бугарија предводено од премиерот Борисов имаше доволно храброст да ги направи чекорите, преку договорот, но и преку секоја спогодба, меморандум кој што го потпишуваме, заради тоа што сум убеден оти секој ставен потпис од двете страни отвора можности за конкретни придобивки на сите наши граѓани“ – рече Заев.

Верува дека сите учат од минатото и истакна дека граѓаните на Македонија и Бугарија се пријатели кои очекуваат само унапредување на соработката и отворање подобри перспективи, подобри плати, повисоки пензии, подобра инфраструктура.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Бојко БорисовБугаријавоени злосторстваГолема АлбанијаГолема БугаријаГолема ГрцијаГолема МакедонијаГолема СрбијадобрососедствоЗоран ЗаевМакедонијаРатко МладиќСКОПЈЕСофија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ