• Latest

Четири години по Буча: злосторство, негирање, награда, неказнивост – и помнење

March 31, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Четири години по Буча: злосторство, негирање, награда, неказнивост – и помнење

March 31, 2026 11:37
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Четири години по масакрот во Буча, светот повеќе не може да каже дека „не знаел“. Сликите, сведоштвата и доказите се тука – проверени, документирани и потврдени од релевантни меѓународни извори. Но, освен самото злосторство што тешко се опишува со зборови, останува длабоко вознемирувачки е да се види колку светот е бавен кога треба да ги отвори очите и да разбере. Уште побавен е кога треба да донесе правда.

Во првите денови по откривањето на масовните убиства, напишав текст во кој се обидов барем приближно да ја преточам бруталната реалност во зборови – „Разгледница од пеколот на земјата“. Не се обидов да анализирам, туку само да посведочам. Денес, четири години подоцна, тие слики не само што не избледуваат, туку добиваат дополнителна тежина – затоа што видовме што уследи потоа – веќе петта година војна на агресија исполнета со грозоморни злосторства против цивилите и воените заробеници.

 

1 of 7
- +

Уште тогаш, ЦИВИЛ – Центар за слобода беше меѓу првите во светот што јавно и недвосмислено ги осуди злосторствата на рускиот агресор врз украинските цивили. Во време кога дел од јавноста и политичките елити сѐ уште бараа „контекст“ или „воздржаност“, нашиот став беше јасен: станува збор за воени злосторства.

Паралелно со откривањето на масовните гробници, телата на улиците и сведоштвата за тортура, силување и егзекуции, започна и втората фаза на злосторството – неговото негирање. Руските официјални претставници и пропагандни канали почнаа агресивна кампања на дезинформации, тврдејќи дека снимките од Буча се „режирани“ или „нарачани“ од Западот. Во паралелна линија, се ширеа апсурдни и цинични наративи дека „мртвите тела се движат“ или дека станува збор за инсценација.

Овие дезинформации беа систематски дел од стратегијата – продолжение на злосторството преку системите за јавно информирање и креирање на јавното мислење. Како што беше документирано и анализирано, лагите за Буча беа токсични, координирани и насочени кон релативизирање на одговорноста и заматување на вистината.

Најциничниот момент дојде кога рускиот диктатор Владимир Путин ја одликуваше воената единица поврзана со злосторствата во Буча. Тоа не беше само политичка порака – тоа беше институционализација на неказнивоста. Награда за крвожедноста и ѕверствата. Легитимација на злосторството.

ОД НЕГИРАЊЕ ДО ГОРДОСТ: КОГА ЗЛОСТОРСТВОТО СТАНУВА БРЕНД | Од Буча до продавница: пропагандата не само што лаже, туку и се продава. Фотографија од комерцијален производ со симболот „Z“, кој стана знак на руската воена агресија врз Украина, и слоганот „#МнеНеСтыдно“ („Не ми е срам“). Ова не е само облека. Ова е порака. Порака дека злосторството не само што се негира, туку и се прифаќа, оправдува и се носи како обележје на „гордост“. Во контекст на масакрот во Буча и бројните документирани воени злосторства, ваквите симболи ја претставуваат последната фаза на пропагандата: нормализација на насилството и морална инверзија, во која злосторството се претвора во идентитет, а отсуството на срам – во политички став.

Четири години подоцна, останува горчливото сознание: злосторствата се извршуваат брзо, но нивното признавање и санкционирање се одвива бавно. Во тој временски јаз, се создава простор за негирање, за релативизација, за „балансирање“ меѓу злосторниците и жртвите – нешто што не значи неутралност, иако така се претставува, туку е тивко потчинување и сојузништво со злосторниците.

Тука, кратко за оние што, кога говориме за Украина – денеска конкретно за Буча – коментираат со: „а Газа?“ Тоа не е аргумент. Тоа е релативизација. Тоа е whataboutism. Тоа е пропагандна техника чија цел е да ги замагли фактите, да ја разреди одговорноста и да ја оттурне вистината во магла на лажна „рамнотежа“.

Ги помниме сите злосторства. Сите се подеднакво ужасни. И геноцидот во Руанда (1994), и геноцидот во Сребреница (1995), и етничкото чистење и злосторства во Косово (1998-1999), и масакрот во Сабра и Шатила (1982), но и и масакрот на Хамас врз цивили во јужен Израел (2023). И многу други. Да, и многу други. Токму затоа што ги паметиме – одбиваме да дозволиме едно злосторство да се користи за прикривање или релативизирање на друго.

Буча останува симбол на страдањето, но и тест за меѓународниот поредок, за правдата и за способноста на демократските општества да се спротивстават на подлите лаги на злосторничкиот режим. И секој обид ова да се претстави како „сложен конфликт со повеќе вистини“ не е израз на аналитичка зрелост или правдољубивост, туку на морална капитулација. Да се изедначуваат злосторството и жртвата не е анализа – тоа е избор на страна.

Затоа, да се одбере да не се гледа е избор. Да се одбере да се релативизира е позиција, став. А да се одбере да се верува дека вистината е „некаде на средината“ – во вакви случаи – значи да се застане на страната на злосторството.

 


Разгледница од пеколот на Земјата

Tags: Бучавоено злосторствомасакрруска агресијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ