• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Бехтел и Енка организира Саем за вработување; од држава пред конфликт прераснавме во симбол на мултиетничноста и мултикултурализмот; се зајакнува борбата со корупцијата

August 15, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Бехтел и Енка организира Саем за вработување; од држава пред конфликт прераснавме во симбол на мултиетничноста и мултикултурализмот; се зајакнува борбата со корупцијата

August 15, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“

„Саем за вработување“ организира конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д, Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години,

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Од држава која пред повеќе од две децении се соочуваше со можноста од разлевање на конфликтот, прераснавме во симбол на мултиетничноста, мултиконфесионалноста и мултикултурализмот.  рече премиерот Ковачевски во своето обраќање по повод 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. „Денес, од оваа временска дистанца сакам да истакнам еден непобитен факт – а тоа е дека Охридскиот Рамковен договор го донесе мирот и постави цврста рамка за меѓуетнички односи, пред сè соживот, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет. Сите заедно, со почит кон другиот, со взаемна грижа и посветеност да си помагаме едни на други, а така и да ја градиме нашата држава“, истакна премиерот Ковачевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА Формалната работна група за подготовка на Предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка денеска го одржа првиот состанок. Целта е до средината на септември да се подготви решение, кое ќе се достави на мислење до Европската Унија и Венецијанската комисија.

КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА Брзата реакција на здравствените власти спречија експоненцијален раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ), рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести..

ШКОЛА ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ СЕРТИФИКАТИ Премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби им доделија сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue” на тема „Интеграција преку помирување“ во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

МЕТОДОЛИГИЈА ЗА ПЕНЗИИ Министерката истакна дека секој март и септември пензиите се усогласуваат со оваа методологија. Како и дека од 2022 година досега, пензијата е зголемена за 24 отсто. Таа потенцираше дека сепак не мисли дека минималната пензија е висока, но од 9000 денари таа согласно последното усогласување расте за околу 4000 денари односно ќе биде над 13.000 денари.

ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната средба со претставниците на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, посочи дека се залага лицата со попреченост да бидат вклучени во сите законодавни процеси.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Злогласниот лидер на Чеченија, Рамзан Кадиров е најлојален од регионалните шефови на Владимир Путин, барем теоретски. Сега, чеченскиот сатрап, активно ја промовира улогата на неговите единици во војната во Украина за да ја подобри својата репутација како лојалист на Путин.

*

Рускиот ракетен терор продолжува. Руските проектили погодија цивилни цели во регионите Днипро, Луцк и Лвив

АНАЛИЗИ

Преку 2 милиони евра општински пари легнале на сметка на фирма во која  Мицковски има(л) удел и се блиски до него-Енергомонт и Електра – стои во објави кои ја заплиснаа јавноста. Инаку, уште пред 5 години Мицковски јавно беше прашан дали има удел, односно дали има 7 отсто во Енергомнот, фирма која во изминатите година добила тендери во висина од речиси 96 милиони денари., стои во анализата на Глобус „Енергомонт, Мицкоски и локалната самоуправа“

КОНТЕКСТ

Пензионерите како гости на сите наши информативни емисии на обединетите телевизии на опозицијата, сигурно имаат форми на амнезија, пишува Љубомир Костовски во анализата за ЦИВИЛ Медиа, под наслов „Пензиите како политичка вијагра на груевизмот“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Меѓутоа ниту министерката за одбрана, Петровска, а ниту градоначалникот на Бутел, Костовски не им одадоа почит и ниту не ги спомнаа цивилните жртви во селото Луботен, Скопско, во кое биле убиени седумина етнички Албанци, десетици претепани и околу 14 куќи биле запалени. За овој случај, Јохан Тарчуловски помина осум години во затвор, со што отслужи две третини од 12-годишната казна што му ја изрече Хашкиот трибунал. Тарчуловски беше единствениот граѓанин на Македонија осуден за воени злосторства за време на конфликтот во Македонија, во 2001 година. Заедно со него, обвинет по принципот на командна одговорност, беше и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, меѓутоа тој беше ослободен од обвинението, пишува Дехран Муратов во колумната „„Заборавените“ куршуми, чизми и споменици го разгоруваат национализмот“

*

За жал, никогаш веќе во Македонија нема да се врати она време кога никој за никого не знаеше за која политичка партија е. А и да знаеше, не му беше гајле. Јас не знаев за ниту еден мој роднина на која политичка партија е симпатизер. Не знаев ни за моите пријатели, ни за моите соседи во Македонија, ни за моите школски другари. Сега знам за сите. Во Канада секоја година имаше народни собири. За Илинден и други празници масовно се собиравме Македонците, слушавме македонски песни, игравме македонски ора. Никој не спомнуваше име на политичка партија. Никој никого не мразеше. Дојде ВМРО на власт и почна омразата. Почнаа клетвите и заканите за секој неистомисленик, пишува Ацо Лукаровски во колумната „Кој ќе победи во оваа битка?“

 

Д. Мишев

Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиполитика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ