Деветмина се убиени во пукотница во средно училиште во австрискиот град Грац, вели локалниот градоначалник, пренесува Би-би-си.
Седум ученици, еден возрасен и осомничениот напаѓач се меѓу загинатите, изјави градоначалничката на Грац, Елке Кар, за австриската новинска агенција АПА.
Се смета дека напаѓачот бил ученик, а полицијата вели дека веројатно си го одзел животот.
Пукањето се случило во средното училиште Драјершуценгасе во вториот по големина град во Австрија околу 10:00 часот по локално време
Полицијата не го детализирала бројот на жртви, но вели дека неколку лица се убиени и дека училиштето е обезбедено.
Д. Мишев