• Latest
Војо Маневски

Дозвола за употреба на социјалните мрежи

January 7, 2021

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дозвола за употреба на социјалните мрежи

January 7, 2021 08:30
in ГОВОР НА ОМРАЗА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Има ли спас од злонамерно користење на социјалните мрежи? Веројатноста е еднаква како и да се промени човечката природа, составена од илјадници разни варијации на добрина, лошотија и злоба. А, кога на сето тоа им додадеш и алатки да се реализираат сите потиснати комплекси на индивидуално и колективно ниво, спасот е како вечно очекуваниот резултат на борбата меѓу темнината и светлоста.

Колку е голема опасноста од неконтролираното ново оружје ќе се обидам да ја покажам како споредба меѓу конвенционалното оружје и социјалните мрежи.

Секој граѓанин што ги исполнува законските услови, може да поседува огнено оружје. Законот предвидел десет услови според кои, ако ги исполниш ќе можеш да поседуваш огнено оружје. Според типот на оружјето, се дава и таква дозвола. Со дозвола за спортски лов можеш да поседуваш ловечко оружје со дозволен калибар и да се користи само според правилниците на ловџиските здруженија.

Да се вклучиш во социјалните мрежи ти е потребно само средство за комуникација од дигитална форма (не мораш дури ни да си сопственик) ги даваш основните податоци што платформата ги бара и оп, цел свет е твој. Можеш да постираш слики од своите патувања, родендени, семејни собиранки, па дури и миленичињата да си ги афирмираш во цел свет. Има некои правила поврзани со омразата или заканата, но и тие се заобиколуваат со просечни информатички знаења и огромниот број корисници, со лажни идентитети.

Да побараш дозвола да поседуваш пиштол, потребно е дури и проверка на поведението на барателот и неговата склоност за кршење на законите. Службеникот што дава дозвола, бара и потврда за психичката стабилност на барателот. Законот вели дека со оваа дозвола може да се поседува огнено оружје, но не и да се носи со себе. Таква привилегија имаат само службените лица. Кривичниот закон определил и институт наречен – нужна одбрана, состојба кога можете да се одбраните од друг противправен напад, а при тоа средствата што ќе ги употребите не смеат да бидат несразмерни со нападот со кој сте соочени. Значи, носење на оружје и негова употреба како во каубојските филмови не е дозволено. Доколку го прекршите законот добивате судска постапка.

На социјалните мрежи не ви треба ни калибар, ни долга цевка, ни автоматски затворач, ни законска дозвола за употреба на сопствените комплекси наречени слобода на мислењето. Удри по претседателот, по министерот, по шефот на опозицијата, јавна личност, по било кој што не ви се допаѓа, по било која основа. Соседот секако не смеете да го пукате зашто премала е далечината и има опасност од рикошет или залутан куршум. Штом калибарот не се контролира, сè е дозволено. Полувистини, конструкции со вистинити елементи, голи лаги и најсоголена пропаганда. Ова последното треба да се стави во калибарот на ракетите, воздух-земја.

Службените лица смеат да употребуваат огнено оружје само во ситуации кои се со закон пропишани. Има законски услови, професионални стандарди, внатрешни контроли и ако последицата е по живот на некој граѓанин обвинителски акт или отфрлање на гонењето по закон. Социјалните корисници можат да ја употребуваат тастатурата, ограничени само со сопственото воспитување, фондот на култувирани реченици што ги поседуваат и стравот од невоспитувањето на лицето на кое се упатува пораката и сѐ уште ретко од страна на законот.

Со огненото оружје што го поседува граѓанинот или граѓанката може да се нанесе лесна или тешка повреда. Со куршум може да се прекине нечии живот, но може и да му се загорчи толку многу, што да има последици до крајот на животот. Пример, да биде ранет или убиен некој негов близок, да му се нанесе психичка болка што битно ќе го наруши неговото здравје. За овие последици и при незаконска употреба на оружје законодавецот пропишал казни што се движат од три години затвор, па до доживотна казна.

За пиштолџиите од социјалните мрежи што ги употребуваат како вентил за испуст на сопствените емоционални притисоци, нема законски определено битие на кривичното дело. А последиците не се многу помали од оние што законот ги предвидел како услов дека некој направил кривично дело. Пример: Со денови некого навредувате, преку социјалните мрежи, само затоа што не ви се допаѓа неговиот став или е од некоја друга партиска номенклатура или убедување. Притоа, количината на докази што ги поседувате се во фрагменти од ист таков пост што го користите како доказ или причина да пукате од сите букви на тастатурата. Ниту ја знаете неговата психичка состојба, ниту тоа е во опсегот на вашата обѕирност. Ако произлезат низа на последици по неговата околина, по неговото семејство, работните обврски, тоа за вас е далеку како и разумот од несовесноста, како намерата од небрежноста. Во кривичниот закон, државата како забрането поведение, го одредила и поттикнувањето на извршување на кривично дело. Ако во континуитет некого го оквалификуваш како предавник, велепредавник, криминалец, мафијаш, ти текнува ли дека си дел од ловот по него? Што ако некој со слични, лабави, морални столбови си ја земе правдата во своите раце, а при тоа не се чувствува крив? Според квалификацијата на учесниците во битките на социјалните мрежи, жртвата е престапник на сите норми во општеството. Се исполнува ли господа од обвинителството битието на кривичното дело – поттикнување на извршување на кривично дело?

Слободата на мислење и изразување не е поле за излевање на омраза и деструктивно поведение. Затоа предлагам законодавецот да размисли за воведување на дозвола за користење на социјалните мрежи. Како за огнено оружје и со задолжителна потврда од лиценциран психолог или некој експерт од такви познавања

Само се обидов да направам споредба на последиците што настануваат од користењето на социјалните мрежи како современо оружје. Што се однесува до класичното огнено оружје предлагам на Балканот да се забрани во целост. Да биде дозволен само домашен нож, назабен за сечење леб и ништо повеќе. Доволни ни се и Фејсбук, Твитер и Инстаграм да се уништиме. Куршуми, бомби и слични дребулии не ни се потребни.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: говор на омразатаоружјепропагандасоцијални мрежи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ