• Latest

Државата и партиите имаат законска, политичка и морална обврска да спроведат слободни избори!

October 28, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државата и партиите имаат законска, политичка и морална обврска да спроведат слободни избори!

October 28, 2017 12:49
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријават било каква повреда на нивното право на глас или изборни нерегуларности на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info или на мејл monitor@civil.mk. Телефони: 02 / 5209 176, 071 608 523, 078 / 746 138.

Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ нотираат засилена активност на партиските активисти во општините каде што се гласа во вториот круг на локалните избори, вклучувајќи го и денот на предизборен молк.

Социјалните мрежи се вистински воени зони. Се користи говор на омраза кон политичките противници, но забележливо е што се користат стравот, омразата и поделбите во таа онлајн битка. Етничката и верската омраза, хомофобијата и ксенофобијата се основни алатки на дел од политичките субјекти кои се во изборната трка, како на теренот, така и во онлајн просторот. Институциите мора да се активираат и овој тренд да го санкционираат, бидејќи е познато дека говорот на омразата, директно или индиректно, може да влијае како поттик за насилство.

Изборниот молк се крши во текот на ноќта и во текот на предизборниот молк. ЦИВИЛ доби неколку извештаи од изборните набљудувачи и едно аудио сведоштво за изборен поткуп во Штип.

Во пресрет на изборниот ден на 29 октомври, ЦИВИЛ апелира до избирачките одбори во 35-те општини каде што се одржува вториот круг од локалните избори, да ги извршуваат своите задачи совесно и професионално. Бараме од избирачките одбори да бидат кооперативни со набљудувачите на ЦИВИЛ и да не се обидуваат да ја опструираат нивната работа. Ја поздравуваме отвореноста на Државната изборна комисија да ја олесни нашата работа, но се надеваме дека нема повторно да се најдеме во ситуација да интервенираме преку највисокиот орган на оваа институција, како што тоа беше случај со првиот круг. ДИК има доволно работа, за да мора да се занимава и со несовесното постапување на одделни членови на избирачките одбори.

Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека на веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик, се објавуваат информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните. Споделувањето на социјалните мрежи и преземањето на тие содржини е дозволено (според лиценцата Creative Commons) и добредојдено.

ЦИВИЛ – Центар за слобода има нулта толеранција кон изборните нерегуларности и ги повикува сите учесници во вториот изборен круг, на 29 октомври да придонесат за мирен, слободен и демократски изборен ден.


прочитајте и:
Пораките на ЦИВИЛ во пресрет на изборниот ден
Информација за прес центарот на ЦИВИЛ
Tags: воени зониговор на омразалокални изборинасилствонерегуларностипоракипоткуппријаваСлободни изборисоопштениесоцијални мрежиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ