• Latest
Добро утро со Орданоски

Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!

October 8, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

January 28, 2026
Скриншот од видео на
UATV English

1,2 милиони руски жртви во Украина – загуба што не е видена од Втората светска војна 

January 28, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Спасување на платите на црно

January 28, 2026

Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

January 28, 2026
Keylogger Computer Spy Concept. Recording Each Keyboard Button Strike.

Србија во руската безбедносна орбита: сајбер инциденти, протести и геополитички ризици

January 28, 2026

САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

January 28, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Локални избори 2025 – Информативна манипулација и про-Кремљ наративи во дел од медиумскиот простор (15)

January 28, 2026
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

January 28, 2026

рф продолжува со ракетни напади за време на мразови

January 28, 2026
Креирано со помош на ВИ

Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Проф. д-р Андонов на настан во Собранието: Владата шири евроскептицизам

    Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

    ICE Барби ја премина границата за последен пат – Кристи Ноем се соочува со импичмент во Конгресот ако не биде отпуштена или не поднесе оставка

    Скриншот од видео на WGN News

    Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Спасување на платите на црно

    Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

    Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!

Не ми е за друго, ѝ го расипаа Бугарите среќното и долговечно заминување на Меркел во политичка пензија

October 8, 2021 06:57
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Некако вообичаено, изјавата на госпожа Ангела Меркел на Брдо кај Крањ треба да се земе како најверодостојно толкување на проблемот на ЕУ и на Западниот Балкан со Бугарите: „Се надевам дека проблемите ќе бидат надминати. Како што знаете, во Бугарија тоа сега не е возможно, бидејќи наскоро ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, така што во овој контекст сега е невозможно да донесете брзи одлуки.“

Во оваа изјава имате сѐ: европската надеж, бугарските домашни перипетии, неможноста за решение на спорот.

Тоа е тоа. Откако ја „покоривме“ целата друга ЕУ, со Бугарите, и покрај општите европски надежи, нема да има „брзи одлуки“. Тешко ќе има и спори одлуки, бидејќи уште Меркел недоизлезена од вратата на салата на Брдо, каде што со Макрон и другите се обидуваа да го убедат Радев дека неговата држава води ирационална политика во однос на својот западен сосед, бугарскиот претседател испорача такви барања до Македонија, што за нивното исполнување би требало да го вратиме тркалото на историјата барем седумдесетина години наназад, плус да ангажираме и едно стотина илјади „оригинални“ Бугари кои овдека би ги попишале како Македонци. Бидејќи, овие на кои Бугарите им дадоа пасоши, како што стојат работите, не сакаат да се попишат како Бугари. Срам да им е.

Истовремено, од Атина, на крајот на својата дводневна официјална посета, поздрави испрати македонскиот претседател Пендаровски кој оцени дека „билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција влегуваат во еден нормален тек“. Претпоставувам дека и ова ќе биде провокација за Софија, оти тамошната политичка елита сѐ уште е во шок од Преспанскиот договор.

Кога го потпишуваа Договорот за добрососедска соработка со нас, Бугарите си мислеа дека меѓу Скопје и Атина никогаш нема да се постигне решение, со што Грците ќе продолжат да бидат главните виновници за евро-атлантската блокада и на нас и на Западниот Балкан, а дека во Софија ќе се продолжи со индустриско „штанцање“ пасоши за Македонците, па кога таа бројка ќе стигне до еден милион овдешни државјани, само ќе биде техничко прашање кога ќе се извадат бугарските знамиња по овдешните бандери и, веројатно, ќе ги обновиме разговорите за поделба на земјата со нашите сограѓани, етнички Албанци. Стара, всушност најстара балканска националистичка приказна.

Но, бидејќи со Преспанскиот договор македонската интеграциска приказна со влезот во НАТО се „откочи“, а Договорот со Бугарија – пристоен, цивилизиран, во најдобар интерес на двата соседи – веќе беше потпишан, Бугарите, на-врат-на-ност, побрзаа да ни стават вето за отпочнување преговори со Унијата.

Не ми е за друго, ѝ го расипаа среќното и долговечно заминување на Меркел во политичка пензија.

Во изминатата година и кусур, односите меѓу денешната Република Северна Македонија и Република Бугарија се веројатно најлоши (минус безбедносната, некогашната блоковска компонента) уште од времињата на Втората Светска Војна. Македонците ќе продолжат, во големи количества (додуша, нешто помалку и во соседна Бугарија!) да го слушаат и гледаат блескавиот кичерај на српските фолк-ѕвезди и да му се воодушевуваат на Вучиќ како автократски умешно ја држи власта во Белград; и масовно ќе продолжат да одат по грчките плажи и, во сѐ поголем број, на убавото албанско крајбрежје… Животот ќе си тече и понатаму, како и „гушкањето“ со сите наши соседи, минус Бугарите.

Може ли некој да објасни како е тоа во интерес на краткорочните, среднорочните и долгорочните интереси на Бугарија, со оглед на оваа нејзина да-му-умре-козата-на-комшијата политика кон Македонија?! … Вистинска балканска мистерија.

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Спектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Казни со камери на патишта полни со дупки: Апсурдот на новите „реформи“ во високото образование

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ