Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
„Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме“, објави Фон дер Лајен на Икс.
Таа во објавата додава дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нејзините американски партнери за да го консолидира овој напредок.
Трамп и Зеленски вчера се сретна во Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина. На прес-конференцијата одржана по завршување на средбата доцна синоќа, двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија.
















































