• Latest

Фондацијата на Сорос мета на дезинформации за случајот со кампот на Првиот скопски извиднички одред

October 1, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фондацијата на Сорос мета на дезинформации за случајот со кампот на Првиот скопски извиднички одред

October 1, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

МВР и Јавното обвинителството ќе истражуваат што се случило минатиот викенд во извидничкиот камп организиран од Првиот скопски извиднички одред. Случајот го обелодени „Слободен печат“, со сведоштва на родители чии деца биле дел од кампот, кои тврдат дека од нив се барало да глумат секс пози, да симулираат секс, да се соблекуваат. Но, случајот во јавноста се злоупотребува и за пласирање дезинформации и за оцрнување и на други субјекти.

Одредени медиуми, но и профили на социјалните мрежи, објавија дека Град Скопје и СОРОС го финансирале извидничкиот одред што организирал сексуални активности на кампот со средношколци насловен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Но, Фондацијата Отворено општество – Македонија ги демантираше написите кои се појавија во Курир, Република, Нетпрес, Лидер и Плус Инфо, а кои имплицираат дека ФООМ го финансирал извидничкиот настан.

Изнесените информации се комплетна невистина и претставуваат дезинформирање на јавноста, велат велат дека Фондацијата, и посочуваат дека во рамки на концептот „Зелен скок-партнерства за климатска акција“, дала поддршка за проект на Прв скопски извиднички одред, но неговата цел била неформална едукација за деца и млади во природа и подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.

По демантот на Фондацијата Отворено општество – Македонија, порталот Плусинфо ја избриша веста од својот сајт дека „ФОНДАЦИЈАТА СОРОС ГИ ФИНАНСИРАЛА СЕКС СКАУТИТЕ“, меѓутоа веста се уште стои зачувана на нивниот Фејсбук профил. Со оглед на тоа дека граѓаните читаат само наслови, ваквата вест ги доведува во заблуда читателите.

Инаку, од Град Скопје, по објавите дека финансирале ваков настан, најавија дека го прекинуваат договорот со Првиот скопски извиднички одред и се оградија од активностите, кои предизвикаа бурни реакции во јавноста. Додаваат дека во проектната документација што ја доставил кампот до нив, не била наведена спорната активност.

Од Првиот скопски извиднички одред (ПСИО), по неколкудневен молк, соопштија дека откако внимателно го разгледале случајот, сметаат дека сведочењата за настанот биле извадени од контекст, а игрите погрешно протолкувани.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result