• Latest

Габер: По разговорите во Брисел процесот влегува во нова фаза

December 15, 2017

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Габер: По разговорите во Брисел процесот влегува во нова фаза

December 15, 2017 15:31
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната рунда разговори во Брисел за прашањето за името создава оптимизам бидејќи значи нова фаза во процесот, оценува амбасадорот Виктор Габер кој беше учесник во првите преговори за името со Сајрус Венс уште од 1993 година заедно со амбасадорот Иван Тошевски.

„Оптимизмот постои, атмосферата е променета, а тоа за дипломатијата е голем поттик да продолжи со своите напори да изнајде солуции, решенија, варијации за она што е основно, а тоа е да се постигне договор каде никој нема да биде поразен, ниту победник. Она што е многу важно е дека оваа фаза досега не сме ја имале“, вели Габер во изјава за МИА, коментирајќи ги оценките на медијаторот Метју Нимиц дадена по разговорите со претставниците на двете земји во Брисел.

Габер нагласува дека сега атмосферата е изменета атмосферата и се надева дека ќе се најде храброст, пред се кај политичарите, а вештина кај дипломатите да се дојде до решение.

Во однос на шпекулациите за предлози за името искусниот дипломат вели дека секогаш се шпекулирало за разни имиња за да се оцени или да се сензибилизира својата јавност, да се оцени како другиот ќе реагира.

„Воопшто не би навлегувал во тоа затоа што не е возможно јавно сега да излезе таква работа. Кога политичките фактори – собранијата, владите, ќе влезат во директен разговор откако дипломатите ќе им подготват  варијанти, тогаш доаѓа до конкретно решавање. Овде се работи за името на државата, за ништо друго“, вели Габер презентирајќи го својот став.

Тој очекува своевидни чекори на добра волја од двете страни кои ќе водат до решение.

„Во односите на меѓународен план сите имаме еден државен субјективитет и секој поаѓа од она што го има како почетна позиција во преговорите. Но, кога излегувате на меѓународен план треба да ги знаете, да ги владеете и да се ускладите кон тоа што е на пазарот. И другата страна исто така треба да се ускладува за да се дојде до решение, инаку нема решение. Така што и кај нас се очекува да се направат чекори и на грчка страна“, истакнува Габер.

Тој потсетува дека Грците од 2007 година кога усвоија на нивната комисија за меѓународни односи во Парламентот дека зборот Македонија може да влезе во некое комбинирано, додадено или какво било друго име, сметаа дека направиле голема отстапка и таа психологија таму важи.

„Но, она што се случуваше подоцна и оној шамар што ни го удрија во Букурешт, многу ги влоши односите, вклучувајќи и кај нас внатре да се преземат чекори кои се несоодветни за соработка на меѓународен план, а и кај нив затоа што имаше контрареакции. Затоа мора од двете страни да се направат отстапки што ќе резултираат потоа со некое решение“, додава Габер.

Како добар познавач на грчката култура, со оглед дека бил дел од дипломатската мисија во нашата амбасада во Атина, тој оценува дека работите се менуваат, гледано од почетокот на преговорите од 1 септември 1993 година до денес.

„Климата секако е променета, иако во народот постои се уште тој страв дека нешто ќе им се одземе што полека влегува во втор план. Се повеќе се јавуваат интелектуалци, се повеќе се јавуваат дури и медиуми каде пополека тоа се отстранува. Ако ништо друго, не директно, но во еден систем на објаснување на проблемот дека ние постоиме, дека ние сме им како некоја тампон зона… Тоа доведува до промена на климата, што е многу спор процес“, рече Габер, додавајќи оти тоа забрзано се случува по доаѓањето на актуелната влада во Грција, наспроти претходните кои беа екстремно ригидни.

Во Скопје во Домот на АРМ денеска беше промовирана неговата нова книга насловена „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БриселВиктор ГаберГрцијаимеМакедонијаПреговориспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ