• Latest
Добро утро со Орданоски

Губитничко Дуо Трио

October 30, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Губитничко Дуо Трио

October 30, 2017 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]о кампањата којашто ја водеше меѓу двата изборни круга, јасно е дека „Малиот Кастро“ одамна се подготвуваше (со помош на „длабинска анализа“) да не ги признае изборните резултати. Всушност, на Грујо не му ни одговараше некој од кандидатите на неговата партија да победи и да стане градоначалник, бидејќи состојбата „колку полошо, толку подобро“ е единствената формула со која може да се опише неговата натамошна стратегија за преживување во самата партија.

Што вели еден пријател, интересно е како, кога ќе паднат од власт, деспотите, од проблем на државата, наеднаш стануваат проблем на сопствената партија, бидејќи таквите партии – недемократски, се разбира – не знаат ниту што да прават, ниту како да се ослободат од баластот на пропаднатиот лидер.

Во ВМРО-ДПМНЕ на СИТЕ им е јасно (вклучително и на кафекуварката) дека со Груевски е готово, ама неговите довчерашни аѓутанти и партиски гуланфери ниту имаат храброст, ниту вештина да изведат демократски внатрепартиски преврат. Сите чекаат да видат кој околу Груевски ќе слави Нова Година во Шутка, па потоа да видат, како хиени на туѓа гозба, на која дворска камарила да ѝ се приклучат – а би се одземале од пиење да може и Грујо некој на новогодишна прослава да им го прибере…

Ништо… изгледа дека, сепак, како што заладува времево, реформистите ќе мораат да направат еден јуриш на партискиот Зимски Дворец. Е, па, мора малце газот да си го испотат, изгледа дека портретот на Фамилијата во маслена техника на шест квадрати платно ќе мора да лета од терасата на онаа дивоградба.

Резултатите од локалните избори го потрошија и несудениот двојник на Груевски кај Албанците, Зијадин Села. Како и Груевски, и тој не може да ја прикрие омразата кон Заев, бидејќи не сака да ги разбере пораките што му доаѓаа од гласачите: или ќе се потрудиш во Струга да бидеш градоначалник на сите (па наизуст, да, да, ќе ја рецитираш и „Т’га за југ“ на македонски), или ќе бидеш патетичен губитник од провинциска, албанска национал-шовинистичка провениенција, токму како што му се случи на Села.

„Јас победив меѓу Албанците!“, сега завива Села, во дует со Билал Касами од БЕСА, токму како што завиваше Груевски во декември со „Јас победив меѓу Македонците!“ – ова Дуо Трио ги предизвикува Ахмети и Заев на предвремени парламентарни избори, ама попрво ќе биде дека сите ќе си седат мадро во своите партии и ќе чекаат да видат како Ахмети и Заев ќе им ја скројат политичката судбина. На следни вонредни избори ќе се оди ако и кога ќе решат овие двајца, а само дополнителна среќна околност е тоа што и тие не ја носат таа одлука сами.

Македонија навистина има многу поважни приоритети од тоа на националистичките губитници кај Македонците и Албанците да им го спасува образот со тоа што ќе им овозможува нови изборни порази. Знам дека балканските националисти, шовинисти и верски фанатици – вклучително и оние инфилтрирани кај победничките партии – не треба никогаш да се потценуваат, но нашиве добија таква лекција од која во догледно време тешко, а некои од нив, персонално, и никако нема да се опорават.

Па, за тоа се боревме! … Ах, да, и да не заборавам: со СДСМ борбата почнува веќе од утре!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Алијанса на Албанците“БесаБиљал КасамиВМРО-ДПМНЕЗијадин СелаЗоран ЗаевНикола ГруевскиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ