• Latest
Џевдет Хајредини

Хајредини: Ахмети прави сѐ за да го спаси Груевски

March 20, 2018
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Хајредини: Ахмети прави сѐ за да го спаси Груевски

March 20, 2018 15:44
in ИНТЕРВЈУ
Џевдет Хајредини

Џевдет Хајредини

Share on FacebookShare on Twitter

Џевдет Хајредини, експерт за финансии, аналитичар и поранешен министер за финансии, ги открива своите опсервации за опструкциите кои ги прави Али Ахмети во владата предводена од Зоран Заев. Во ова интервју, Хајредини ја анализира и позицијата на Ахмети во поглед на Законот за употреба на јазиците, како и неговата неславна улога што ја игра со континуираното дејствување против владините реформи, со напорите судството да остане заробено, а со тоа и Груевски да остане на слобода.   

Каква е улогата на ДУИ, која сега е коалиционен партнер на СДСМ во Владата, за која се подразбира дека би требало да се согласува со антикорупциската агенда на Владата, како и со сите важни аспекти на политичките процеси во земјата? Кое е Вашето гледање на улогата на ДУИ во овие политички процеси како коалиционен партнер во Владата?

Би почнал со времето пред Али Ахмети да биде принуден од Европската Унија, лично од Фредерика Могерини, да се тргне од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Никола Груевски во интервјуто за весникот Република, рече дека никогаш нема да дозволи ДУИ да направи коалиција со СДСМ. На интервенција на новинарот како тоа ќе го спречи, тој одговори дека знаат тие од ДУИ како. „Па може ли“, продолжи новинарот, „да ни кажете и нам како?“ „Ќе дозволите некои наши планови да ги држиме во тајност.“

Меѓутоа, се случи како што се случи, откако не остана функционери од Америка, од НАТО, од Европската Унија, кои не дојдоа тука за да го натераат да се тргне. Меѓутоа, очигледното однесување на ДУИ од тогаш до денеска, независно што се случи, кажува дека таа врвца не е прекината.

Се поставува прашањето, зошто Груевски не ја употреби таа алатка? Тоа е договорено и во новата поставеност и констелација на политичката конфигурација во Македонија. Али Ахмети треба да прави сѐ што може да му помогне на Никола Груевски. Тој, всушност, помагајќи го Груевски, се штити самиот себе. Доколку дојде до распад, Груевски ќе ги употреби тие адути што ги има, а тоа би довело во Македонија до не се знае какви последици, и за Ахмети и за ВМРО и Груевски, а и за земјата во целина.

На кој начин му помага Али Ахмети на Груевски? Да ни дадете некој пример?

Али Ахмети, јас ќе сведочам, дека уште во преговорите за спогодбата од Пржино, работеше во полза и под притисок на Никола Груевски. Лично сум имал прилика ова сведочење да го слушнам од Питер Ванхауте. Тој и во едно интервју за Фокус во тоа време, април 2015 година, рече дека во текот на преговорите, во еден момент Груевски побара пауза за да се консултира со Али Ахмети сам. Се оддалечија, а после извесно време се врати, Али Ахмети беше пожолтен и се сврте кон Груевски. Ми го рече и ова: „Тргнав еден член од групата на ВМРО, и го прашав: Ама, што му направивте на човекот што вака се промени? Му прикажавме еден филм, горе, на кат“.

Значи, оваа врска, овој проблем, и ден денеска функционира. Како? Многу едноставно.

Според сугестиите и препораките на Венецијанската комисија, снимките од бомбите требаше сите да се објават. Дури, се наведува во таа препорака, и тие дијалози од приватен карактер, доколку се од јавен интерес. Се направи обид во Парламентот да помине ова, овој предлог да биде усвоен, Али Ахмети, не само што не се согласи снимките да се објават, дури отидоа до таму што ДУИ предложи закон, согласен со ВМРО, снимките да не се објават, не само во Македонија, туку и во странство.

Што значи тоа? Тоа што го има во снимките, Али Ахмети по секоја цена сака таму воопшто да не се допира, иако тој истиот Али Ахмети пред Заев да објави каква било снимка за ДУИ рече: „Тоа што има за ДУИ сѐ нека се објави, кој нешто направил нека одговара.“

Меѓутоа, од тоа време Заев, дали смислено или случајно, објави две-три снимки за ДУИ и лично за Али Ахмети, кој на перфектен македонски јазик зборува со Никола Груевски за спас на некои дивоградби во Чаир, а истиот тој човек веќе 17 години го применува Охридскиот договор само за него. Има можност и пари да плати преведувач и во секој јавен настап тој да зборува на албански со превод. Значи, тој го применува Охридскиот договор, но само за себе.

Значи, тој ги опструира сите предлози. Со самиот факт дека Законот за јазиците го постави како услов, спротивно на мислењето на Хан и на другите дека законот нема потреба да има знаменце, тој направи една бомба. Не му беше нему толку за јазикот, зашто ако му беше за јазикот тој, особено овие осум години, од кои едно пет години има двотретинско мнозинство во Собранието, тој Закон ќе го донесеше во договор со Груевски.

Меѓутоа, нему Законот не му беше примарен. Нему примарно му беше да ги спречи процесите на донесување на реформските  закони, да продолжи заробеноста на судството, на рочишта да имаме одложувања веќе дека две години…

И замислете, овие процеси, доколку вака продолжат, откако некои пресуди ќе ги донесат основните судови, тие треба да одат на апелационите, така што со ова одолговлекување на процесите од Али Ахмети, тој директно му помага на Никола Груевски.

Што треба да направи Зоран Заев како премиер на оваа влада во овој момент?

Немаше потреба Заев да ги прифати сите условувања на Али Ахмети особено откако дојде до промени во ВМРО, и откако престана можноста во секој момент Али Ахмети да оди и да прави коалиција со ВМРО. Заев не мораше Али Ахмети да го поддржи за да ги добие сите градоначалници, затоа што меѓународната заедница, Европска Унија, немаше да му дозволи на Али Ахмети едноставно да излезе од Влада за да создаде криза, избори итн. Тоа сега не може. Само треба да се има предвид, особено Зоран Заев, процесите на расплет на оваа криза го овозможија тие 30-40.000 гласачи Албанци, кои ѝ донесоа 4-5 пратеници на коалицијата на СДСМ.

Али Ахмети помогна и во ДИК, преку Субхи Јакупи, кој се воздржуваше од гласање за отворање на уште кутии во Гостивар; ВМРО немаше да има ни 51 пратеник…

Е, сега, тие Албанци што гласаа за Заев со право се разочарани. Еден од таквите во Чаир му рече на Заев в лице: „Ние гласавме да не спасиш од овие банди на ДУИ во Чаир, а ти си дошол тука да ги спасиш бандите на Али Ахмети“. Заев остана без текст. Не мораше Заев да оди до таа мера, можеше и тој да му прави притисок на Ахмети и да не поддржува градоначалници за кои и самиот спомна дека се корумпирани. Тука, сѐ уште не можам да откријам зошто Заев до таа мера го поддржа. Али Ахмети сето ова го прави за да се заштити самиот себе си и да го спаси Груевски.

Груевски, во моментот кога ќе види дека дефинитивно ќе оди в затвор, а со ваков процес тоа нема да биде брзо, тогаш тој ќе ги спроведе сите закани кои порано ги најави.

Џабир Дерала

камера: Дехран Муратов

обработка на текст: Ангела Петровска

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Tags: Али АхметиВМРО-ДПМНЕДИКДУИЕУЗоран ЗаевизбориЈоханес ХанМакедонијаНАТОНикола ГруевскиСАДСДСМСубхи ЈакупиФедерика МогериниЏевдет Хајредини
Share1099Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ