• Latest

Ирвасите нема да дојдат до македонскиот трезор

December 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Слектакуларен настап на стенд ап комедијантот Мицкоски – „Не бев статист во Давос“

January 27, 2026
Скриншот од видео на WGN News

Трамп се пишмани – го повлекува шефот на граничните сили од Минеаполис поради растечкиот отпор кон ICE

January 27, 2026
Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

January 27, 2026

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Фото: Јавен домеин

    Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја нарече руската агресија врз Украина „апсолутно сатанска“ 

    Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

    Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

    Илустрација ВИ

    Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Ирвасите нема да дојдат до македонскиот трезор

December 16, 2025 13:18
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ 

Отровот доаѓа на крајот – ова е законитост во романите на Агата Кристи. Но тоа не било само фикција. Аферата „Трезорот е празен“ избива во мигот кога оваа власт смета дека нашата отапеност е толкава што ќе станеме имуни на било каква негативна вест. Па и да го испиеме и овој, последен отров за годинава. Барем во однесувањето и муабетите меѓу граѓаните се чини дека не постои мотив што толку може да ги допре како што е токму доцнењето на плаќањата за кои оваа држава е должна да ги изврши, особено ако се има календарот пред очите.

На нецели три недели пред крајот на 2025 година премиерот Мицкоски објави дека трезорот го става катанецот на 16 декември. Ова е историскиот „дострел“ на една Влада бидејќи никој не помни дека ваков настан се случил во нашата подалечна држава (СФРЈ) или онаа која дојде по прогласувањето на независност (1991) барам до неколку дена пред Нова година. И тоа се случува кога владата на премиерот Мицкоски, иако со огромно парламентарно мнозинство, значи несметано можеше да ја донесе било која мерка која би влијаела на нејзината ефикасност. Но излезе дека тоа не е доволно – подигнатите раце во Парламентот не носат пари во трезорот. Просто излезе дека на владината гарнитура тешко и оди домаќинлакот.

Огромен ред на побарувачи на буџетски пари

 Пред вратите на државната каса остануваат стотици и стотици илјади побарувачи на редовни или ветени исплати – од државните службеници од најразличен профил и работни задачи кои чекаат редовна, ноемвриска плата, плус регресот кој вообичаено се дели на крајот на годината а не тогаш кога одморот се користи (!), потоа корисниците на различни форми на социјална помош или форми на исплата како на родилките на пример а за земјоделците и да не говориме.

На новинарите кои го следат аграрот мора да им симнеме шапка – како редовни посетители на имотите на нашите земјоделци тие треба да направат прилози кои треба да бидат онака макар и благо поволни за власта и нејзините политики во земјоделството ама тоа е просто невозможно заради чкртањето на забите на оние кои ќе дојдат пред камерите. Нивните изјави се сведуваат на едно нешто – нема ниту денар од ветените дотации на нивното производство а тоа, верувајте, не се ниту малку наивни пари, за да било кое „правителство“ може и да помисли да тврди дека годината успеала да ја затвори согласно планираните обврски со кои ги добила парламентарните а индиректно и локалните избори!

За да се затвори трезорот на начин кој би бил вообичаен финансиската власт треба да ги намири своите обврски и да ги усогласи со своите планирани приходи. Тоа е просто правило за кое е доволно да имате и некакво елементарно образование. Оттаму изјавата дадена на премиерот Мицкоски на 12 декември предизвика паника и шок кај огромен број жители на оваа наша јадна држава која, онака да речеме и индиферентно изречена од првиот човек на Владата,  јасно им ја прикажа сликата за сопствената немоќ во исполнување на задачите што им се поставени во чинот на нивното инаугурирање, како најодговорни за функционирањето на една пред се избрана кадровска композиција која става рака над Уставот, да искористиме една фигуративно преземена обврска.

Ситуација која опозицијата ја најави уште пред еден месец

 Уште минатиот месец поранешниот потпретседател на Владата а сега опозиционен пратеник Фатмир Битиќи алармираше на тековната ситуација и процени дека во трезорот ќе недостасува најмалку една милијарда евра за годината да се заврши колку-толку задоволувачки, односно со онолку актива која се претпоставува дека ќе биде соодветна на преземените обврски, во најголем дел и редовно присутни и претходни години.

Според увидот во тековната состојба тогаш и според динамиката на прибирање на средства било целосно јасно дека на министерката Гордана Димитриеска Кочоска касата и е празна.

Оваа година на тој план впрочем беше полна со најразлични потреси од тој тип. Оние категории на граѓани за кои велиме дека се најранливи, на почетокот на месецов секојдневно се упатуваа на шалтерите за да видат дали им стигнале парите од социјална помош, детски додаток, социјална пензија, туѓа нега…

Дури заради турканиците банките излепија листови на кои е напишано дека „уште не им се префрлени пари за социјалните трансфери“. На 12 декември Министерството за социјална политика, демографија и млади конечно информира дека е започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за ноември.

Потоа, доцнеше исплата на повратот на ДДВ на граѓаните, оние кои ги скенираат сметките при пазарењата. Почна за тоа да се говори во јавноста а министерката рече дека е тоа технички проблем за што ги обвини претходните гарнитури во УЈП кои направиле несовршен систем (!). Има граѓани кои велат дека воопшто и до ден-денес не добиле поврат.

Измислени форми на додатно селектирање на корисници на буџетски средства

 Не би било прв пат да се прави ваков вид на селекција. Дури сега се дозна дека зголемувањата на пензиите по системот на урамниловка, со која се фалеше оваа власт, не стигнале до оние пензионери кои во мигот се во странство и тоа главно како принудни бебиситери, бидејќи, тие услуги надвор од земјава се многу скапи за нивните деца а се однесуваат на нивните внуци. Практично сите имаме познаници или роднини што се во таква функција! Кој знае само колку заштеди – незаконски секако – се направи со ваквото селектирање на корисниците.

Почнаа да доцнат инаку  и ноемвриските плати според календарот за ноември – од УПОЗ јавија дека до 11 декември ниту судиите ниту административците не ја зеле ноемвриската плата, а нема абер ниту за исплата на регресот за годишен одмор, „иако се знае дека до 15 декември ќе се затвори трезорската сметка“. На денот на изјавата на премиерот – во четвртокот – требаше да биде исплатен и регресот за одмор на просветарите но се дозна дека парите не легнале.

Што значи затворањето на трезорот? Па тоа е чин со кој се означува дека обврските кон државата по било кој основ ќе се примаат до 31 декември, но дека исплати во обратна насока нема да има. И не само тоа – овој чин означува вклучување на една „правосмукалка“, па сите неискористени средства на буџетските корисници (министерства, јавни установи слично) ќе се повлечат, односно се третираат како неискористени, небаре оние кои ги поседувале не знаеле како да ги потрошат или им биле „вишок“. Просто тие се сметаат за анулирани, бидејќи, сметките мора да бидат на нула.

Просто ако за еден денар не можете некому да му исплати регрес, социјална помош, плата … државата му го зема износот кој не бил доволен. Да илустрираме – доаѓате со количката со одбрана стока во самопослужување а касиерката констатира дека немате доволно пари, ама ви ја зема и стоката и парите од паричникот!

Апсолутна неприфатлива корекција на премиерот

 Не изгледа привлечно, нели? Па добро тоа не е измислица на оваа влада, насекаде се прави во светот тоа ама се поаѓа од претпоставката дека вие просто се земале (добиле) пари од буџетот ама не сте знаеле што да правите со нив! Кај нас апсолутно не е таков случајот.

На премиерот по неговата изјава му стана јасно што кажал. Според онаа народната  – „басмата на Шукаре отпосле кажуе“, добил сигнали дека  експрес лонецот е пред – експлозија. Има толку ненамирени гладни усти, што можат да избијат социјални немири. Па тој во неделата се коригираше на начин кој не може никако да се прифати. Просто е елементарно нелогично тоа оправдување.

Имено, Мицкоски сега тврди дека не рекол дека ќе има затворање на трезорот туку дека оние кои чекаат на исплата треба навреме да ја средат документацијата со која се прецизира нивното барање а не да чекаат до последен момент. Еве што изјавил според текстот во „Независен“, што го даваме во интегрална форма: „В понеделник се затвора трезорот, кој зел плата зел, кој не – ќе чека.“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања.

„Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28 … потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира, ќе има толеранција но ова беше кажано сѐ со цел институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое Министерството за финансии преку трезорот треба да го направи“, рече Мицкоски.

Премиерот инаку присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во општина Ново Село.

Сѐ уште не се валидни информации зошто Трезорот се затвора на 15 декември наместо вообичаено на самиот крај на месецот. Неофицијалните информации велат дека причината е немање на доволно средства за плаќања на обврските“.

Каков беше неговиот демант?

„Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите институции е добро да ги достават сите тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите, и дека ќе имаме толеранција. Но, идејата е да работиме со план, да имаме свесност и дека е потребно сето тоа да биде реализирано на време и да имаме некоја навика, тоа е суштината. Годините наназад, минатата година првпат имав такво искуство, некако како во 5 до 12 се случуваше, и некако физички трезорот не можеше тоа да го сработи. Навремено да ги испланираме активностите, за да не ни се случи 5 до 12 сите да нагрнеме таму. К-15 во државните институции ќе има“, рече Мицкоски.

Чувствување на големиот бран на незадоволство кај граѓаните

 И еве друг извор објави текст по овој повод.

„Информацијата што протече во јавноста дека трезорот ќе се затвори на 15 декември, односно денеска, ја вознемири јавноста, особено што веста дојде пред да се исплатат социјалните трансфери и К-15 за јавната администрација. Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди веста, со тоа што потенцираше дека ќе има толеранција. Според него, тоа се прави за да се воведе финансиска дисциплина, односно да може да се исплатат налозите, а не тие да се чекаат до последен момент. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е децидна дека трезорот не е затворен и дека работите се извадени од контекст“

Што во основа не демантира римејк-изјавата на Мицкоски?. Па не го демантира зборот „затвора“, кој е искажан, потоа не го демантира она „ќе има исклучоци“ (на новинарско инсистирање тој ден) што кажува дека по правило буџетските корисници главно или во најголем дел ќе извисат пред својата каса, односно за нив нема да има исплати. Неуредните документи се просто некакво килаво алиби, бидејќи, кога говориме за буџетски корисници оние службеници кои ги работат побарувањата да ги разбудите среде ноќ ќе изработат било кој документ и без да запалите сијалица! Просто кажано министерката за финансии е во неволја. Нема доволно пари.

Во споменатиот текст во „Слободен“ се вели и следното:„Заклучно со 11 декември собрани се речиси 315 милијарди денари (околу 5,1 милијарди евра), што е 86,3 проценти во однос на планираниот износ. Повеќе од јасно е дека за неполни 20 дена не може да се наполни касата со уште 800 милиони евра за да се стигне до планираните приходи од речиси 5,9 милијарди евра за годинава.

Експертите со кои разговаравме се децидни дека ако не се реализираат повеќе плаќања кон институциите како резултат на запирањето на налозите ќе се намали буџетскиот дефицит, но ќе се генерираат неизмирени обврски што ќе прават притисок наредната година, затоа што парите од буџетот планирани за годинава, ако не се искористат од страна на буџетските корисници – пропаѓаат. Тие не може да се пренесат во наредната година, и така буџетскиот корисник ќе треба да ја почне 2026 година со плаќање обврски за кои нема испланирано пари во буџетот за 2026 година“. Би рекле само „упс“..

Во стартот на годината добивме една милијарда кредит а на крајот на годината – фали таа милијарда!

Говорејќи деновиве за ТВ 21 поранешниот потпретседател на Владата Битиќи, задолжен за економската политика, кој секако е еден од подобрите познавачи и на финансиските работења рече:  „Трезорската сметка вообичаено се затвора на 25 декември, но не ретко тајмингот е и до 29 во месецот. До сега ова не се случило, Министерството за финансии на ваков начин сака да изврши притисок врз институциите административно да ги достават налозите за исплати па на таков начин финансии ќе имаат увид колку пари до крајот на годината треба исплатат од Буџетот а причината за ова е тоа што пари во Буџетот нема, доведена е во прашање ликвидноста“, вели Фатмир Битиќи

Ако знаеме дека Буџетот за 2025 година беше усвоен со сума од 5,8 милијарди евра, што тогаш беше за 13 отсто поголем од буџетот за годината која завршуваше, јасно е значењето на споменатата една милијарда евра.  Ова значи дека во мигот кусокот во мигот изнесува повеќе од 1/5 од таа сума. На две недели пред крајот на годината. Истата сума во меѓувреме беше сменета со ребаланс (имаше во јули) но тоа во мигот не е битно. Да се потсетиме дека имаше и еден мини-ребаланс кој мина во Собранието неодамна ама што би се рекло – ептен тивко.

Недостасува само лото – девојка да влече добитници

 Според еден угледен економист кој може да ѕирне во состојбата на трезорот (знае тоа да го направи) пред драматичниот викенд зад нас имало 8/15 од вкупните потреби, што значи дека 7/15 недостасувале за да се завршат обврските до Новата година. Навистина, констатира тој, последните денови во трезорот состојбата малку се подобрува, но ако се земе предвид дека нема плаќања од него а има прилив тоа е логично.

Всушност постојат неколку опции на кои би се одлучила власта во оваа ситуација на неликвидност.

Најпрво, можна е селективна исплата на само дел од обврските што буџетот ги има кон корисниците (јас би го нарекол тоа новогодишна лотарија, недостасува само Сузана Манчиќ) што делумно е најавено во изјавата на премиерот, кога за поголемиот долг кон побарувачи ќе се рече дека „биле неуредни“ односно „ненавремени во дописите со пресметките“. Или, како втора опција – ќе се најде волшебно стапче, што е речиси невозможно. Тоа би значело, ако се оствари, дека премиерот направил проблем за потоа да го реши, откако нашол некакви, но секако не мали средства. Трето нема! Или се уште треба да веруваме во приказните за Дедо Мраз?

Таинствена релација со „новата битолска банка“

 Нешто во тој правец на мала корекција сепак веќе се има случено.

Имено, според изјавата на добриот познавач на состојбите во банкарството –колегата Мирче Јовановски од „Независен“ тој во гостувањето во емисијата „Трилинг“ откри дека под радарот е добиена финансиска помош од – како што рече – новата банка од Битола (тоа е онаа српска банка, да објасниме, која белким се уште се вика Стопанска банка Битола) во висина од 30 милиони евра.

Не беше познато по кој основ е добиена таа сума, иако познавачи на приликите велат дека веројатно биле државни записи, но она „под радарот“ значи дека за тоа не се говорело јавно; инаку тоа е процес што сите влади го правеле и за тоа јавно се говорело, пред се како понуда кон сите правни субјекти за купување обврзници. Од некоја причина тоа е премолчено. Ама таа сума е далеку од потребната за да се намират сите корисници.

Пензиите за ноември легнаа, а за декември?

 Впрочем, при крајот на ноември постоеше страв кај пензионерите дека нема доволно средства за исплата на ноемвриската пензија бидејќи државата не може да го даде својот дел во потребната маса. Пензијата се исплати а денес тоа министерката за финансии го истакнува како знак на ликвидност што секако не кажува многу ако не се знае она „чириба-чирибу“ упатено кон Битола. Таа сума од 30 милиони евра евентуално би била доволно за една таква операција ама пред нас е и декемвриската пензија која треба да се исплати веќе на 1 јануари, односно бидејќи е неработен ден, на 2 јануари. А другите долгови?

Кога говориме за недостаток од една милијарда евра, мора да се спомене дека на стартот на годината, на крајот на јануари дознавме дека од Унгарија ќе добиеме една милијарда евра. Се говореше дека се работи за кинески кредит кој минува заради мимикрија преку Будимпешта. Истиот беше наречен развоен во провладините медиуми. Од тие пари 250 милиони евра требаа преку нашите комерцијални банки да оди во стопанството, додека 259 милиони евра во локалната самоуправа.

А за другите 500 милиони евра едноставно се молчеше, но се’ се врзуваше за фактот дека годинава ќе имаме локални избори што власта едноставно мора да ги добие. И дека трагата на парите треба да ја бараме во таа насока.

Потфрлувања на сите страни

 Околу кредитите за стопанството најпрво изби „курцшлус“ околу мониторингот и провизијата што си ја побараа банките, бидејќи Мицкоски мислел дека тоа ќе го сторат гратис. И таа кавга се одолговлекуваше но се дозна колку навистина пари легнале во одделни фирми. Не многу фирми по број и не големи износи. И дали тие кредити ги провоцирале странците да вложат дополнителни 350 милиони евра во нашата економија, а што говореше Мицкоски?

Факт е дека на овој план како и на сите други мерливи планови имаме целосно потфрлување – во првите 9 месеци од годинава имало прилив од 209,4 милиони евра по овој основ  Каков е тоа пад ако се спореди со приливот во 2024 година кога за 9 месеци пристигнале инвестиции. во висина од 840 милиони евра.

Ова е секако одраз на недоверба на странците во исплатливоста на влезот во „четвртата најдобра економија во Европа“, за што сведочи и иселувањето на инвеститорите од бесцаринските зони.  Тоа барем го гледаме и тоа значи дека масовно се зголемува невработеноста, дека од тамошните инаку пристојни плати сега отсуствуваат приливите по основ на даноците за нив. И практично замрзнатите плати на сите вработени како политика на Владата за борба со инфлацијата секако влијае на многу сегменти во економијата. Да речеме, според оценката на познатиот економист Бранислав Јовановиќ на ТВ Телма во развојот на БДП-то со кој се фали власта (од 3,8 отсто) личната потрошувачка има влијание со само 0,9 отсто! Таквите нешта ниту малку не се банални и затоа, како што напишавме во воведот, цитирајќи ја Агата Кристи – „отровот доаѓа на крајот“.

Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ