• Latest

КАПИТАЛОТ ЗНАЕ ДА СЕ ЧУВА: Цените се качуваат пред маржите да се замрзнат, а и платите одат надолу

September 23, 2024

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕКОНОМИЈА

КАПИТАЛОТ ЗНАЕ ДА СЕ ЧУВА: Цените се качуваат пред маржите да се замрзнат, а и платите одат надолу

Ништо од замрзнати цени - ќе се ограничат само маржите. Во меѓувреме, трговците си ги качија цените, дури и на производи кои не беа предвидени да имаат замрзнати маржи. Трговците се секако задоволни, а со нив и коморџиите. А падна и вредноста на просечната плата. Капиталот знае да се чува, а моќта на богатите врз политиката е сѐ поочигледна

September 23, 2024 09:12
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Наместо замрзнување на цените, продуктите што ќе се најдат во „есенската кошничка“ ќе бидат со ограничени маржи од бруто 10 проценти, објасни минатата недела министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Леб, пекарски производи, млечни продукти, овошје и зеленчук, се артиклите кои треба да се најдат во есенската кошничка.

„Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници“, рече Дурмиши. Според најавите, оваа мерка ќе се донесе неделава, на првата владина седница. Таа треба да е во вторник, но итрите трговци веќе претходно си ги поткачија цените на многу основни производи, како што е киселото млеко (претходно и со смалена амбалажа за 100 грама!).

Тука е и зголемувањето на цените на оние производи (како што е легендарната кока-кола, омилена кај некои новинари) што нема да имаат ограничување, но се добри да се намали загубата кај трговците од последиците на оваа „сакам – не сакам“ позиција на владата во однос на „спасување“ на стандардот. Истиот имено е вообичаено најранлив во овие есенски месеци. За тоа говорат редиците пред оние фирми кои даваат брзи, кеш кредити.

Тоа како процес секако нема да го видите на македонските телевизии, кои се насочени да го фарбаат резултатот од првите месеци на власта на Мицковски. Добро е што постојат и други телевизии кои се надвор од дофатот на палатата Татарчев, па ја гледаме сликата на другите околни земји: и таму единствен спас за домашниот буџет се тие зеленашки позајмици од кои боли глава.

Теми од кои боли глава

И Мицковски последните недели го болеше глава ако требаше да одговара на прашања на новинарите на оваа тема. Самите прашања не смеат да се пуштат во вестите од режијата која ги прави вестите, ама според одговорите може да подразбереме дека тоа е тема на која премиерот се подлизнува. Имено, ако тој е на гости кај коморџиите, тој се залага за слободни цени. Нели сме држава од либерален тип, а тоа со слободните цени се подразбира. И таман на трговците ќе им се испушти долга воздишка, ете го премиерот каде на друга страна ветува некаков спас на стандардот на големото мнозинство на граѓаните кои речиси плебисцитарно гласаа за она „името не го даваме“, но сега не се согласуваат на сметка на тој лозунг да го дадат и последниот денар. Особено оној кој им недостасува во буџетот.

Посебно беше интересно премиеровото појавување на работниот појадок со членовите на Македонско-германската стопанска комора каде што членови се и оние кои продаваат стоки. Тој појасни дека не е љубител на контролирани цени, сѐ нека си регулира пазарот. Трговците од тие мисли добија апетит кога се работи за појадокот, макар и работен. Но затоа на оние другите кои ги купуваат тие стоки им предизвика една голема воздишка – џабе сите свеќи и молитви, особено на синдикалците!

МИЦКОВСКИ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ Класична политичка клацкалка и во однос на високите цени на основните продукти – час е за слободни цени, час се заканува со замрзнување и на крај излезе нешто „килаво“, а цените на многу продукти скокнаа пак во 5 до 12

Потоа, надвор од просторијата за состанок и појадок, пред новинарите Мицковски изјави нешто во смисла дека сфаќа колку на народот му е тешко и дека се бараат решенија, па на крајот неговите министри се одлучија за некакво компромисно решение – ќе се замрзнат маржите за одреден број производи, но не и цените. За почеток, само на 30 дена!

Внимавај така да останам високо профитабилен

Како јас го сфаќам тоа? Па така што, ако некој производ има цена од 100 денари, трговецот си зема 10 денари на име на маржа. Ама ако цената скокне на 150 денари тој со истата замрзната маржа ќе инкасира 15 денари! Тоа е ефектот на замрзнатата маржа. Таа мерка може да биде гума за спасување за стандардот само од постојаните препродавања од трговец на трговец, што го има во практиката. Ама и тука има владина отстапница – мерката ќе се преиспитува на 30 дена… Ако трговците притиснат посилно, тие имаат сила да ги сменат работите. Како во романот „Внимавај така да останам невина“ на Звонимир Мајдак, кого го читале постарите генерации, само применет на пазарните односи и високи профити во една гранка.

ЛЕСНО Е ДА СЕ ВЛАДЕЕ СО ВАКВИ СИНДИКАТИ Наставникот по ОТО, Јаким Неделков, на кој Владата која му даде „шут-карта“ (фото извор: МИА)

Колку за синдикатите се виде – тие веќе ја изгубија борбата за нормален сооднос меѓу платите и цените. Ете, последната статистика покажа пад на просечната плата за цели 1.000 денари, особено откако премиерот кажа дека за таа работа нема да се грижи – скокот од 87 отсто на платите на функционерите, што неговите пропагандисти пред изборите на теренот највеќе го користеа во озборување на власта, сега не го споменува како можност за корекција. Напротив, со новите министерства и заменици, помошници на постојните административци го зголемува трошокот наречен – држава. Затоа, за социјалниот мир и колективните договори владината коалиција воопшто и не се грижи! Нели наставнику по ОТО, Јаким  Неделков, од мнозинскиот синдикат на просветните работници? Како што илустративно објаснува –  не се договорил ништо со Владата која му даде „шут-карта“ за зголемување на платите во образованието, а тој сепак реши да си молчи и да го нема во јавноста и пред членството.

Засега, за Владата тоа е повеќе од доволно.

Во основа, високите цени си остануваат

За опозициската СДСМ ова е промашена мерка, која според нив нема да даде никаков ефект. „Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста“, велат од СДСМ.

Да не излезе дека постојано ги критикувам нашите телевизии, мора да речам дека тие барем во однос на анкетите за покачувањето на цените и нивните оценки на тој „дисбаланс“ меѓу буџетот на купувачите и профитот на трговците даваат некаков поинаков визуелен впечаток.

Најпрвин бев убеден, рака на срце, дека се работи за вообичаено создавање атмосфера пред власта да се одлучи сепак на некакво повампирување на својот рејтинг во форма на – дефинитивно – чување на основната потрошувачка кошница „од уроци“. Потоа, кога тоа не се случи си помислив дека некој кој дава директиви не си ја повлекол првобитната наредба или дека истата преспала во нечија фиока (верувам дека и тие штабови се, сепак, некаква бројна партиска или парапартиска администрација). Но не. Тоа сепак некаде би се чуло. Да веруваме ли дека и уредниците се луѓе кои мора и самите да набават или направат зимница?

Па во еден неодамнешен текст, објавен на ЦивилМедиа, видовме дека речиси сите телевизии се во загуба (освен една), па малку е веројатно дека газдите ќе бидат сочувствителни со есенските тажалки кои доаѓаат од домашните кујни на новинарите (си имаат тие кујни кон кои треба да покажат респект). Јасно, постои еден „среднорочен план“ – анкетите да ги врзат, се разбира, вештачки со донесување на овие килави мерки со маржите што ќе добијат третман на „соодветен број“, кој одговара на потребите на конфекционирањето на стандардот.

А платите одат надолу

Но не е сѐ само во политиката на цените, кога говориме за заштита на стандардот – видливо е дека паѓа и просечната плата, што ВМРО и нивните компањони го премолчуваат или кажуваат некои бројки кои важеле до неодамна и не се резултат на нивната економска политика.

Така, после седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни, кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика.

Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари.

Трговијата стана „месен бизнис“

Според порталот „Бизнис лидер“ трговските куќи добро се омрсуваат. Затоа се намножуваат како печурки после дожд! Така, порталот во насловот на анализата констатира – во касите на најголемите маркети граѓаните лани оставиле над една милијарда денари. Но, македонската широка потрошувачка годинава се очекува да порасне за 260 милиони евра; во анализата се вели дека до 2025 година да порасне во обем со проценета вредност од 2,5 милијарди евра, а според последните податоци изнесува 1,9 милијарди евра до крајот на 2023 година. Впрочем, најголемиот дел од месечните примања граѓаните го трошат за секојдневна потрошувачка во маркетите. Има објаснувања и дека дури нашите потрошувачи се по малку и разгалени.

ХИПЕРМАРКЕТ Големите синџири на маркети се многу профитабилни – од џебот на граѓаните таму оди една милијарда евра годишно

Граѓаните очекуваат од маркетите да добиваат квалитетни и безбедни производи, висококвалитетна услуга, разновидна и богата понуда, услужлив и пријателски расположен персонал. Потрошувачите стекнуваат и навики како да пазарат. Некои од нив ги следат акциите во маркетите, додека други, едноставно, се привикнуваат на одредени маркети и вообичаено пазарат таму.

Ова го користат трговските могули кои ова го прават на сметка на своите вработени. Да се сетиме само на нивниот отпор за затворање на трговијата барем во неделите?! Затоа на компаниите не им е тешко да градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредности за себе.

ПОНУДА Преостаната средна класа е по малку разгалена – сака да пазари во недела, да не си ги наруши навиките

Во десетте бизнис-лидери на маркети, тврди овој портал, каде што најмногу се пазарува, граѓаните лани оставиле над една милијарда евра, како што споменавме, а направена е добивка од речиси 38 милиони евра. Бизнис-лидер констатира дека број еден по приходите неколку години по ред е ланецот на КАМ маркети. Граѓаните таму лани оставиле 268,8 милиони евра. Како втор позициониран маркет според приходи го следи Кипер со 175,2 милиони евра. Стокомак, со промет од 138,5 милиони евра, е на трето место, како и во 2022 година, но тогаш со помал приход – 119,8 милиони евра. Веро во 2023 година го надминал Тинекс со реализиран приход од 102,6 милиони евра, во споредба со 2022 година, кога имаше остварен промет од 90,4 милиони евра и бил рангиран зад Тинекс. Кит-го веќе се етаблирал како синџир што прави добри приходи. Ланскиот вкупен приход му бил 86,9 милиони евра, а во 2022 година остварил промет од 78,1 милион евра.

Во првата десетка рангирани по приходи се пласирал и маркетот Монтенегро, за кого барем јас не сум чул. Оваа компанија лани остварила приход од 22,8 милиони евра.

Рангирање по приходот и по растот

Но не е се само во приходот. Рекордер по добивка неколку години по ред е Веропулос, со остварена заработка за 2023 година од 10,3 милиони евра, со раст од 12,79 отсто во споредба со 2022 година. Интересно е да се забележи дека според приходите, Веро е на четврто место, а според добивка е лидер со години. Јас мислам дека тоа се должи на фактот што тој прв донесе кај нас некои нови навики во понудата, но пред сѐ затоа што не ги затвори маркетите во неделите, за што му е благодарна онаа средна класа која опстана. Онака рудиментирана, таа посакува да си биде комотна и да ја растегнува неделата дури и на сметка на својот испразнет џеб. Да се живи минусите на картичката…

Под него е Кам маркет со заработувачка од 7,3 милиони евра, што е прилично повисока од заработувачката во 2022 година, кога таа изнесувала 4,9 милиони евра. Во првата тројка бизнис-лидери со највисока добивка спаѓа и Кипер, со нето заработка од 5,5 милиони евра.

Најголем раст во листата на добивки има остварено Тинекс, дури 208 отсто повеќе од 2022 година. Во 2023 година заработил 1,4 милиони евра.

Светскиот тренд на изумирање на локални продавници, со засилено темпо и без исклучок е случај и во Македонија, и тој сѐ повеќе се засилува со отворање повеќе трговски центри, а од друга страна и маркетите го следат овој тренд и отвораат поголеми и поопремени продавници коишто можат да ги задоволат барањата од потрошувачите.

Тешко дека владата на Мицковски ќе одолее на оваа офанзива на газдите од оваа гранка. Нивната офанзива која нема одраз врз бројот на вработените и висината на платите како можен репер, секако е најмал повод за владина анализа. Во најава е и доаѓањето на ланецот на наводно поевтини маркети од типот на Лидл (впрочем, македонските потрошувачи ова отсуство на тој ланец го надоместуваат со шопинзи во Врање или во Лерин).

Така, да се вратиме на почетокот – и ова мртвороденче од мерката со маржите веќе од страна на оние кои молчат, а се влијателни, веќе се наоѓа на некаков потенцијален отстрел. Мицковски нека ѕирне во поштенското сандаче да не стигнало некое ново писмо.

Специјално за ЦивилМедиа
Tags: замрзнувањемаржастандардтрговијацени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ