• Latest

Кога се борам за нешто, се борам до крај

November 22, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога се борам за нешто, се борам до крај

November 22, 2017 09:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакав да напишам едно подолго писание. Мислев да критикувам некои работи кои не ме бендисуваат како се случуваат. Затоа што мојата партија е Бојата. Затоа ја имам таа привилегија да критикувам кого сакам. Слободно.

Пишува: Денис Јанкуловски

Сакав да напишам на пример дека познавам доста пријатели во разни фирми, секако најголемиот дел државни кои ми кажуваат дека во најмала рака ништо не се сменило или во полоша рака поставените Директори, Управници или какви и да се Раководители не покажуваат знаци за промени, на подобро, секако. Дури има места каде што моите пријатели имаат чувство или подобро кажано гледаат дека постои доообра или одлична соработка на новите со претходните. Претходните, оние кои се огрешиле, кои упропастиле фирми, ги задолжиле толку да не можат уште многу години да се опраат. Новите, оние кои се дојдени да ги опраат фирмите и да најдат начин да ги казнат претходните, во рамки на Закон, секако. Но ете некако овие си нашле заеднички јазик.

Сакав да напишам дека читам и гледам лоши кадровски решенија на многу места. Заради тие и такви решенија доаѓа до расправии помеѓу колеги, познаници, пријатели. Доаѓа до раскол помеѓу сопартијци. Едни затоа што сметаат дека иако заслужни за борбата за Слобода и Правда не се вработени, други кои сметаат дека има премногу незаслужни кои се поставени на некои високи позиции.

Сакав да напишам за сончогледите и латентните борци. Сончогледите, оние кои се водат по Амдиевата девиза „секогаш со власта“ и кои за жал Власта ги прима. Дали се политичари како Чедо каратистот, Лиле зелената и уште многу други (веројатно ќе има уште во наредниот период), дали се вработени Лавови кои наеднаш се претвораат во ранети срни од претходните а „цело време биле“ со сегашните. Или уште пострашните, оние кои во цело времетраење на борбата нигде ги немало и сега наеднаш ги истиснуваат, шиканираат исклучуваат од Пленуми вистинските борци, борците кои не се штеделе, оние кои само самите знаат како им било и што доживувале во борбата со Злото. А многу рамо-тапкачи сѐ уште молчат. Неми посматрачи.

Сакав да напишам за борци од Шарената револуција кои доживеаа да бидат избркани откако дојдоа промените. Значи, за нив НЕ ДОЈДЕ ЖИВОТОТ. Докажани борци кои не наидоа на разбирање од богатиот Министер за разлика од пак ќе кажам Лавчињата кои му се впикаа.

Сакав да напишам нешто околу ова со Црквата, ама не знам многу и нема. Сакав да прашам што е ова со Црквата и Бугарија? Читајќи и слушајќи ги Историчарите, оние кои се најзапознаени со проблематикава не ми е јасно зошто работите се прават обратно?

Сакав да напишам дека ме изненадува што читам како постои огромно докажување кој бил повеќе пати на протести, кој заслужувал многу повеќе од што добил. Кога протестиравме немавме списоци. Не ни беа потребни. Не броевме излегувања. Но ете дојде време и за тоа. Веројатно и со право.

Сакав да напишам нешто и за Судовите. Иако сите сакаме што побрзо да има разрешници, знаеме дека нема да биде така лесно и брзо. Но сметам дека можеби во моментов СЈО е најсветлата точка. Зошто? Затоа што почнаа судските процеси, затоа што се прифаќаат „бомбите“ како докази, затоа што веќе не се одложуваат рочишта, затоа што признаваат, затоа што Криминалците ЧЕ СИ ЛЕЖАТ!!!

Сакав да напишам нешто за Шарените. Знам дека нема да ми се налутат затоа што искрено кажувам. Откако настанаа промените голем дел од нив се вработија, сметам заслужено. Затоа што ако беше само партиско вработувањето тогаш промени не настанале. Но. Кај многумина можам да констатирам фотелизирање со бетонирање и следствено подзаборавање. Нашата борба, борбата на Шарените беше за Слобода. Слободата дојде, успеавме. Нашата борба беше и за Правда. Правдата полека доаѓа ама ќе дојде. Но нашата борба беше и е и секогаш ќе биде против секој оној кој отстапува од она за што се боревме/бориме, независно дали заедно сме чекореле. Ако греши – греши. Не смееме да го дозволиме тоа. Ниеден не ни е мој, наш. Сите сме индивидуи. Ако се бориме за демократија, тогаш тоа е практикување демократија. Да можеш слободно да критикуваш се она што не чини иако и ти си во управниот апарат, независно на која позиција. Тоа само ќе докаже дека стоиш цврсто на своите убедувања и дека ќе те слушнат тие кон кои е упатена критиката. Ако не слушаат… се знае, улицата и бојата се секогаш спремни. Се борам за мојата фамилија. Како и Вие.

Се ова досега кажаното разберете го како добронамерна критика од еден обичен човек, борец за подобро утре. Не, всушност за подобро денес. Секој греши, не велам не. Сите имаме и толеранција и разбирање. И додека има време за поправање на грешките не е страшно. Проблемот е ако не се реагира на време. Затоа е оваа реакција.

На моменти како и кај многу луѓе ми доаѓа да се откажам, да речам, налет и се. Што сакаат нека прават. За ова не се договоривме кога се боевме, кога викавме, кога доживувавме разно разни притисоци. И не верував дека ќе го пишувам ова, барем не така брзо. Но не. Кога ќе ги погледнам дома моите јунаци знам дека не смеам да се откажам, не смеам да ги изневерам. Затоа што за нив, за мојата фамилија ќе направам СЀ.

Борбата продолжува.

Сакав да напишам едно подолго писание…

Tags: борбавластдемократијаМинистер за разликаопортунизамправдаПротестслободафункционерицрквашарена револуција
Share272TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ