• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој е патријархот Кирил, „јастребот“ на Путин?

April 21, 2022
Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

February 6, 2026
Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

February 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што ќе каже премиерот, тоа ти е

February 5, 2026

Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

February 5, 2026

Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

February 5, 2026

Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

February 5, 2026
Илустрација ВИ

Од извештајот„Ненаучени лекции“: Локални избори 2025 – „Мирен“ изборен ден во сенка на дезинформации и институционални пропусти

February 5, 2026
Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Хоџиќ: Неодговорната власт ја внесе земјата во криза, време е за демократска акција

February 4, 2026

Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

February 4, 2026
Фотомонтажа: Скриншот од YouTube видео на ВМРО-ДПМНЕ

Зошто ВМРО бега од ДПМНЕ?

February 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

    Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

    Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    Европа и САД ќе разгледаат координирана воена акција ако Русија систематски го прекршува идниот прекин на огнот

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Русија не ги напушти терористичките методи, нападна породилиште и цивилен автобус

    Газа (скриншот од видео снимка)

    Поранешни високи европски официјални лица ја повикуваат ЕУ на притисок врз Израел за правата на Палестинците

    Фотографија: Unsplash

    Њујорк Тајмс: Иран не е Венецуела – зошто заканите на Трамп носат ризик од регионална војна

    Џелал Хоџиќ, 31 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Хоџиќ, СДА Македонија: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

    Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

    Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

    Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    (ВИДЕО) Хоџиќ: Неодговорната власт ја внесе земјата во криза, време е за демократска акција

    Стерилизирана владина програма за 2026: судството нереформирано, европската агенда блокирана

    (РЕАКЦИИ) „Криминална, неспособна багра“ – избор од коментарите на прашањето на денот: Што мислите за тврдењата на власта дека инфлацијата е намалена?

    Илустрација ВИ

    Од извештајот „Ненаучени лекции“: Меѓу демократскиот аларм и ограничениот политички досег – СДСМ во опозиција (19)

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што прават властите да се справат со секојдневните проблеми на луѓето?

    Џелал Хоџиќ, 31 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Хоџиќ, СДА Македонија: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Кога политиката и глупоста ќе се сретнат

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

    Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

    Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

    САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Што ќе каже премиерот, тоа ти е

    Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

    Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    Фотомонтажа: Скриншот од YouTube видео на ВМРО-ДПМНЕ

    Зошто ВМРО бега од ДПМНЕ?

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Кога политиката и глупоста ќе се сретнат

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој е патријархот Кирил, „јастребот“ на Путин?

Рускиот Патријарх Кирил, предводникот на Руската Православна Црква, е еден од највлијателните инспиратори и поддржувачи на агресивната политика и доктрината на руските „интересни сфери“ на претседателот Владимир Путин. Руската Црква, сигурно, макар и посрамена, ќе ја надживее политичката кариера на Путин, уште колку и да трае таа. Но тоа за Рускиот Патријарх Кирил веројатно нема да биде случај.

April 21, 2022 06:56
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Кругот доверливи луѓе околу рускиот претседател Владимир Путин не е голем и речиси сите, на еден или на друг начин, потекнуваат или од поранешната номенклатура на КГБ или од пребогатите олигархиски редови кои, без „одобрението“ од КГБ, никогаш и немаше да станат милијардери, запоседнувајќи ги енергетските и рудните богатства на земјата. Но, едно се доверливите извршители, а друго се оние кои имаат влијание врз начинот на кој размислува Путин. Таквите, според упатените кремљолози, се бројат на прстите од едната рака.

Еден од највлијателните е Владимир Михајлович Гунџаев (75), поранешниот (од 1984 година) владика на Смоленск и Калининград, но и долгогодишен претседавач на Дирекцијата за надворешни црковни односи и постојан член на Светиот синод на Руската Православна Црква (РПЦ).

Од февруари 2009 година, тој е рускиот Патријарх Кирил, челникот на руското православие. На чинот на неговото устоличување во катедралната црква „Христос Спасителот“ во Москва присуствуваа и тогашниот претседател Медведев и тогашниот премиер Путин. Впрочем, самиот Патријарх нема да им остане должен, бидејќи и во 2012 и во 2018 година активно учествуваше во изборните кампањи на Путин, меѓу другото, држејќи и специјално посветени молитви за изборните победи на неговиот личен пријател Владимир.

ПОЛИТИЧКИ ЕКСТРЕМИСТ

Во деновите по руската инвазија врз Украина, за Патријархот Кирил се напишани и изговорени многу анализи, бидејќи тој е еден од најрадикалните и долгогодишни „јастреби“ во Путиновото општествено-политичко окружување. Тој е водечкиот, а и најгласниот идеолог на „рускиот свет“ – практично, пресликан во агресивната националистичка политичка доктрина за „интересните сфери“ на Путин, започната и поддржана од Кирил уште со анексијата на Крим во 2014 година и руската интервенција во Сирија во 2015 – а во своите проповеди, кои често наликуваат на радикални политички пропагандни настапи под патријарховата накитена одора, редовно алармира за „надворешните непријатели“ и за „силите на злото“ коишто го загрозуваат опстанокот на Русија. Кирил постојано повикува на потребата за „историско будење“ на рускиот народ во остварување на „историската судбина“ и за покренување на „света војна“ против западната цивилизација, базирана на „геј паради“. Во 2015 година, Путин со закон ја забрани „геј-пропагандата“ во руските медиуми.

Патријархот е и најгласниот заговорник против западниот концепт на приматот на „човековите права“ во модерната демократија. Уште од 10-тиот собир на Светскиот руски народен совет – меѓународна организација што ја предводи самиот Патријарх – одржан во Москва во април 2006 година, Кирил ја пропагира тезата дека над човековите права, „диктаторски“ наметнати од Западот, стојат „верата, моралноста, светите места и татковината“. Со други зборови, човековите права можат и да се згазат доколку „верата“ или „татковината“ имаат поинакви приоритети на агендата. Според самиот Кирил, „хармонизирањето“ (како „симфонија“) на делувањето на Црквата и Државата во Русија се приоритет на неговото владеење како патријарх на РПЦ. Што, веројатно, го објаснува неговиот „морален“ однос кон руската инвазија врз братската христијанска Украина, па дури и кога тоа се прави со помош на платеници од Чеченија, Сирија и Либија.

Сепак, според истражувањата на јавното мислење во Русија, 72% од возрасното руско население се идентификува како православни христијани, но само 6-7% од нив (според испитувањата во 2008 година) активно ја практикуваат својата вера. Величествените руски цркви со своите прекрасни златни „турбиња“ се најчесто полупразни, но тоа не му пречи на челникот на РПЦ да ја шири агресивната руска државна пропаганда проповедајќи дека „Господовата вистина е на руска страна!“.

„Учењата“ на Рускиот Патријарх се сметаат за директна инспирација на тврдењата на Путин дека Украина никогаш и не постоела како независна нација и држава. Од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, Патријархот Кирил редовно ги благословува генералите кои ја предводат руската агресија против „нацистите“ во Украина.

ПРАВОСЛАВЕН РАСКОЛ

Ваквото агресивно воено-хушкачко однесување на Рускиот Патријарх, кое многу потсетува на некои негови католички колеги од времињата на големата светска трагедија предизвикана од германскиот и италијанскиот фашизам, предизвика вистински раскол во православните руски цркви во Европа и светот. Иако во самата Руска Црква јавните противења на поглаварот се, разбирливо, сосема задушени, надвор од Русија се бројни повиците, петициите и јавните прогласи за отцепување од РПЦ, па дури и повикувањата за ставање анатема на сметка на самиот Руски Патријарх.

Пред десетина дена, дури и Патријархот Бартоломеј I од Константинопол (првиот меѓу еднаквите петнаесет источно-православни патријарси) излезе со соопштение без преседан во православието во кое се вели: „Многу жалиме заради ставот на Неговата Светост Патријархот Кирил од Русија. Не требаше толку да се идентификува со претседателот Путин и дури да ја нарече руската војна против Украина ‘света’.“

Како што е познато, во 2019 година Украинската Православна Црква доби томос од Бартоломеј I за осамостојување од РПЦ. Тогаш половината од украинските православни парохии ја отфрлија украинската и решија да останат под руската православна јурисдикција, но инвазијата на Путин врз Украина драматично го промени овој сооднос. Според истражувањата на украинскиот „Центар Разумков“ во 2021 година, од 44 милиони Украинци, пред војната, околу 14% од нив, организирани во 12.000 парохии во земјата, верски се идентификувале со РПЦ предводена од Кирил, за сега половината од нив да бараат да се раскинат врските со „централата“ во Москва. Во многу од парохиите локалните свештеници престанале да го спомнуваат името на Кирил како нивен патријарх.

Минатата недела, 320 православни свештеници од Украина се потпишале под отвореното писмо во кое обвинуваат дека „Кирил спроведува морален криминал со благословот на војната против Украина и со полната поддршка на агресивните дејства на руските трупи на украинската територија… За нас е невозможно да останеме во канонска потчинетост на Патријархот на Москва“.

КОНТРАБАНДА, КОМПЕНЗАЦИИ…

Но, како што тоа обично бидува во пост-комунистичките православни, а и општествени хаотични собитија, Рускиот Патријарх не е само верско-политички колоритна личност во разузданиот распутиновски стил, туку е и човек за кого уште од средината на деведесеттите, руските весници „Комерсант“ и „Московски Комсомолец“ тврдеа дека е криминален профитер и клучен актер – „Тобако Митрополит“ – во бесцаринскиот и безданочен увоз и продажба на странски цигари во Русија, привилегија дозволена од државата за потребите на РПЦ, до 1997 година. Тие профити се проценуваа дека се движат меѓу 1,5 до 4 милијарди долари. Докази за злоупотреба на овие црковни фондови руската држава никогаш не утврди, а во едно интервју во 2012 година (за московска „Известиа“) Кирил ваквите обвинувања ги оквалификува како политички мотивирани.

Сличен е случајот, колку за илустрација, и со за РПЦ слободната трговија со алкохолот: само во 1995 година еден од најпознатите руски манастири, под надлежност на Дирекцијата за надворешни црковни односи предводена од Кирил, заработил фантастични 350 милиони долари, иако Патријаршијата таа година пријавила годишен буџет од 2 милиони долари.

Кога, пак, во 2012 година тричлениот руски феминистички панк-бенд „Пусикетс“ неочекувано го изведе својот за Црквата навредлив перформанс во истата московска катедрала во која беше патронизиран Кирил за патријарх – скандал што силно ја возбуди не само руската православна номенклатура, бидејќи „Пусикетс“ ја исмеаја поддршката на Кирил за Путин – Патријархот ги обвини пејачките, кои за тој „хулигански чин“ ќе бидат осудени на по две години затвор, дека „ја вршеле работата на Сотоната“.

Истата таа 2012 година тогашниот руски министер за здравство – со мала „помош“ од премиерот Путин – ќе му исплати „здравствена“ отштета на Патријархот Кирил во висина од 676.000 долари заради правот што се создал со реновирањето на зградата во која великодостојникот на РПЦ поседувал стан во кој живеела неговата долгогодишна пријателка, позната руска бизнисменка, извесната Лидија Леонова.

Па, потоа следуваше аферата со рачниот швајцарски часовник од 30.000 долари „фатен“ на фотографија на раката на една од литургиите на Кирил (што, по негово признание, го добил како „подарок“ од некој од верниците)…

ПУТИН И КИРИЛ СУДБИНСКИ ПОВРЗАНИ

Сепак, најголемата афера врзана за Патријархот Кирил, втемелена врз наводни докази добиени од советските архиви, се тврдењата на магазинот „Форбс“ во 2009 година дека тој (како и неговиот претходник на челото на РПЦ, Алексеј Втори), всушност, е долгогодишен соработник на КГБ и тоа не како обичен информант, туку како активен офицер на руската тајна служба. И тие тврдења, како и многу други компромитирачки приказни од животот на Кирил, останаа без поголем одзив во руската јавност.

Впрочем, како што е познато, улогата на КГБ, со сите нејзини современи трансформации, е клучниот кадровски фактор и во современата руска политика, долги години на чело со поранешниот руски агент Владимир Путин. Што менува дали и самиот Кирил е „производ на службите“ или не?!

Но, угледот и влијанието на Руската Православна Црква, под водството на Кирил, останува тесно врзана со судбината на Путиновиот режим. А, понатамошната долговечност на тој режим сега веќе „животно“ е врзана со успехот или неуспехот – како и да се дефинира – на она што Русија, на згрозување на целиот цивилизиран свет, го прави во Украина. Јасно е дека Путин ќе треба час поскоро да прогласи „победа против нацистите“ во војната што самиот ја започна на територијата на својот голем западен сосед, Украина, чии историски заслуги за постоењето на самото руско православие се неколку века постари од оние на Москва.

Руската Црква, сигурно, макар и посрамена, ќе ја надживее „симфонијата“ со политичката кариера на Путин, уште колку и да трае таа. Но, за еден од неговите најистакнати идеолошки „јастреби“, Рускиот Патријарх Кирил, тоа веројатно нема да биде случај.

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Њујорк Тајмс: Иран не е Венецуела – зошто заканите на Трамп носат ризик од регионална војна

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ќе каже премиерот, тоа ти е

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ