Премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање на На денешната прес конференција за тоа мисли за коментарите на ВМРО – ДПМНЕ дека преку иборот на компании за надзор на изградба на коридорот 8 и 10Д се шири руско влијание во државава, одговори:
-Тоа се изјави во очај. Тие не се за работа, тие се давање изјави и шетање по Македонија во блузончиња на патентчиња и бели капути со трубачи. За тоа се. Откако тоа го нема и откако сватија дека владиното мнозинство е зголемено на 65 пратеника и откако видоа дека е почнат најголемиот инвестициски проект почнаа со веќе видено. Ова не чини, она не чини. Не се шири руско влијание. Во светот постои соработка мегу корпорации од различни држави.
М. Д.