ЦивилМедиа на својата Фејзбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Што мислите за отчетот на Мицкоски за 100 ДЕНА ВЛАДА?
Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од владиниот тим, денеска одржа прес-конференција во Владата, на која даде отчет за стоте дена од сработеното на новата извршна власт. Во своето експозе порача дека остануваат цврсто на патот на исполнувањето на двете стратешки цели – заштита на националните интереси и останување на патот кон ЕУ.
Во пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека најголемот дел од нив не добија отчетност каква што очекувале. Напротив, ги доживуваат како Влада која не направила ништо, а критикуваш то другите не нарпавиле:
100 дена едно големо ништо.
Најнеспособна Влада до сега.
Кажуваат други што не сработиле, а за себе не кажуваат што сработиле. Во нивно време Уставен суд се поништи сам себе и го обнови должничкото ропство.
Што има јас да мислам.Тој нека му е мисли од каде ќе најде пари,за проектите со кој се пофали!
Лаги, манипулации, китење со туѓи перја, сеење ВЕТАР ВО МАГЛА. Сè подалеку од ЕУ и ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ.
А друго прашање јас да поставам. Се чуствува некоја промена во квалитетот на животот од кога дојде ВМАРО на власт? Видовте некое предизборно ветување да реализира? Видовте криминалец од ДУИ макар кривична пријава да има? Не, нормално.
Но, имаше и коментари дека сегашната опозиција е таа која е виновна за моменталната политичка состојба.
ДУИ и СДС системски јауништија и оплачкаа Македонија. Ќе одговараат сите криминалци само трпение.
Да СДСМ ќе одговара, а ВМРО кога ќе одговара за тоа што украдоа и ги однесоа во Будимпешта и сега Орбан ги враќа со кредит немој да мислиш оти многу не сака оти не идеше дури не беја на власт.
Тие (СДСМ) почнаа да ја уништуваат, а овие во сто дена пустош ја направија.
Само за сто дена станаа Северџани
Б. Ј.