Украинската амбасадорка во Скопје, Лариса Дир на социјалната мрежа Х им изрази искрена благодарност на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и неговото ресорно Министерство за поддршката и континуираната солидарност кон Украина.
„731. Искрено им благодарам на @Bujar_O и @MFA_MKD за поддршката и континуираната солидарност.
Инспирира. Поддржува. Дава живот“, напиша Дир по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина.
731. Искрено им благодарам на @Bujar_O и @MFA_MKD за поддршката и континуираната солидарност.
Инспирира. Поддржува. Дава живот.
🇺🇦🤝🇲🇰#StandWithUkraine pic.twitter.com/mb9uiuAqK5— Larysa Dir (@dir_larysa) February 24, 2024
На зградата на Министерството за надворешни работи денеска се вееја македонски и украински знамиња во знак на поддршка на херозмот на украинскиот народ.