• Latest

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја продолжуваат политиката на Груевски за блокада на нашето членство во ЕУ, а Левица е тука со кибритот ако треба да се радикализира

December 15, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја продолжуваат политиката на Груевски за блокада на нашето членство во ЕУ, а Левица е тука со кибритот ако треба да се радикализира

December 15, 2022 12:50
in АНАЛИЗИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Вицепремиерот Бојан Маричиќ и главниот преговарач на Северна Македонија во процесот на отворените преговори за членство во ЕУ вели дека „за првпат во нашата историја блокадата е во наши раце, а досега била во рацете на соседите“ и дека е „незамисливо самите да се блокираме и да се паркираме на истото место“.

Ова е прилично јасна и илустративна оценка за ситуацијата во која сега се наоѓа државата, но за да биде уште појасно, треба да се каже дека сега единствени актери на таа блокада се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а тука некаде, скриени зад грбот на рускиот амбасадор се и Левица.

Да звучи апсурдно, ама е вистинито. Еве зошто:

На 14 јули Урсула фон дер Лајен во Собранието ни порача „Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште чекор кон нашата унија. Вашата држава е на пат да стане членка на ЕУ“.

Само две недели поминаа од посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Скопје кога како искрен и вистински пријател им порача на пратениците од сите партии во Собранието да не ја изгубат од видот следната цел, тоа што е стремеж 17 години – пристапувањето кон ЕУ. „Сигурен сум дека на патот кон Европа вреди да се направи уште еден тежок чекор“, истакна Штајнмаер.

Канцеларот на Германија Олаф Шолц деновиве во своето обраќање во Бундестагот со посебен акцент нагласи дека во интерес на СР Германија и Европа останатите земји од Балканот да се приклучат на Европската Унија.

На 23 ноември оваа година, со 502 гласа „за“, 75 „против“ и со 62 воздржани, Европскиот парламент ја усвои Резозлуцијата за стратегијата за следното проширување на ЕУ, којашто ја презентираше европратеникот Тонино Пицула.

Резолуцијата е во прилог на подготовката на новата стратегија за проширување на ЕУ и ги повикува Европската Комисија и Европскиот Совет „преговорите за пристапување (во членство) да завршат до крајот на 2030 година“, и дека „проширувањето треба да остане отворен проект со прецизен дедлајн“ доколку ЕУ сака да остане важен геополитички играч на глобалната политичка сцена.

Препораките за забрзување на евроинтеграцијата на регионот сега поинтензивно доаѓаат и од влијателните тинк-тенк и медиуми во Брисел. Во анализа објавена деновиве „Политико“ се препорачува „лидерите на ЕУ да го искористат геополитичкиот момент за да ја обноват интеграцијата на шесте земји од Западен Балкан“, зашто во спротивно ризикуваат земјите од региомнот „да ги користат Русија и Кина во нивните игри на моќ“.

Анализата на „Политико“ оди уште понатаму и сугерира ЕУ да го преобликува процесот на пристапување, да распредели повеќе од финансиските и пазарните придобивки од членството однапред  за да има побрз напредок во реформите. ЕУ треба да ги покани министрите од регионот да присуствуваат на неформалните состаноци на Европскиот Советот за прашања од заеднички интерес. Она што е особено значајна препорака е земјите од Западен Балкан да „делегираат“ набљудувачи во Европскиот Парламент истовремено со европските избори во 2024 година, за да бидат слушнат во европскиот законодавен дом без право на глас во законодавството на ЕУ.

Сето ова се силни сигнали кои најавуваат сериозно менување на пристапот за проширувањето на ЕУ и дека Брисел мора да го искористи геополитичкиот момент на Балканот за да се постави како кредибилен геостратешки играч визави Русија и Кина, и тоа на својата, сопствена територија.

Но пресудно за ова прашање е тоа што се случува, или ќе се случува и на домашната политичка сцена. Сега на неа, како единствени „блокатори“ на нашата интеграција во ЕУ останаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а Левица е тука за „порадикални методи“ бидејќи сите други се „копуци“ и ако треба ќе влезеле „многу пожестоко“. До првиот агол, а потоа кривина…

Ама сега и од ВМРО најавуваат пожестоко. Така звучи нивната изјава преку партиското соопштение во кое се вели дека ниту францускиот претседател, ниту германскиот канцелар нема да ги разубедат лидерот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот под бугарски диктат.

За кого е оваа порака ви се молам? За нашите сојузници во ЕУ коишто толку енергично се залагаат да го забрзаат процесот за нашето членство во ЕУ, со чист идентитет и признаен македонски јазик?

Ако е така, а така е, Мицкоски само ја продолжува политиката на Груевски. Груевски го одлагаше пристапувањето на членството во ЕУ и НАТО за да ги спроведе своите лични проекти за антиквизација на Македонија и за да ја „зароби“ државата, спротивни на сите национални интереси на земјата и на нејзините граѓани.

Мицкоски сега го продолжува неговото дело.

Договорот Фронтекс на македонски јазик, преведен на сите 25 официјални јазици на ЕУ, вклучувајќи го и бугарскиот, го прави јазикот на Македонците посебен и автентичен, исто како што и внесувањето на Бугарите во Уставот на државата ќе ја направи и „устaвно“ видлива разликата за два различни  народа – македонскиот и бугарскиот.

Оттаму, благодарение на оваа „услуга“ на актуелната политичка елита на Бугарија, ова прашање ќе биде затворено и уште ќе ја изложи пред европската јавност целата апсурдност на бугарската блокада на европскиот пат за Северна Македонија.

И не, не се работи за тоа дека ја „ставаме под тепих“ темата Македонците во Бугарија. Само треба да бидеме мудри и да го забрзаме процесот за отворање на поглавјата и со тоа членството во ЕУ.

Кога ќе бидеме во клубот на еднаквите многу полесно ќе биде да го отвориме прашањето за Македонците во Бугарија, ама за тоа треба политички прагматизам, а не жестоки радикални методи кои само ќе не одалечат од целта.

Уште два три реда за сигналите за промените во стратегијата за проширување на ЕУ.

Во целиот овој контекст сликата ја дополнуваат и кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина, визната либерализација за Косово, како и нивната апликација за членство во ЕУ, прифаќањето на Хрватска во еврозоната, како и „дисциплинската“ за Бугарија по тоа прашање…

Од сето ова станува јасно дека, ако не сите, тогаш поразумните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги препознаат овие сигнали и со чиста совест да ја прифатат иницијативата за промена на Уставот и да учествуваат во уште еден голем и историски чекор. Да бидат запаметени како личности што во прв план го ставиле националниот интерес на државата, наспроти инаетот на нивниот лидер кој секое утро се буди со една единствена амбиција да биде премиер наместо премиерот, повторувајќи ја мантрата „предвремени избори, предвремени избори, предвремени…“.

Tags: анализиблокадаВМРО - ДПМНЕинтеграцииЛевицаНикола ГруевскиПреговориХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ