• Latest

Награди за најуспешните стории на граѓански новинари

December 22, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Награди за најуспешните стории на граѓански новинари

December 22, 2017 16:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска во хотелот „Сити Парк“ додели пет награди за најуспешните и највлијателните стории на граѓански новинарки и новинари. Овие награди се првите од третата година на долгорочниот проект „Граѓански објектив“.

Комисијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода на 2о декември 2017 година, ги разгледа и оцени пристигнатите материјали за натпреварот „Биди граѓански новинар” и ги награди петте најуспешни, највидливи и највлијателни стории.

Една од двете четврти награди е доделена на дваца млади граѓански новинари кои неодамна станаа дел од единицата ЦИВИЛ Млади, Стефан Саздовски и Давид Стојановски. Наградена е анкетата посветена на 29 ноември, некогашниот празник на поранешна Југославија – денот на Републиката.

Втората четврта награда замина во рацете на Денис Јанкуловски за видеото #БарамОдговор кое е посветено на Државната изборна комисија, оставките на членовите на комисијата и бонусите кои тие си ги делеле во текот на изминатата година.

Третата награда е доделена на Дамјан Темков за сторијата „Чуму забрана ако не се почитува“, видео сторија за непочитувањето на забраната за автомобили на Водно за време на викендите, една од мерките на градоначалникот Шилегов во борбата против енормното загадување во Скопје.

„На улица – Џон Кенеди, Чаир“ е видео-сторија на Ајдин Шерифи во соработка со ЦИВИЛ Медиа, која ја доби втората награда.

Првата награда, овој пат ЦИВИЛ ја додели на граѓанската новинарка Даниела Мирчевска за сторијата „Итен случај заглавен на паркинг“ која се однесува на проблемот со движењето низ улиците на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, којшто многу често е на штета на пациентите кои како итни случаи интерклинички се пренесуваат од една на друга клиника.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓански новинариГраѓански објективна улицанаградисториихаос на клиника
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result