• Latest
Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Народниот гнев како змија во пазувите на власта

March 22, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Народниот гнев како змија во пазувите на власта

Корупцијата кај нас е одамна во зона на самоодржливост. Оттаму при драматични настани од овој тип истрагата тешко може да биде објективна ако актуелната влада треба да ја води бидејќи лесно може да замижи над сопствената одговорност. На ова опоменуваат светските искуства. А народот веќе веднаш почна да реагира, има искуство од порано и веднаш се сомнева во исходот на истрагата

March 22, 2025 10:49
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Јавен собир во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

На навистина големиот и достоинствен собир на платото на УКИМ во понеделникот, 17 март, ден после страотната несреќа во која животот го изгубија 59 лица а сега веќе над 196 лица се сместени во болнички кревети во земјава, регионот и пошироко, три присутни млади лица се онесвестија.

Масата народ реагираше, бараше да се повика брза помош и да се прекине со говоранциите на кои беа непотребно изложени подолго од пристојното време за планираниот настан. Не можеа сите да издржат на дождливото време на нозе, и заради емоциите кои постојат кај нив по повод масовната смрт на пред се нивните врсници од Кочани. Можеби пак и заради општата истоштеност… а кога се работи за студенти може и заради гладот, хроничната состојба кај дел од оваа социјална групација.

Види кој ми зборува!

Во екот на исвиркувањата на кои наиде министерката за образование на овој собир, каде не беше најавена, просто се шверцуваше зад грбот на ректорката од која веројатно имала повик, таа продолжи со својата говоранција, па дојде и оваа помисла за евентуалната истоштеност од изгладнетост на дел од присутните. Само неколку дена претходно истата таа министерка објави дека вреднувањето на студентскиот оброк ќе остане на старата цена од 140 денари.

Демек доволно покривала, иако е таа сума уште пред стампедото на цените на прехранбените продукти со кое токму нејзината влада не може да излезе на крај! Добро, ќе речете нема пари за многу работи, ама внимавајте на ова итроманство – во стартот на обавувањето на својата функција Јаневска го одбива барањето на СОНК за зголемување на платите за 12 отсто, бидејќи, парите за некакви скокови во оваа сфера ќе ги пренасочи кон студентите и тоа за довршување на санацијата на студентските домови и за скок на хранарината кај оваа групација која на тој 12 август лани била со ист износ колку и сегашната.

Значи врзете ги тие датуми, лани и сега, темата на оброкот, министерката која ветува и одрекува и собраните студенти! И доаѓате лесно и до истоштеноста кај дел од масата и до дилемата зошто таа функционерка воопшто си дозвола на студентите да им излезе пред очи. Настрана фактот што министерката Јаневска говореше пред вратите на Филозофскиот факултет каде практично укинува катедри по цели насоки (!), како што веќе забележуваат од наставничкиот кадар на дел од УКИМ.

Оваа недоличност во настапот на владејачката гарнитура е илустрација за општата ситуација во земјава во моментот. Како дел од најважниот сегмент од мозаикот на постапките на Владата на Мицкоски. Затоа – спротивно секако на начинот на кој треба да се влезе во темата, нека ми простат студентите по журналистика – го земав овој момент како почетокот понесен од моментните слики на мојот лап топ (не на тв програмите, не барајте таму потврда за овој груб инцидент што го опишав).

По пат одам, по пат размислувам

Да, министерот за внатрешни работи Тошковски кој е 14 месеци во својата фотелја (уште во време на техничката влада пред изборите во мај 2024 година) веројатно бил свесен за тежината на веста за големиот број жртви во еден ноќен клуб во Кочани.

Додека се облекувал за да дојде на лице место на настанот а веројатно и додека патувал кон градот на оризот барем една од мислите му била присутна – што ќе стане со нашата власт, како народот ќе реагира на толкав број на жртви, дали ќе бидеме нападнати во јавноста и како тоа да се одбегне. Не ми е познато дали тој знаел дека романската влада на Виктор Понта паднала во ноември 2015 година заради тоа што во пожарот во Букурешт тогаш загинале 64 лица а 200 посетители се здобиле со изгореници! (за овој случај, прочитајте во анализата на ЦивилМедиа)

Немало голем број на демонстранти на улиците на Букурешт – 15.000 првата ноќ по несреќата, а двојно помалку следната вечер, но претседателот Клаус Јоханис ја прифатил оставката на премиерот, што значи владата паднала по оваа трагедија. Потоа ги повикал кај себе претставниците на демонстрантите, на политичките партии и на невладиниот сектор за да се договорат како да се надмине кризата. Да додадеме дека во тој миг официјално имало 33 мртви, ама до формирањето на нова влада тој број се удвоил.

Ова е просто реакција на еден одговорен претседател и одговорна влада пред својот народ што кај нас во актуелниот случај нема да се случи, без било какво сомнение.

За големите несреќи каде и да се свртиш секогаш ќе се сопнеш до одговорност на актуелната власт, тоа е просто неизбежно. Освен ако истата не е во можност да ја извршува својата власт, што премиерот Мицкоски секако би го отфрлил со индигнација. Колку за нашата претседателка, која смета дека не треба да свикува ниту Совет за безбедност и кога атомската апокалипса ни доаѓа до прозорецот, за вакви внатрешни прашања просто се самоисклучува. Ете Мицковски се самопрогласи за оној кој дава амнестија за градоначалникот на Кочани, кој без сомнение по функција мора да биде виновен, најмалку за неизвршување на свои функции.

Каде се обвинителите, говори само оној кој треба да е нивно орудие, а не диригент

И се враќаме во Кочани на денот на несреќата – во мигот на стапнувањето на министерот за внатрешни работи во овој град веќе чувме дека  го рашири прашањето на вина на сите што имале функции во изминатите 30 години?! Добро, според идеолозите на оваа партија можел да оди и до Александар Македонски наназад  (историчарите тврдат дека неговата фаланга убила два милиони луѓе) ама сепак се задржал само на поновата историја.

А настаните ќе покажат дека веќе во главата создал цврста рамка во која својата улога ја концентрирал на тоа да добие истрага која ќе импонира со својот квантитет (опфатени лица по можност со истражен затвор приде) ама и при максимално одбегнување на истрагата од сопартијците! Е тоа е равенка со дури две непознати, што е навистина тешко да се реши, па втората половина на првиот ден, во неделата попладне, значеше еден вид на преотстапување на местото зацементирано пред новинарите и камерите на – обвинителите, пристигнати во градот, кои, според кривичната постапка си ја имаат по словото на законот.

Барем кај нас и во демократските земји секако.

И тука веќе некои работи, во првите изјави на републичкиот јавен обвинител,  изгледаа дека ќе се потсредуваат; но ова само откако министерот за внатрешни сфати дека не може постојано да натура некакви негови сознанија (без да има потврда дека истрагата навистина  ја води под диригентската палка на обвинителите) ама и дека треба да одговара на конкретни прашања на јавноста а тој велеше како папагал – „ве молам оставете не да работиме“. Потоа дури започна со нешто што може да се процени како закана за новинарите кои се осмелија да му ги поставуваат вистинските прашања.

Не минува партискиот пи-ар

И следниот ден граѓаните на Кочани јасно покажаа дека оваа тактика на правење на партиски пи-ар не може да помине, бидејќи, тие добро знаат макар од ракурсот на своето место на живеење, кој е сопственикот на клубот, кој седи и го користи неговото луксузно кафуле во центарот на градот, кои луѓе се дел од врските кои можел да ги поседува ама и колкава била пасивноста на градоначалникот Папазов.

А во текот на неговото раководење со градот кое трае три и пол години и доволно е долго тој да ги види, осознае сите аспекти на живеењето во тој град и да ги спречи сите идни, тогаш потенцијално опасни, за неговиот град. Обејктивно со своето чинење или нечинење тој ги заработи ознаките низ градот следниот ден, во понеделникот напладне „Рацете ви се крвави“. Тој е на врвот на одговорноста за крвавиот настан, бидејќи, градот има свои јасни надлежности во таа област.

Како се добиваат дозволи

Впрочем, нема да се спориме околу надлежноста!?

„Клубот немал валидна лиценца, бидејќи, не ги исполнувал условите. Во лиценцата стои дека угостителски објект може да работи како кабаре или диско клуб, односно до 4 часот наутро. Затоа и ги вадеа тие лиценци за да можат да работат до доцните утрински часови. За тоа дали угостителскиот објект имал лиценца општината морала да знае, бидејќи парите мора да легнат на општинска сметка. За еден клуб да добие лиценца потребно е повеќе државни органи да извршат проверка. Министерство за транспорт издава дозвола за објектот да видат дали објектот ги исполнува урбанистичките и безбедносните услови. Потоа полицијата треба да провери дали објектот има доволно паркинг простор, 2-3 излези, излез за евакуација“, изјави Стојко Пауновски, поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат.

И практикантите – почетници  во изработка на ПП заштита, која е задолжителна за сите објекти, за оние кои се во јавна употреба пак да не говориме, знаат дека МВР има битна и незаобиколива функција и тоа почнувајќи од прегледување на проектот (елаборатот), проверка на објектот на лице место се до контролата која се прави повремено а по нивна оценка и почесто! Голем баласт за самиот Тошковски, секако а тој тоа го знае.

Има таму службеници кои го работат горенаведеното и никој место нив не може тоа да го стори. Кај нив се печатите како гаранција дека објектот е доволно заштитен од пожари и може да се користи. Таа функција не е фиксирана за само еден датум туку претпоставува и повремени контроли а тие треба да ги вршат – локалните полицајци. И да дојават таму каде што треба. На своите надредени, пред сé.

Што сé нема во шупата со звучно име

Во својот прв подетален извештај за првите истражни дејствија републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски наброја што најдоа или подобро – што не најдоа во изгорениот објект.

„Од увидот на поголемата група јавни обвинители, заедно со инспектори на ДЗС, било констатирано дека објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант во близина, имало само два ПП апарати, просторот бил обложен со сунѓер. Немало пристап за противпожарни возила од две страни. На ѕидовите немало противпожарно отпорен материјал, немало врати со противпожарна отпорност, ниту систем за кочење на вратите, ниту систем со јак звучен сигнал за сигнализација на гостите.

Заедно со обвинителите бил и државен инспекторат за урбанизам, по што констатирано е дека објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустрија. Не е извршена пренамена на објектот во угостителски објект. „И покрај тоа што за објектот нема пренамена, тој имал дозвола за работа од Министерство за економија за угостителски објект издадена пред 15 години“, рече Коцевски.

Да се задржиме за час на безбедносниот аспект. Фактичката контрола внатре ја имале луѓе од агенцијата Рубикон. Сопственик на истата е извесен Јане ама на социјалните мрежи се тврди дека тој е само кавер (покритие) за вистинскиот газда, а тоа е веќе втор висок партиски функционер на ВМРО ДПМНЕ – Александар Нацев!? Ова би можело да објасни некои нервози кај власта во овој момент.

Тие се директно задолжени за редот и мирот во клубот (кабарето), а за што сé биле задолжени не се знае, бидејќи, според републичкиот јавен обвинител договор меѓу двата субјекти нема!

Оттаму со лисици во затвор со решение за наредните две деноноќија отидоа три лица кои биле таа критична ноќ во клубот „Пулс“. Имаше и колеги кои жалат за тој чин тврдејќи дека тие спасиле многу животи, но да се надеваме дека истрагата ќе дојде до вистинското име.

Тоа секако може да е споменатиот Нацев кој уште првиот ден по несреќата беше споменат на Фејсбук. Кој е тој? Според „Фокус“, тој е поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Александар Нацев. Тоа – мора да се признае – е висока функција а неделникот се интересирал за него заради поднесената кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го товарело Нацев за злоупотреби при јавните набавки. „Пријавениот, како директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија, во периодот од 20.01.2015 до 03.08.2017 година, за свои лични потреби, а на штета на Буџетот на РСМ, злоупотребил буџетски средства во вкупен износ од 1.040.616 денари, додека со непочитување на законските одредби од Законот за јавни набавки и без спроведување на постапки за јавна набавка, на штета на Буџетот на РСМ, за трети лица овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари“, објави Фокус.

Но тој бил и проректор за настава на Европскиот универзитет. На социјалните мрежи се појави аларм дека ова лице ја брише фотографијата со знакот на оваа обезбедувачка агенција, а ја чува само онаа од Европскиот универзитет. На што тоа насочува? Јасно на врските кои можат да се најдат во однос на диското „Пулс“ (терминот кабаре што се користи за таква регистрација овозможува објектот да работи до 4 часот наутро, но кабарето е нешто сосема друго и претпоставува многу потивки забави пред се, седење на публиката на маси на кои се служи јадење и пиење и соодветни изведувачки точки, најмалку присуство на стотина и повеќе од тоа присутни) треба сериозно да се третираат.

Прашање е што ќе покаже истрагата, а тоа е појдовна позиција од каде лесно на виделина ќе излезе мостот меѓу моќниците и сопственикот на изгорениот објект каде загинаа до сега 59 лица и во тешка состојба се над 160 други посетители.

Но ако нема високи функционери на владејачката партија засега во истрагата (освен градоначалникот), тука се оние врзани за Министерството за економија. Улогата на ова министерство е погоре објаснета, но според обвинителот Коцарев, тоа министерство одлучувало за пренамената на објектот, оној кој од магацин за теписони се претвора во угостителски објект односно објект за забава.

По неговата изјава тоа се случило пред 15 години, значи во 2010 година. За таков чин секако треба да се поднесат многу документи а кој би можел даде потпис? Пред изборите и Владата оформена во 2011 година министер за економија била Вера Рафајловска од НСДП. После 2011 година пак министер бил Валон Сарачини. Потоа дозвола за работа на објектот официјално е издавана на секои две години што значи дека таа минала многу кабинети, главно секогаш во владите на Груевски сé до изборите во декември 2016 година.

Имало тука и-ха-ха потписи и печати. Како никој од нив не е ставен во истражниот пакет? Зошто е избрана само последната влада на коалицијата СДСМ-ДУИ?

Јасен е обидот на оваа власт не само да се спаси од исвиркувања туку и да профитира од овој настан! Но, погодете зошто паднала романската влада во 2о15 година Можеби таму оној министер кој бил надлежен да потпишува бил чист. Или премиерот да го амнестирал, како Мицковски својот градоначалник, за што секако е ненадлежен и за тоа треба да го опомене, во најмала рака претседателката на државата!

Романската влада и секоја друга во ваков случај на масовни жртви дава отставка заради тоа што во вакви истраги таа може да се изземе себе си или свои луѓе при процесот. Ете затоа. Впрочем, да се потсетиме дека токму Мицкоски како опозиционер во време на трагедијата во тетовската болница инсистираше на оставка на владата. Беше тоа среде епидемијата од корона а Владата на Заев се согласи истрагата да ја препушти на екипа која ја даде владата на Меркел и за тоа се постигна политички договор. Сега се слуша Мицковски не сака да има меѓународна истрага. Јасно е и зошто.

Впрочем корупцијата е самоодржлива – владите можат да се менуваат, а таа останува. Како што рече неодамна еден научник, сега навистина не можам да се сетам на неговото име, ако мислиш дека корупцијата лесно се победува или си многу наивен или си – соучесник.


Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Панче ТошковскиПремиерот Христијан Мицкоскитрагедија во КочаниУКИМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ