fbpx
  • Latest

Паник-тастер во ВМРО-ДПМНЕ

December 8, 2022

Ердоган прогласи еднонеделна жалост; Турската нуклеарна безбедност не е загрозена

February 6, 2023

Училиштата во Туркије ќе бидат затворени една недела

February 6, 2023

Градот на солидарноста поради Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ затаи со хуманоста

February 6, 2023

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

February 6, 2023

Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

February 6, 2023

Дезинформација е дека Груби не се поклонил пред гробот на Делчев

February 6, 2023

Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

February 6, 2023

Расте бројот на жртви во земјотресот во земјотресот во Туркије и Сирија

February 6, 2023

СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДУИ бараат итна седница на Советот на Град Скопје за помош на настраданите во земјотресите во Турција

February 6, 2023

Повредени двајца македонски ученици во земјотресот во Туркије

February 6, 2023
PENTAX DIGITAL CAMERA

Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

February 6, 2023

Видео од новиот земјотрес што ја погоди Туркије

February 6, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Ердоган прогласи еднонеделна жалост; Турската нуклеарна безбедност не е загрозена

    Училиштата во Туркије ќе бидат затворени една недела

    Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

    Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

    Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

    Расте бројот на жртви во земјотресот во земјотресот во Туркије и Сирија

    СДСМ, ЛДП, ДОМ и ДУИ бараат итна седница на Советот на Град Скопје за помош на настраданите во земјотресите во Турција

    Повредени двајца македонски ученици во земјотресот во Туркије

    PENTAX DIGITAL CAMERA

    Во Брисел почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“

    Видео од новиот земјотрес што ја погоди Туркије

    Trending Tags

    • ПОЛИТИКА

      Градот на солидарноста поради Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ затаи со хуманоста

      Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

      Над 2.000 загинати во земјотресот во Туркије и Сирија, повредени и двајца македонски ученици, помош најави АРМ и МНР

      Дезинформација е дека Груби не се поклонил пред гробот на Делчев

      Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

      МНР најави помош за Турција

      Домашните опскуранти од групата „TNT“ не успеаја во својата аудиција, а Бугарите манифестираат недемократско однесување

      Од „љубовта“ на Москва и кон Делчев и санстефанска Бугарија настрадаа македонско-бугарските односи

      Ковачевски: Ужасна вест за земјотресот, длабоко сочувство кон Ердоган

      ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

      Пендаровски изрази сочувство до Ердоган по силниот земјотрес во Туркије

      Trending Tags

      • ЕКОНОМИЈА
      • ОПШТЕСТВО

        Пендаровски: Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот

        Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

        МНР најави помош за Турција

        Твитерџиите му одговорија на Стојанов: Полицаецот кој не дозволи понижување на Македонија и Македонците има име, Оливер Спасовски

        Спасовски се заблагодари на македонската полиција, граѓаните, медиумите и медиумските работници за достоинственото чествување на великанот Гоце Делчев

        Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

        Мирно и достоинствено одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

        Trending Tags

        • СЛОБОДНА ЗОНА
          • Категорија
          • MIDNIGHT EXPRESS
          • БЕЗ ФИЛТЕР
          • БЛИЦ
          • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
          • ОД КОРНЕР
          • ПО ДОПРЕН ГЛАС
          • ПОЕНТИ
          • ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ
          • РАФАЛ
          • СТАВОВИ

          ВМРО АМНЕСТИЈА

          Фото: Ангел Ангеловски / ПМД

          Ниту стотици Бугари, ниту полиција од Софија, институциите на висина на задачата- само Гоцевиот културен натпревар има смисла за иднината

          ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина

          Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии: Што ќе посееме, тоа ќе жнееме

          Политичката (не)култура на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја исфрли земјата од друштвото на земји со функционална демократија

          Војо Маневски

          Правосудни состојанија

          На повидок е предлог за креативно решение за брза интеграција на дел од земјите од Западен Балкан во ЕУ

          „Патриотите“ откако го одбранија Аце – ќе го бранат Гоце

          Trending Tags

          • АНАЛИЗИ
          • РЕГИОН
          • СВЕТ
          • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
            • Категорија
            • БОРОТЬБА УКРАЇНИ
            Фото:  канцеларијата на претседателот

            Зеленски: Ситуацијата е многу тешка во регионот на Доњецк – во тек се жестоки битки, но мораме да издржиме

            Климкин: Ембарго на нафта, ограничување на цената, загубите на Русија може да достигнат 125 милијарди долари годишно

            Клеверли: Давање оружје на Украина е единствениот пат до мир

            Преку платформата United24 собрани скоро 279 милиони долари за поддршка на Украина

            Фото: Укринформ

            Резников: Независноста на воената индустрија е една од фактори на одбранбената способност на земјата

            Фото: Укринформ

            Британско разузнавање: Украина ја задржува контролата на повеќето логистички правци околу Бахмут

            Фото: Укринформ

            Рускиот терор врз цивилното население и критичната инфраструктура продолжува, на удар Харкив, Херсон, Запорижја, Донецк

            ISW: Русија не може да издржи повеќе големи офанзивни операции

            Руски МиГ полета од Белорусија, објавена тревога. 500.000 луѓе останаа без струја

          Civil
          No Result
          View All Result

                  Home ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

                  Паник-тастер во ВМРО-ДПМНЕ

                  Во кабинетот на Мицкоски одамна звучи паник-тастерот. Ем го притискаат силно од Западот околу името, ем се готви голема чистка во правосудството, за што партијата му има многу путер на главата што сега се цеди низ лицето, го напушти со заедничките бизнис планови неговата голема инвестиција - Арсовска, значи ја нема ни поткрепата и на Груевски, па ситуацијата на улиците на градот со идеолошкиот предзнак на русњаците делува премногу ризично да се има во работната соба

                  December 8, 2022 09:11
                  in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 10
                  Share on FacebookShare on Twitter

                  ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

                  Она што се случува на скопските улици деновиве, без сомнение, го има белегот на веќе стара вмровска тактика. Колку и да поминуваат годините од добата на доаѓањето на екипата на Никола Груевски на власт во 2006 година, начините на кои се пројавуваат методите за создавање хаос во земјата за полесна транзиција во институциите на власта се во знакот на евидентен копирајт.

                  Ако околностите се повторуваат и прошируваат како пред 16 години (партијата е предолго во опозиција, нејзини симпатизери и финансиери се во истрага или се пројавуваат како обвинети во судски процеси, побегнатиот премиер предолго и нервозно е во егзил, чекајќи на промена на власта) време е за посегнување по испробани оружја.

                  Формулата се нарекува – „Гласот на светлината“.

                  Се работи, нели, за име на невладина организација која започна да протестира и да блокира сообраќајници во главниот град, обидувајќи се да ги прошири и во другите градови. Повод беше продавањето на дел од тогашното ЕСМ  – организациониот дел задолжен за наплата на потрошена електрична енергија на австриската ЕВН за вредност од 200 милиони евра, со право да си ги наплати, ако успее, напластените долгови од веќе подзаборавените сметки.

                  КОРЕОГРАФИЈА Ленин се појави во маскирна униформа, значи прифаќа војна, но тој се повлече, само го запалил огнот

                  Против парите од ЕВН, но не и ако влезат во нивниот џеб

                  Да појасниме накусо – согласно со прифатените мерки во рамките на програмите на Европската унија во областа на енергетиката, нашето ЕСМ беше задолжено да се подели на три сегменти – производство, дистрибуција за големи потрошувачка и наплата и дистрибуција за мали потрошувачи.

                  Земјава веќе беше прифатена како кандидат за влез во Унијата од 2005 година и отпочнуваше со некои обврски што произлегуваа од тој чин. Влезот на ЕВН во земјава беше легитимен, ама на Груевски му се чинеше дека е тоа добар повод за социјални бранувања, во смисла дека народот треба да се свести дека „се предаваат национални богатства“.

                  Дали тоа би создало голем број приврзаници и би се претворило во масовен отпор кон владините политики? Па како одговор на таа дилема, после пречекот на Новата 2006 година се направени блокади со стари автомобили на значајни крстосници. Отпрвин беше блокиран влезот и излезот на град Скопје од правецот исток, односно кај АСУЦ Боро Петрушевски, со што се оневозможуваше дури и царинење на стоките кои се увезени, целиот сообраќај кон клучните дестинации и тоа во периодот од утрото сѐ до 17 часот.

                  Протестите од тој вид продолжија во текот на целиот јануари 2006 година, а се префрлија и во февруари. Стануваше сѐ понепријатно за граѓаните и стопанството. Доаѓањето на високи делегации од ЕУ посебно беа „инспиративни“ – членовите на Здружението, чиј претседател беше една студентка од Педагошката академија, анонимна личност пред и после протестите, сакаше да предава писма против приватизацијата на ЕСМ (едно беше наменето за Баросо, претседател на Европската комисија од 2004 година), но уважените гости успешно ги одбегнаа оние кои правеа блокади и пред самата Влада.

                  На чело на македонската Влада тогаш беше Владо Бучковски и неговата екипа реагираше со промена на условите за одржување на јавни протести, само што тоа малку ги засегнуваше организаторите, иако интервенции на полицијата зачестија. Потоа, се донесе одлука парите од приватизацијата да се депонираат во форма на девизни резерви на државата, како би се одбегнала шпекулацијата дека се работи за средства што некој би ги присвоил, но и тоа многу не помогна.

                  Практично, сдсм-овската власт на два пати ги честеше своите противници со големи средства од продажба на големи системи (владата на Љубчо Георгиевски ги користеше парите од продажбата на Телекомот, а владата на Никола Груевски од продажбата на делот на ЕСМ!).

                  МЕДЕНА ЗЕМЈА Ах, тоа наликуваше на долго и слатко пријателство

                  Никако да се обезбеди доволна „војска“ за нови протести

                  Во основа, целта на тие протести ОД ЗИМАТА 2006 ГОДИНА беа да се направи општа нервоза, на моменти и да се предизвика масовна хистерија кај обичните луѓе кои беа спречени во нормалните дневни активности, секако и на фирмите кои не можеа без нормален сообраќај, па гневот беше насочуван кон, погодете – Владата.

                  Нарушувањето на секојдневието беше оценето како неможност на државата да функционира како што треба, односно како нејзина неспособност да обезбеди „ред и мир“, што веќе е пледоаје кон правење на атмосфера за нејзина промена. Процедурална, во форма на предвремени избори или вонредни, во некакви анархични ситуации.

                  Јасно, повторувањето наликува на фарса, посебно што во редовите на ВМРО-ДПМНЕ веќе постои паник-тастер. Оние кои го поставија на лидерска позиција Мицкоски, сметаа на неговата потпросечност како лидер, бидејќи таа не им пречеше во услови кога тој требаше да биде, шаховски речено, пион кој изигрува крал. Сето друго требаше да биде во рацете на други протагонисти, помалку или повеќе познати.

                  Сега, во Палачинката на Плоштадот на ВМРО е вклучен паник-тастерот, бидејќи, обидите на професорот од Машинскиот факултет да направи свои „гласови на светлината“ досега испаднаа ептен јалови, иако место старите и искршени стојадини на блокади одеа нови и супер модерни возила. Едноставно, тој беше профилиран како „генерал без војска“.

                  Неочекуван судир на интереси

                  Посебно со раскинот на коалицијата Груевски – Мицкоски која настана откако дојде до првиот судир на интереси околу тоа кој треба да ги искористи парите за изградба на пречистителна станица на скопската канализација. Интересот на македонската дестинација на ДПМНЕ е наклонета кон „германската варијанта“ (и тука може лесно да се дојде до трагата на ЕВН, каков парадокс) или на будимпештанската енклава, која би стоела зад американско-турската понуда.

                  Тука е секако битно да се процени дали Арсовска се одлучила да оди во инвестицијата со некаков соло апетит, потпомогнат од некои нови интереси, ама видливо е и од аспект на моето маало дека поделеноста кај членството постои. Лепачите на плакати во форма на пропагатори по автобуси и јавни површини (пензионери во парковите и слично) веќе велат дека „во времето на Груевски сѐ беше подобро“, но не како потпора на Мицкоски, туку како израз на недоверба кон „неспособниот“ сегашен лидер на т.н. најнародна партија.

                  Поводите за таквите хајдпарк тиради се најчесто приземни – изгубени работни места, неостварени ветувања за вдомувања во локалните буџетари после победата на изборите одржани пред 14 месеци, неможност да се извлечат од затвор уапсените после пучот од 27 април 2017 година и така натаму.

                  Но можно е сентиментот кон „побегуљата“ Груевски од презир кон него да се претворил во нешто спротивно со фактот дека тој мора нешто да преземе за да го одржи мостобранот до Скопје, претходно одржуван со оние кои требаше да ги продолжат неговите дела или едноставно „ги болеше грло“.

                  Или, пак, целосно да се отиде во заборав, со што, да не заборавиме, Грујо би ја девалвирал својата позиција на убавиот син Дунав, бидејќи, освен неговите пари, таму се заинтересирани и за него, како политички играч на сѐ повеќе изолираниот Орбан!

                  ПРИСНО Тој нему поддршка, тие нему нова иднина – Арсовска говори за 150 унгарски автобуси

                  Каде лежи зајакот?

                  Впрочем, обзнанувањето на едно од маслата за подмачкување на врската меѓу Арсовска и Мицкоски, а виа Будимпешта, е замислата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да посредува во купување на нови 150 автобуси со непозната марка, ама со обележје „мејд ин Унгарија“. Тоа би била секако добивка од типот „три во едно“, во кои би биле задоволни сите главни партиски играчи, тука и во странство.

                  Па и следниот значаен играч во тоа профитно оро веројатно видел за себе десерт: Ленин Јовановски, неразделен предизборен „шетач“ (по скопски жаргон) и на Арсовска, ама и на Мицкоски, чии навики за кафеански мераци беа до скоро непознати, сега извесни од не многу пожолтени фотографии. Тие автобуси, јасно, би биле згоден плен на Слобода превоз за истрошената и срамна за гледање ергела на Јовановски да добие убава замена, во некаква прифатлива варијанта и тој да стане сега веќе достоен партнер на ЈСП!

                  Така гледано, претходниот градоначалник Шилегов, кој сега признава дека Јовановски бил коректен за соработка (!), но би додале – неприфатлив со неговата визија за иднината на превозот на скопјани, за што обезбеди и поволен кредит од 70 милиони евра (е тука веќе кршевите на Ленин нема што да бараат) и тој станува заеднички непријател.

                  ИДИЛА Градоначалничката во Ленин виде упорен „шетач“ во предизборната кампања

                  Чуму таква парада, Ленине?

                  Економскиот интерес секако оди пред секаков друг, иако идеологијата тука никако не може да се тргне настрана кога се говори за актуелните неволји за граѓаните. Имено, после враќањето на заканите за подметнати бомби во нашата стварност, блокадата на сообраќајниците во градот не може да се оттргне од подземните инсталации на Москва во земјава.

                  Ленин е веќе одамна „надземен“ пропагатор на Путиновата Русија, секако и како личен пријател на Владимир Владимирович. Тој е толку близок до овој лик што останатите протагонисти на рускиот задоцнет империјализам делуваат и како „џуџиња“. Да речеме, лидерот на Левица објави веќе едно – да го наречеме електронско мрморење – дека има лични дилеми дали блокадите со автобуси имаат легални основи (!).

                  И ова можеби доаѓа од тоа што во еден дел од деноноќно паркираните кршеви (протестот кај Црвениот крст) се случува под прозорците на офисот на Левица? Но, можеби има тука и некаква политичка суета, која кај него може да постои, бидејќи, одеднаш тој станува неважен во тој триаголник на разочарани пријатели (Арсовска – Мицкоски – Ленин). На 6 декември, на Фејсбук беше објавена порака, која до крајот на денот исчезна (!! во која му се забележува на Мицкоски дека, ако сега извел 200 автобуси на улиците, зошто не ги изнел порано, кога била во тек „битката“ против францускиот предлог за разрешување на бугарско – македонскиот спор.

                  Се забележува и на полицијата дека нема исти критериуми кога дејствува против оние кои го напаѓаа Парламентот, фрлајќи запаливи коктели, а кои добиваа и казни за непрописно паркирање. Таа порака секако јасно укажува дека јуношите на Левица се чувствуваат изиграни и злоупотребени, ама некој во оваа партија сепак се отрезнил, па нападот врз шефот на ДПМНЕ и пораката исчезнаа. Кој прочитал, прочитал…

                  Откако му стана јасно дека биографијата на Ленин станува непријатна за Мицкоски, истиот се појави во средата наутро пред камерите во воена униформа. Таа костимографија навистина назначува дека „ќе се бори до крајот“, ама во ораторскиот дел тој назначи дека се повлекува од позицијата на чело на протестантите и ги остава самите од, тој час, во иднина, да одлучуваат за потезите. Ова секако е збунувачки – ем јунак, ем место во заднината. Чуму тогаш таква парада?

                  Во изјавата на Ленин стои дека не сака некому политички да штети и дека оној кој ја прифаќа неговата биографија го ризикува идентитетот како борец за некакви права. Му смета на Мицкоски, недвојбено, бидејќи неговите напори, незадоволството од прекинот на сообраќајот да го префрли врз политичките опоненти, не делува сериозно. Или барем не во обем од кој очекуваше реприза на настаните од времето на „Гласот на светлината“.

                  Дури и кога дел од електронските медиуми му помагаат со изрежираните (селектирани) изјави на незадоволните скопјани, во што како да предничи националниот радиодифузер! За тие изјави е релеватно дека власта е крива! Ленин дури рече дека ги остава протестантите сами да одлучуваат за идните потези (!) откако се обидел да ги тргне од улиците (?!). Демек јас ги натерав да излезат на радикални протести ама тие сега „нека му ја мислат“. Или – „го запалив огнот, а вие гасете го“.

                  Затоа, во кабинетот на Мицкоски одамна вреви паник-тастерот. Ем го притискаат силно од Западот околу името, ем се готви голема чистка во правосудството, за што партијата му има многу путер на главата што сега се цеди низ лицето, го напушти со заедничките бизнис планови неговата голема инвестиција – Арсовска, па ситуацијата на улиците на градот со идеолошкиот предзнак на русњаците делува премногу ризично. А и фотографиите од дружбата.

                  Ако му е за утеха на лидерот од Палачинката политичката вртимушка Павле Трајановски реши дефинитивно да му се придружи во отпорот кон промените на Уставот. Може ли тоа да му донесе утеха и привремен мирен сон на Мицкоски?

                  Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
                  Print Friendly, PDF & Email
                  Tags: АпасиевАрсовскаБудимпештаВМРО-ДПМНЕГруевскиЕВНЈСПЛенинМицкоскиМоскваСКОПЈЕ
                  Share33Tweet21Share
                  germanEmb
                  hbs

                  CIVIL MEDIA NEWSLETTER

                  Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

                  Uslovi
                  CivilMedia

                  СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • АВТОРСКИ ПРАВА
                  • МАРКЕТИНГ

                  Следете нè

                  No Result
                  View All Result
                  • ДОМА
                  • ВЕСТИ
                  • ПОЛИТИКА
                  • ЕКОНОМИЈА
                  • ОПШТЕСТВО
                  • СЛОБОДНА ЗОНА
                  • ES-PRESS-O
                  • ЕДИТОРИЈАЛ
                  • АНАЛИЗИ
                  • РЕГИОН
                  • СВЕТ
                  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
                  • ЗА НАС
                  • ИМПРЕСУМ
                  • КОНТАКТ
                  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
                  • МАРКЕТИНГ