• Latest

Починати лица во Тетовско, „примале“ социјална помош!

November 23, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Починати лица во Тетовско, „примале“ социјална помош!

November 23, 2016 22:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 134 предмети, за утврдени 134 починати лица од Тетово и Тетовско и по нивната смрт, течела неоснована исплата на средства од буџетот на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Поради вакво постапување на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Тетово е извршена неоснована исплата на 1.818.996 денари, или речиси 30 илјади евра! А, тројца од 134-те починати лица, за кои продолжила исплатата на средства за „право на туѓа нега“ и по нивната смрт, сé уште фигурираат во Избирачкиот список, за што според најавите, ќе бидат известени МВР и ДИК!

„Како министер кој продолжува да се грижи за законитоста во работењето на јавните установи за социјална заштита и на Министерството, ги преземам сите неопходни мерки за уврдување на одговорност, преку соодветни пријави до надлежните инстиуции и преку воспоставен систем на контрола, особено во овој период. Со јавноста ќе ги споделиме сите незаконитости кои ги утврдивме преку законски спроведени постапки и обврски за надзор. Јавноста мора да дознае, како се злоупотребувале личните податоци на граѓаните, како се уништувала документацијата, поради прикривање на финансиски злоупотреби, како фиктивно и реално се делеле решенија како изборно ветување, со други зборови кажано – колкава била негрижата за чесното работење на одговорните“, изјави денеска министерката Фросина Ташковска Ременски.

Вонредниот инспекциски надзор во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Тетово се спроведувал шест дена, во присуство на директорот на Центарот, на раководителот на Одделението за парични давања и на двајца други стручни работници. Комисијата прегледала 234 предмети. Од нив, 194 – биле предмети на корисници на паричен надоместок, за помош и нега од друго лице.

Во моментов, според министерката Ременски, Министерството води повеќе внатрешни постапки за утврдување ваков тип злоупотреби, независно од постапките што ги води СЈО, со кое продолжува соработката во интерес на вистината и заштита на интересите на граѓаните.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: злоупотреби на социјална помошМеѓуопштински центар за социјална работа во ТетовоМТСПСЈОТетовоФросина Ременски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result