• Latest

Повик за учество на семинар за граѓански новинари во пелагонискиот регион

November 2, 2016

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Повик за учество на семинар за граѓански новинари во пелагонискиот регион

November 2, 2016 16:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода започнува со втората година од спроведувањето на проектот „Граѓански објектив“. Изминатата година беа одржани пет регионални семинари, повеќе обуки и предавања низ Македонија, а доделени беа и 45 награди на граѓански новинари за објавени фотографии, видео и аудио снимки и текстови за разни форми на кршење на гласачкото право, за притисоци, закани, уцени, корупција во изборен контекст… 

Секој втор месец, петте најуспешни трудови на граѓанските новинари ќе бидат наградувани со вредносни ваучери за набавка на фото/видео и компјутерска опрема, а првата награда е во противредност од 110 долари.

Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, како и секој што има барем основни вештини за пишување, повикан е да се вклучи во нашиот проект.

12239745_860326987419105_3175215269733778509_n
Семинар во Битола, 16-ти ноември 2015

По успешните семинари во текот на изминатата година, ЦИВИЛ го организира првиот во серијата на семинари планирани за оваа година, што ќе се одржи во Битола на 12-ти и 13-ти ноември во во хотелот „Театар“ со почеток во 10,00 часот.

Предавачи на овие семинари ќе бидат истакнати професионалци и експерти од областа на новинарството и активизмот.

За учество на дводневниот семинар може да се пријават полнолетни граѓан(к)и, жители на Битола, Демир Хисар, Ресен, Прилеп, Крушево и соседните општини.

Пријавувањето е до 10-ти ноември (четврток) онлајн или на monitor@civil.mk, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по една страница) во кои заинтересираните накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот. Секој учесник кој ќе ја заврши обуката, ќе добие и сертификат.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

Tags: Граѓански објективизбориМакедонијаМедиумисеминарЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ