Осум години подоцна, државата повторно се движи наназад. Истата партија — со ново раководство, но со старата политичка логика — ја враќа земјата на авторитарните шини во обратната насока од ЕУ.
Ја гледаме познатата матрица: партизација на институциите, контрола врз медиумите, напади врз критичките гласови, релативизирање на сопствените злоупотреби од минатото и сегашноста, и постепено враќање на логиката дека државата му припаѓа исклучиво на победникот на изборите. Накратко – државата повторно е заробена. Разликата е само во стилот и лицата пред камерите. Суштината останува иста.
Џабир Дерала, во колумната „Нека е честит Црниот понеделник“, ЦИВИЛ Медиа, 24 декември 2025















































