Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, предложен од пратениците од Европскиот фронт, односно ДУИ.
Цивил Медиа следејќи ја темата, го поставува прашањето – Што мислите за идеите за ограничување или забрана на игрите на среќа, коцкарниците, кладилниците?
Ова прашање го постави ЦИВИЛ на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа