• Latest

Премиерот Заев на Самитот за Западен Балкан во Лондон

July 9, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Премиерот Заев на Самитот за Западен Балкан во Лондон

July 9, 2018 10:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев во чиј состав се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров, денеска и утре учествуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Лондон.

Како што соопшти владината прес-служба, централните настани на Самитот започнуваат утре со приемот на премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј за шефовите на делегациите на земјите членки на Берлинскиот процес, и на земјите членки на ЕУ присутни на самитот, како и за претставниците на Европската Комисија.

Како воведна програма на Самитот денеска во Лондон се одржуваат уште две  од трите работни програми на министерско ниво. Работната програма за безбедност на која учествува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и за надворешна политика, билатерални спорови и наследство од минатото на која учествува министерот Димитров. Работна програма на тема економија се одржа на 4 јули во Виена, а на неа учествуваше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Премиерот Заев во текот на првиот работен ден ќе присуствува и на работниот ручек за шефовите на делегациите и на директорите на Европската инвестициона банка, на Европската банка за обнова и развој, на претставниците на Регионалниот совет за соработка на земјите од Западен Балкан, како и на претставниците на Регионалната канцеларија за соработка меѓу младите.

Тема на работната сесија на ручекот, под раковдство на домаќинот на Самитот, премиерката Меј е економијата и регионалната соработка, со воведно излагање на еврокомесарот за соседска политика и за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Премиерот Заев е поканет да се обрати на панелот на тема „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“, со кој ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Предвидено е премиерот Заев да учествува и во работата на пленарната сесија водена од британската премиерка, на која ќе бидат презентирани плановите за Самитот во Варшава во 2019 година. На оваа пленарна сесија пред присутните ќе се обратат полскиот премиер Матеуш Моравјецки, како и канцеларката на СР Германија Ангела Меркел и еврокомесарот Хан, кои ќе говорат на темата „Иднината на Берлинскиот процес“.

За време на самитот планирана е и средба на Заев и владината делегација, со Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Официјалната програма на Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе заврши со прием за сите делегации во палатата Сејнт Џејмс, кој ќе го приреди принцот Чарлс. За време на приемот во палатата Сејнт Џејмс македонската делегација ќе има можност за куса билатерална средба со премиерката Тереза Меј.

Во рамки на самитот е планирано премиерот Заев да оствари билатерална средба со премиерот на Хрватска, Пленковиќ.

На маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, премиерот Заев ќе оствари средба со директорот на Службата за национална безбедност, Роберт Чатертон Диксон, како и со членови на Охрид – групата, во чија организација е и работниот појадок со 16 политичари, воени претставници и новинари од Обединетото Кралство.

Од Лондон, премиерот Зоран Заев, со специјален лет заминува за Брисел каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО. (МИА)

Tags: БриселБујар ОсманиЕвропска КомисијаЕУЗоран ЗаевЛондонНАТОНикола ДимитровСамит ЕУ - Западен БалканТереза Меј
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ