ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Каков почеток на второ полугодие ги очекува децата и младите?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека децата и младите имаа неизвесен почеток на второто полугодие, со намален број на ученици во некои училишта, а во дел од скопските училишта немаше греење:
Никакво, исто како што беше.
Измени во образовниот систем.
Лош, лош…. Во секој случај. Ако во секој клас го нема знамето од Виргина, се плашам за нашиот идентитет и обезличување на учениците!
Нема никаква разлика дали е редовна настава, зимиски, летен распуст, децата со генерации од 190 година до денеска се образовно осакатени.
Прво дали ќе стигнат на време зошто нема автобуси, второ ќе седнат во клупите и ќе гледаат во телефоните без интерес за наставата и ќе си одат да лутаат по улиците.
Помалку ученици.
Нека се здрави и живи, половина се во странство продаваат сендвичи во МекДоналдс.
Секој почеток без комуњарите е добар!
Неизвесен.
Нема греење.
Ќе кажат тие ако има кој да ги слушне.
Во Скопје -во магла.
Б. Ј.