• Latest

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

August 16, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

August 16, 2025 19:05
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Проф. д-р ОЛИВЕР АНДОНОВ

Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје

Продолжение од: РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

Скептиците ќе кажат дека такво нешто не постои, дека тоа е имагинација, а самите тие доколку се способни да се погледнат од страна, можеби ќе успеат да ја видат сопствената заблуда и да се видат себеси како жртви на руските хибридни закани.

Како Русија во пракса врши моделирање на хибридните закани

Посебно значајна област за хибридните закани од Русија се социјалните мрежи, сферата на информациите и медиумите каде што се создава јавното мнение во македонското општество. Во оваа област најпрво може да помислиме дека има судир на интереси на „српскиот свет“ со руските интереси во Македонија. Но тоа е само невидливо за површните гледачи, бидејќи српскиот свет е токму моделиран од рускиот свет како пара хибридна закана на регионално ниво.

Српскиот свет се потпира на меката моќ, односно на културната доминација во Македонија и нејзината поврзаност со религијата, а тоа пак, посебно културната доминација, има силна поткрепа во будењето, одржувањето и засилувањето на сентиментот кон Југославија. Всушност, се работи за класична копија на рускиот наратив за носталгија кон СССР на кој се придодаваат како инструменти наративот на панславизмот и на Православието или рускиот свет.

Создавањето заблуди низ пропагандни пристапи – кои се фактите? 

За да го објасниме секој од овие модели и пристапноста која низ истите се организира до ниво на продор во свеста и разумот на личноста на граѓанинот во Македонија, ќе ни биде потребно повеќе од еден есеј. Затоа, кратко ќе се задржиме врз создавањето заблуди низ пропагандни пристапи на социјалните мрежи. Токму тука на социјалните мрежи каде што се троши најголемиот дел од времето на секој поединец, практично, има можност руските хибридни закани да применат повеќе модели и пристапи кои ќе изгледаат реалистично и точно за граѓаните. Тоа што српскиот свет ќе се залепи дополнително, не е пречка за руските хибридни закани, бидејќи и низ српските портали руските хибридни закани само дополнително низ посреден медиум ќе дадат „потврда“ на своите информации. Така, Македонија станува активна прокси држава, вгнездена во јужното крило на НАТО, во која преку посреден и непосреден медиумски пристап се моделира хибридна војна низ призмата на создавање на јавно мислење кое е изразито анти-НАТО и анти-ЕУ.

Во рамките на ова моделирање исклучително е значаен историско-манипулативниот пристап заради создавање на слика дека Европа, САД и Обединетото Кралство го мразат македонскиот народ и Македонија. Посебен осврт се има кон улогата на Велика Британија во текот на граѓанската војна во Грција и улогата на македонското население во редовите на ДАГ. Во овие историско-манипулативни пристапи, особено во дадениот пример со граѓанската војна во Грција, акцентот се става на етничко-национален пристап со доза на идеолошка компонента како антифашистичка борба. Никаде не се коментира политичко-идеолошкиот контекст на војната и геополитичките игри и влијанија. Оттука и улогата на Велика Британија и нејзината поддршка на тогашната грчка влада наспроти ДАГ се става надвор од геополитичкиот контекст и веќе договореното на Јалта, а кое Сталин сакал врз идеолошко-политичка основа да го измени во нова реалност и промена на сферите на влијание. Притоа, дополнително се пласира наративот дека промената на името на државата со придавката Северна и Преспанскиот договор се дело на НАТО, ЕУ и САД.

Потполно е ист пристапот и моделирањето на разбирањето во однос на улогата на Царска Русија и нејзините империјални намери (слични како оние на Сталин) за заземање на Константинопол и војната со Турција 1878 година. Преку испревртени историски слики и замена на геополитички тези, на македонските граѓани им се пласира наративот за поддршка и ослободување на Македонија од Османското ропство, односно дека Русија имала добри намери кон Македонија, но ете Бугарија била со големи аспирации и го создала Сан Стефанскиот мировен договор, а потоа Европа на конгресот во Берлин (јуни 1878 година), повторно на Македонија ѝ го одзела правото да биде држава.

Секако дека ова е неточен и потполно манипулативен историски наратив. Факт е дека Царска Русија никогаш немала пријателски однос кон никого и дека секого употребувала и употребува за реализација на сопствените геополитички цели. Дури Русија никогаш и не сметала на постоење на македонски народ и држава, освен во манипулативните историско-митолошки прикази во современието заради постигнување влијание и водење хибридна војна.

Факт е дека Русија ја создава Сан Стефанска Бугарија и тоа на териториите на Европска Турција кои денес се делови од најмалку пет држави. Како што е факт дека за прв наследен кнез го поставуваат Александер Батемберг, роднина на руската царица. Како што е факт дека во тоа време Македонија е област во состав на Румелија и е поделена на три Санџаци, воопшто немајќи државотворен капацитет, бидејќи била во екот на преродбата и борбата за ослободување од грчкото (патријаршиско) црковно владение. Дури подоцна по 1885 година, а особено по 1894 година јасно се оцртува македонскиот политички и јазичен сепаратизам за кој зборувале и пишувале политичките и литературните кругови во Софија во тоа време.

Но сите овие факти се потполно скриени од јавноста која се информира површно, преку содржини на социјалните мрежи најчесто придружени со коментар на објавувачот на содржината кој е потполно неточен и надвор и од самата содржина. Со неточни историски податоци и изразена митологија потпрена на панславизмот и Православието.

Посебно, моделирање и пристап на руските хибридни закани кон Македонија се применува во однос на употребата на Православната Црква и Православната вера кои се употребуваат како инструмент на Кремљ во спроведувањето на геополитичките интереси, особено на Балканот. Во овој контекст, Православието се употребува како супститут на руската политика и влијание во недостиг на друг идеолошко-политички основ за влијание. Тоа секако дава голем потенцијал за руските хибридни закани во Македонија, особено ставено заедно во контекст со панславизмот и можноста за користење на Православната Црква како инструмент во геополитичките тенденции на Русија. Контекстот на Православието и панславизмот како инструменти за моделирање и пристап во реализацијата на руските хибридни закани врз Македонија е комплексен и заслужува посебно внимание.

Македонија како појдовна база за активни дејствија и создавање конфликти во регионот

Исклучително е видливо дека војната за Македонија и нејзиното оттргнување од НАТО и ЕУ е пресудна за руската геополитика како појдовна база за активни дејствија и создавање конфликти во регионот. Успехот кој во овој актуелен миг го има постигнато Кремљ преку претворањето на Македонија во прокси држава која во јавноста зборува за НАТО и ЕУ, склучува стратешки договори со Обединетото Кралство и САД, а всушност постојано гледа и чека сигнали од Москва преку Белград и Будимпешта. Сепак, нема потенцијал да се развие до степен на потполно отргнување на Македонија од НАТО.

Во контекст на геополитичките интереси на НАТО и ЕУ, просторот на Македонија е дел од просторот на НАТО и ЕУ како во безбедносна смисла така и во секој друг поглед. Тоа јасно става до знаење дека Москва ќе се обиде Македонија да ја оддалечи од НАТО, но уште повеќе да ја задржи надвор од ЕУ за да може врз основа на постојано создавање на конфликтност помеѓу Македонија и ЕУ да ги моделира своите идни пристапи во водењето на хибридната војна против ЕУ.

Во основа, оваа конфликтност не е реална, таа е моделирана од Русија преку митолошки пристап и влијание на социјалните мрежи врз просечниот македонски граѓанин. На овој начин, преку ова влијание, Кремљ со поддршка на Белград и Будимпешта создава конфликтност во македонското општество во однос на ставот, пред сѐ, на Македонците кон ЕУ и НАТО како кон непријателски сојузи. Како контра пристап на НАТО и ЕУ, помалку срамежливо, но со многу неточности и глорификации, се нуди БРИКС како супститут. И тоа е еден од моделите за пристап до македонските граѓани и создавање на јавно мислење засновано врз лаги и митологија.

Основното решение за Македонија е засилување на отпорноста и одвраќањето од хибридните закани. Тоа звучи како фраза, но во основа Македонија има силна потреба од директна и конкретна поддршка од страна на партнерите во НАТО и ЕУ за справување со хибридните закани од Русија.

Како понатаму?

Најпрво и најтешко е да се натера државната власт и политичките партии во Македонија отворено и јасно да се свртат кон НАТО и да бидат доверлив партнер. Партнерството и довербата се градат со години, но и врз основ на доброволен пристап за споделување на исти вредности. Токму прашањето на вредностите е сериозен проблем во Македонија и најчесто се однесува на за мнозинството неразбирливите „традиционални“ вредности, повторно поврзани со Православието.

Вториот пристап е оној на ЕУ која мора јасно да стави до знаење на секоја македонска влада како треба да се однесува во европски дух и таквото однесување да биде наградено, но во исто време и ставено под контрола. Спротивното однесување треба да биде јасно санкционирано.

Очигледно, во Македонија, за наша жал, функционираат два пристапи на политичко влијание.

Тоа е пристапот на казна и награда преку постојан притисок врз структурата на власт и воопшто политичките структури, особено доколку лично ги допира претставниците на власта или политичките претставници и нивната материјално-финансиска благосостојба, а кој би требало да го применува ЕУ и НАТО.

И пристапот на митологизација и измислени историско-манипулативни модели на пристап кон граѓаните кој низ разни инструменти го спроведува Русија во своите хибридни настапи.

Решението за намалување на руските хибридни закани врз Македонија не е само во Македонија и нејзините капацитети кои се крајно сомнителни и докажано слаби, а уште помалку во свесноста за овие влијание кај политичките структури во Македонија. Решението е во влијанието политичко, економско, финансиско, безбедносно, вредносно, културолошко, образовно и секакво друго општествено влијание од страна на ЕУ, Обединетото Кралство и САД и тоа плански и долгорочно.

Ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА.

РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ