• Latest

Шарените фасади се дело на слободниот дух на граѓаните!

June 9, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шарените фасади се дело на слободниот дух на граѓаните!

June 9, 2017 12:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бојата од фасадата на Министерството за култура останува да сведочи за борбата на граѓан(к)ите за правна држава како основен мотив на Шарената револуција. Отстранувањето на шарените траги не е приоритет за новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

„Таква интервенција, воопшто не е приоритет, наспроти сите проблеми коишто ги наследуваме. Шарената фасада е дело на слободниот дух на граѓаните, на една културна револуција пред сè. Таа фасада во нејзината денешна форма, претставува и една мала историја. Подоцна ќе разговораме во каква форма ќе ја оставиме фасадата на објектот. На зградата ѝ е потребно кречење и обновување на работниот простор. Надворешноста, засега, е сосема во ред“, е ставот на Алаѓозовски.

Од денеска, и на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура, како насловна е поставена фотографија од „шарената“ фасада на Министерството. Претходно, на тоа место беше фотографија од контроверзната Триумфалната порта, која чини 6.248.520 евра или колку „лечењето на 208 Тамари“. Симболика која шарените револуционери ја користеа за да посочат на апсурдноста од изградба на толку скап споменик во време кога поради не одобрени средства од Министерството за здравство, животот го изгуби малата Тамара Димовска.

Министерството за култура беше обоено во април минатата година, како дел од активизмот на Шарената револуција. Целта на боењето на дел од државните институции беше, како што постојано потсетуваа активистите, сивите бетонски згради кои беа дел од проектот „Скопје 2014“ и кои сведочеа за криминалот, корупцијата и притисокот на тогашната власт, конечно да добијат некаква смисла и боја. Шаренилото имаше за цел да ја претстави Македонија во нејзиното вистинско светло, како земја која соединува различности, а не поделена на „предавници“ и на „патриоти“, како што сакаше да ја претстави ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Министерството за култура, бојата сè уште стои и на фасадата на Министерството за финансии. Иако пред два дена, беа поставени скелиња за чистење на фасадата, за кратко време, по коментарите на социјалните мрежи дека дамките треба да останат како потсетување на корумпираноста, неодговорноста и деструктивноста на едно владеење, скелињата беа отстранети. Како што потврди за ЦИВИЛ Медиа, професорот Бранимир Јовановиќ, кој е дел од тимот на министерот за финансии, „бојата останува“!

Шарената револуција за време на неколку месечните протести ги обои фасадите на Собранието и на Владата, Министерството за правда, Министерството за надворешни работи, Триумфалната порта, УЈП, ДИК, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, Народната канцеларија на претседателот Иванов, дел од спомениците поставени како дел од „Скопје 2014“…

Најголем дел од овие институции, кратко по боењето, во обид да се прикријат трагите од најмасовните протести против владејачката гарнитура, ја отстранија бојата од фасадите на објектите.

Марија Теговска

Tags: властКорупцијакриминалМинистерство за култураМинистерство за финансииправна државаСкопје 2014шарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ