• Latest

Смаиловиќ: Ксенофобија и говор на омраза и на собраниската комисија!

August 25, 2017

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Смаиловиќ: Ксенофобија и говор на омраза и на собраниската комисија!

August 25, 2017 14:01
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Македонија, всушност, се собираат потписи против имагинарни кампови, имагинарни бегалци, за нешто, што не постои!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Мерсиха Смаиловиќ, генерален секретар на невладината организација „Легис“, којашто беше директно вклучена во бегалската криза на терен.

„По повод целата кампања којашто се одвива последните два месеца, во однос на драфт-стратегијата што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, ние како невладина организација којашто работи на  прашањата на бегалците, знаеме дека оваа е втора стратегија, првата беше од 2009 до 2015. Секоја држава е нужно да има стратегија, како ќе се соочува со нешто, што е природен феномен со векови наназад, како бегалците. Ние бараме да се повлече драфт-стратегијата за бегалците,  зашто, не може да се прави на толку долг рок, од 10 години и воопшто не бевме консултирани при изработката. Работевме професионално, не очекувајќи дека ќе се случи ваков епилог! Бидејќи, ако ја читате стратегијата, ќе видите дека, никаде не стои дека ќе има изградба на населби, станови, не се посочувани локации, туку се зборува за вдомување на бегалци коишто би останале во Македонија и би поминале низ процедурата на добивање азил и статус на бегалци. Тоа во Македонија трае малку подолго. Веќе имаме искуство“, вели Смаиловиќ.

Според неа, во Македонија има мал број бегалци што бараат азил, меѓу 6 или 9 лица!

„МВР го знае точно бројот на бегалците што бараат азил, а ние ги знаеме лицата. Но, што е работата? Ова е толку смешен обид, толкаво понижување на бегалците, а потоа, на интелектот на граѓаните. Бегалците се третирани како стока, којашто може да се пренесува од место на место. Тие се луѓе, тоа се човечки судбини… Целата реторика на ВМРО-ДПМНЕ на собраниските седници, додека траеше разрешувањето на обвинителот Зврлевски, па ребалансот на буџетот, се однесуваше на бегалците, избегнувајќи ја вистинската темата на дискусијата“, додава Смаиловиќ.

„Ние, како невладина организација, бевме повикани во Комисијата за социјални прашања во Собранието, да зборуваме за драфт-верзијата. На чело на таа комисија е пратеникот Влатко Ѓорчев. На првата седница реагиравме, а потоа почнавме да ги бојкотираме седниците, поради степенот на ксенофобичност на собраниска говорница, презентиран од Ѓорчев, од градоначалниците и пратениците што се членови на оваа партија… Така што, не учествувавме на следните две комисиски расправи. Без идеи, само со говор на омраза што ги разгорува поделбите“, коментира Смаиловиќ.

„Не сакам да мислам дека Ѓорчев ги потценува своите гласачи, коишто, на ова жешко сонце, потпишуваат против некакви имагинарни населби, зашто, тоа е повеќе од очигледно… И тоа, во време кога се давиме во депонии, во толку комунални проблеми, без идејни решенија за локалните избори, се собираат потписи против имагинарни кампови, против имагинарни бегалци.  А, да не заборавиме дека дел од Стратегијата се и повратници-македонски државјани, што го изгубиле државјанството во странство. Има многу категории луѓе, што треба да ги опфати оваа стратегија. Затоа треба во подготовка на Стратегијата да бидат вклучени експерти, невладини организации што работеа на терен“, заклучува Смаиловиќ.

Моника Талеска

Tags: бегалска кризабегалски камповибегалцивладаВлатко ЃорчевКомисија за социјални прашањаЛегисМерсиха Смаиловиќмигрантистратегија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ