• Latest

И Шарената револуција бара смена на непрофесионалецот Зврлевски!

July 12, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И Шарената револуција бара смена на непрофесионалецот Зврлевски!

July 12, 2017 16:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тензична атмосфера, со меѓусебни препукувања на релација ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ, се одвива денешната седница на македонското Собрание, посветена на работата на Јавниот обвинител, Марко Зврлески. Според власта, Зрлевски треба да биде разрешен, поради непрофесионалното работење, затоа што многу предмети ги чувал неотворени, сѐ уште во фиока… Но, според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, власта сака да го разреши Зврлевски, само затоа што го презел предметот „Поткуп“, во којшто главен обвинет е премиерот Зоран Заев, како поранешен градоначалник на Струмица.

Додека во жешка атмосфера се одвива парламентарната битка за смена на Зврлевски, членовите на „Левица“, Мариглен Демири и Здравко Савески, за ЦИВИЛ Медиа, говорат за драмата што ја поминуваат сè уште, низ лавиринтите на македонското судство, од моментот на поднесување кривични пријави, како демонстранти во Шарената револуција и учесници во настанот на 13 април, 2016 година, кога беше демолирана канцеларијата на претседателот, Ѓорѓе Иванов.

„Обвинителството е нефункционално и бавно во извршување на своите обврски. Една година сум по судови, а Обвинителството три пати не можеше да ги обезбеди доказите. И тоа не случај само со мене, туку со многу други луѓе, кои страдаат од таквата нефункционалност. Самото пореметување на правосудниот систем на Македонија, под водство на Зврлевски, ја наметнува потребата од промена на обвинителот, институција која што со својот интегритет, дигнитет и професионалност, ќе ја крене границата на критериум и квалитет. И кога неговите колеги коишто сега се распашани, ќе гледаат дека главниот Јавен обвинител следи професионални критериуми, мислам дека ќе има ефект. Но, треба да има и санкции за неизвршување на својата должност, зашто обвинителите се платени од граѓаните“, изјави Демири.

„Од април 2016-та година почна нашето судење и еве трае сѐ уште, значи изминаа година и 3 месеци, а судскиот процес е на почетокот. Дури на 10 јули, пред два дена, добивме информација дека се одложува на неодредено, со тоа дополнително ќе се оддолжи решавањето на овој судски спор. Значи, нема да заврши годинава, а се отвора прашањето и дали ќе заврши следната, 2018 година. Тоа само по себе е кршење на човековите права, зашто секој, којшто е обвинет во разумен временски рок, треба да биде суден и да се докаже, дали е виновен или не. Мора да се има во вид, дека се спроведува паралелно казнување без одлука на суд. Во нашиот случај, првин бевме 50 дена во куќен притвор, потоа ни ги одзедоа пасошите, значи бевме спречени да излегуваме од државата, па потоа требаше да се пријавуваме секој втор понеделник во полиција и во суд“, вели Савески.

Здравко Савески, Левица

„Сето тоа има елементи на казнување без судска одлука, особено кога ќе се стави во контекст на континуирано одложување на судскиот спор. Но, она што ние го правиме е тоа што сакаме да биде правдината истерана до крај“, додава Савески.

Тој е сигурен дека судските процеси во кои се обвинети членовите на „Левица“, што учествувале во протестите на Шарената револуција се политички мотивирани. Како што вели, претходната власт со изрекување притвор и други санкции, без судење, имала намера да испрати порака до другите учесници во протестите, да ги исплаши, за да се повлечат пред силата на режимот, зашто во спротивно ќе ги снајде истата судбина и нив.

„Но, човек мора да се држи цврсто и да се бори за тоа, во што верува“, порачуваат Демири и Савески.

Моника Талеска

Tags: ВМРО - ДПМНЕЗврлевскиЈавен ОбвинителпарламентправосудствоСДСМшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ