• Latest

Советот на Град Скопје денес ќе гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

August 29, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Советот на Град Скопје денес ќе гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

August 29, 2024 08:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Град Скопје денеска треба да ја одржи седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

Како што пренесува МИА, градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.

Претседателот на Советот Трајко Славески на 22 овој месец по координацијата со Арсовска изјави дека овие програми ќе бидат поддржани од советниците, изразувајќи очекување дека од 1 септември јавниот превоз во градот ќе функционира, но не оптимално како што посакува.

– Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени, рече Славески на новинарско прашање дали од 29 август ќе се откочат работите во Советот на градот.

Претходно Арсовска имаше средба во Владата со премиерот Христијан Мицкоски, кој ја повика поради состојбите во главниот град. Мицкоски кажа дека доколку за една недела не почне да се  работи на решавање на проблемите во градот, ќе побара изземање на ингеренциите на некои јавни претпријатија. Подоцна тој сепак побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат плановите на Град Скопје.

Градоначалничката Арсовска за состојбите во градот ги обвини советните на ВМРО-ДПМНЕ кои не ги поддржувале нејзините предлози, особено во делот на автобускиот превоз.

Претседателот на Советот Славески, пак, повтори дека до сега единствено не била изгласана Програмата за дополнителни активности за „Комунална хигиена“ за дополнително сезонско вработување на 120 работници. Тој, смета дека и со сегашната бројка ова ЈП би можело добро да функционира.

– Буџетот нема 8 милиони евра да го подмири долгот, создаден во претходните неколку години за бесплатниот превоз на студентиот, рече Славески и дополни дека постои расооложение тоа да се прави сукцесивно.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: седницаСовет на Град Скопје
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result