Синиша Станковиќ на Средбата со граѓанките и граѓаните на тема СИТЕ ЗА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ во Охрид, го претстави проектот и го водеше настанот. Објавуваме делови од неговите излагања:
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=u6Td6T8eF8M[/youtube]
„Дали може во Македонија да се одржат избори на кои нема да има, или ќе има минимум приговори? Дали може да се одржат избори од кои ќе оди позитивен извештај до меѓународната заедница, но пред сé, мислам дека е многу поважно, и во самата Македонија да бидат и поразените свесни дека загубиле на чесни, мирни, фер, слободи и демократски избори…
Во флаерите кои ви ги поделивме, навистина пишува дека проектот „Слободни избори за слободни граѓански и граѓани“ го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, a го поддржуваat германската амбасада и Министерството за надворешни работи на Германија, но тоа е проект на сите граѓани и граѓанки на Македонија. Кога пишувавме, навистина тоа и го мислевме, од причина што ако веќе граѓанките и граѓаните на Македонија не можат да се разбудат во богата земја, ако не можат да се разбудат во некоја демократија од норвешки, скандинавски тип, сепак, сигурно заслужуваат на избори да одат релаксирано. Да гласааат за онаа политичка опција за која веруваат дека ќе им помогне подобро да живеат, никој врз нив да не врши притисок, да нема уцени, да нема рекетирање, да нема закани со отпуштања, да нема, за жал, едно чудо работи кои нам ни се случуваат во бројните изборни циклуси во последните години.
Да се вклучам во граѓанскиот активизам пресуден беше еден случај за кој известуваше тогаш ЦИВИЛ – Центар за слобода, а за кој и јас известував како новинар, кога никој од уредниците не ми веруваше дека е можно да се испрати прилог во кој се вели дека некој измислил цел влез во зграда.
Уредниците покрај одмавнување со главата, не веруваа дека тоа е возможно: „Луѓе во каква држава живеете?“ Оттогаш реков дека само новинарството и новинарските текстови не можат да помогнат и дека мораме сите во својата средина да си помогнеме самите себеси, да им помогнеме на своите деца и на својата држава. Затоа го работиме она што го работиме… Затоа се надевам дека е можно да се живее подобро, затоа што сакам да верувам дека просечниот граѓанин на Македонија знае што е демократија, сака да живее во демократска и цивилизирана држава, и сака да направи колку што е можно повеќе за да обезбеди подобар живот. . .
Сакам да верувам и во онаа мрежа на набљудувачи која ЦИВИЛ ја создаде, ја создава и активно работи, дел од нив дополнително ќе бидат на обука до априлските, или кога и да се одржат, избори, до првите избори што ќе ги одржиме… Сакам да верувам дека таа бројка на неопходни монитори кои што ќе забележуваат изборни неправилности ќе се намалува и дека нема ни да ни требаат, многу скоро.
Не може да ни помогне никој, ни странците, ако самите не си помогнеме и самите не си создадеме услови да живеееме во поздраво општество, а поздраво општество ќе произведе и постабилна држава.
Јас се надевам дека и со овој проект и со ваквите средби и со полемики во медиумите кои можеби ќе се ослободат и отворат, ќе дојдеме до ситуација да нема потреба полиција и демостранти да се пресметуваат, да нема потреба четири лидери во угостителски објекти да одлучуваат за иднината на оваа држава…“