• Latest

Тажна и опустошена Македонија!

January 25, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тажна и опустошена Македонија!

January 25, 2018 15:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По кус одмор, вчера тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода со проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, посети неколку општини во југоисточниот крај.

Кога пристигнавме во Неготино, на плоштадот имаше доста граѓани кои уживаа во јануарското сонце. Првиот впечаток што го добив е дека најмладиот неготинчанец имаше околу 50-тина години. Во разговор со жителите, тие ни се пожалија дека останаа само стари лица и дека младите си заминуваат од градот.

„Јас сум стар и нема каде да одам. Сега чекам да видам дали Владата ќе го оствари ветувањето што го даде пред избори, дека на нас стечајците, до пензија, ќе ни дадат помош од околу 7.000 денари“, вели еден неготинчанец.

Продолживме кон Демир Капија, каде што не беа празни само дуќаните и двете обложувалници, а на празниот плоштад стоеше само новогодишна елка. Додека бевме на инфо-штандот, разговаравме едвај со десетмината постари граѓани што ги сретнавме таму. Се пожалија дека младите се отселуваат, а тие што останаа таму да живеат, најголемиот дел се бават со возење на камиони.

Ништо подобра не беше сликата и во Богданци. Празни и пусти улици, во кафулињата едвај по 3-4 млади лица, дури и во кладилницата немаше народ.

„Порано Богданци беше многу убаво место за живеење, имаше работа. Сега и да паднеш на улица и да умреш нема кој да те крене, младите си заминуваат од тука. Доаѓаат на гости само кога знаат дека има пензија за да им дадеме некој денар и пак заминуваат во поголемите градови каде што може да најдат некоја работа“, вели една баба.

Атмосферата во Валандово беше малку подобра, имаше и млади лица кои седеа во кафулињата. А, додека екипата на ЦИВИЛ делеше промотивен материјал, еден „тврдокорен“ валандовчанец го зеде њузлетерот и го фрли на земја, коментирајќи – „Сè е ова комунистичко“. Тажно е тоа што во 21 век сѐ уште има луѓе кои сметаат дека слободата е комунистичка или дека е нечие наследство и ја даваат кому сакаат! Ентузијазмот на младите валандовчани како да згаснал откако ја изгубија битката за не(отворање) на рудникот „Казандол“. Сега се некако тивки. Никој за ништо не се буни.

На крај завршивме во Струмица. Граѓанките и граѓаните беа расположени и заинтересирани за нашата работа. И додека случајните минувачи имаа критики за состојбата во медиумите, во кафулето каде што бевме сместени откако завршивме со работа, пак,  владееше патриотска атмосфера, пред и за време на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска. Се пееја патриотски песни – „Проклети да се предавниците“, „Едно име имаме“…

Но, додека ние се занимаваме со предавниците и патриотите, младите веќе заминаа од државата, и тоа со карта во еден правец!

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Македонија“БогданциВаландовоДемир КапијаНеготиноотселени младистари лицаСтрумицатажно
Share130Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result