• Latest
Жордан Бардела (Wikimedia Commons)

ТикТок популизмот на крајната десница во „одбрана на нацијата“ или напад на демократијата: Пресвртница во Франција

July 2, 2024
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

May 31, 2025

ЕУ: Законот за странски агенти ја оддалечува Грузија од европскиот пат

May 31, 2025
Фотографија: СДСМ

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025
Стево Пендаровски, поранешен претседател на Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски за Дојче Веле: Владата нема намера да оди кон ЕУ

May 31, 2025
Суми, Украина, 13 април 2025 (фото извор: објава од украинската амбасадорка Дир)

Наредена задолжителна евакуација на 11 погранични села во Сумскиот регион

May 31, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО: Данела Арсовска како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости

May 31, 2025

Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28

May 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп најави двојно зголемување на царините за увоз на челик, од 25 на 50 отсто

May 31, 2025
Ивон Величковски, 26 јуни 2024/ фото: Ариан Мехмети- ЦИВИЛ

Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

May 31, 2025
Фото: Архива

Јаглеродните траги од израелската војна врз Газа го надминува оној на цели земји

May 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ТикТок популизмот на крајната десница во „одбрана на нацијата“ или напад на демократијата: Пресвртница во Франција

Франција го губи својот космополитизам, а има поддршка и кај новите генерации – каков блам за идеалистите од 68-та!

July 2, 2024 08:13
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жордан Бардела (Wikimedia Commons)

Жордан Бардела (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Своевремено, Макрон дојде на власт како противтежа на десницата и влијанието на семејството Ле Пенови. Го поддржуваше финансискиот капитал, иако претходно немаше некакво политичко искуство.
  • Берзата во Франција една недела пред изборите имаше пад од шест отсто, што е повеќе од загрижувачки.
  • Оние милениумци кои постојано се на социјалните мрежи не се разбираат во берзанските работи, а повеќето од нив, како и врсниците во Холандија или Германија, ги мразат сите симболи на „актуелниот елитизам“. И тие својот прв глас на изборите го дадоа и за крајната десница.

 

фото: ЦИВИЛ

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

ЦИВИЛ МЕДИА

Кога говорам за личните искуства од минатото, можам да речам дека нема повозбудлив период од оној мај-септември 1968 година. Најпрво дојде бунтот на студентите на Сорбона и она нивното „Да бидеме реални, да го бараме невозможното“ како олицетворение на поновата историја на француската филозофија. Се сеќавам дека претседателот Де Гол замина во Германија, во една база на НАТО, откако претходно се откажа од членството во оваа безбедносна организација, со барање на помош, да не кажеме побара во најмала рака асистенција за евентуалниот државен удар со кој би се спречило рушењето на Петтата република. Особено откако некои од четирите тогашни синдикални централи најавија генерален штрајк во земјата. Би се добил спој меѓу работниците и студентите. Франција ќе отидеше во нокдаун.

Имаше потоа и два други настани  – штрајкот на белградските студенти (нели, шесте јунски денови) и конечно интервенцијата во ЧССР на 20 август таа година, кога целата левица беше отпрвин збунета, а потоа се исполни со гнев кон окупаторите од Варшавскиот пакт. Но, тоа се други теми.

Да се задржиме малку на Франција, во светлина на последното гласање на парламентарните избори во таа земја и пред неделниот репесаж кој е компликуван за објаснување како модел, а кој веројатно ќе донесе по некој нов сојуз, особено во изборните околии. Бидејќи системот бара во секој од околиите (ги има 557) да се избере само еден парламентарец од понудата на партиите или сојузите.

Да ги сочуваме „националните вредности“

Факт е дека и во Франција, а се чини и во Германија (гледано низ призмата на веќе одржаните европски избори), во земјите мотори на Унијата, се вадат полека свеќичките на центристите или умерените десничари, а на нивно место доаѓаат некои нови политичари кои го одразуваат мислењето на изразито десните сили или во поретки случаи и на левите (што е случај во Франција, а за што на сајтот на Цивил веќе е објавен текст).

Ако се земе предвид фактот дека британскиот ултрадесничар Најџел Фараж се готви да се појави на изборите на Островот, имаме силен, незапирлив наплив на идеологијата која има заедничко кредо – „странците надвор“, односно да ги сочуваме британските, германските, а веќе видовме и – италијанските вредности, колку и да е тешко да се дефинираат истите како такви, а пред сѐ, да се прогласат за – непроменливи.

Сеедно, шокот кој дојде на сметка на постулатите на Унијата покажа дека секој четврти пратеник во Европскиот парламент ќе претставува некоја поекстремна десна партија, а ова како цунами го потопи  претседателот Емануел Макрон, кој, како хазардер, одлучи да распише предвремени избори кои завршија според предвидувањата – една третина од гласовите на излезените бирачи гласаа за десничарската партија Национален собир.

Навистина, во врат им дише обединетата левица која зад нив заостанува за 4-5 отсто, додека Макрон освои 20 отсто. Зад сите тие се републиканците за кои не може да се каже дали во мигот би коалицирале со Макрон (имаат околу 10 отсто од гласовите) или со потврдите десничари од нив, оние на Ле Пенова и во мигот чекаат понуди; како д-р Несторовиќ во декември минатата година по изборите во Србија! Ова е секако важно за да се сфати француската сцена.

НОВАТА ЅВЕЗДА НА ДЕСНИЦАТА Го сакаат пред сѐ оние кои не читаат весници и не гледаат телевизија, комуницираат само преку ТикТок (фото: Wikimedia Commons)

Кому му се подари првото гласачко ливче?

Она што е во мигот важно е зошто младите гласачи, оние кои сега дојдоа во години кога можат да добијат право на глас, стојат зад паролата „странците надвор“, иако, нели, самите одбиваат да ги работат оние работи кои обично ги вршат оние лица кои се бркаат надвор од границите на нивната татковина.

Во анализата на Политико (делумно ја има и во Слободен печат) се вели дека во Германија, уделот на младите луѓе кои гласале за екстремната Алтернатива за Германија (AfD) скокнал меѓу последните избори за Европскиот парламент во 2019 година и овие избори за 11 проценти и тоа кај гласачите на возраст меѓу 24 и 30 години. Во Франција, партијата Национален собир на Марин Ле Пен освои околу 30 отсто од гласовите на национално ниво, што претставува зголемување од 10 отсто во споредба со 2019 година.

Се поставува прашањето: зошто толку многу од генерацијата на помлади милениумци (родени во ова столетие), чии родители и баби и дедовци ја поддржуваа левичарската политика и ја воведоа сексуалната револуција од 1960-тите, ги прифаќаат спротивните идеали на нивните постари? Како некој може така лесно да се залепи зад отворено расистички и ксенофобични ставови?

Одговорот се наоѓа во тоа што се работи за лица кои биле тинејџери во време на ковид епидемијата и кои се чувствуваа како затвореници на системот за заштита кој не дозволуваше ноќни дружења, а и поголем дел од школувањето се одвиваше во домашни услови, со седење пред компјутерите!

Претходно, во 2015 година, Стариот континент беше зафатен од мигрантската криза, потоа дојде изолационизмот заради ковидот ама, ова е секако важно, што оваа генерација научи меѓу себе да комуницира исклучиво преку социјалните медиуми како што се X и TikTok, каде што содржината на екстремната десница, која ја возвишува теоријата за „големата замена“ и ја поврзува миграцијата со насилство, се шири неконтролирано.

ЛОВЕЦОТ И НЕГОВИТЕ ЖРТВИ Пред изборите рече дека не ги сака костумите и се појавуваше само во фармерки

Новиот лик на десницата – Бардела

Дали е тоа француска слика: Матје Галард од агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос вели дека левичарските партии – особено екстремно левичарската партија Франција непобедлива – продолжуваат да доминираат меѓу младите од 18 до 24 години во Франција. Но, тој признава дека поддршката за Националниот собир кај оваа возрасна група е зголемена во изминатите пет години.

„Постои дел од млади луѓе кои се непријателски настроени кон миграцијата и гласаат за овие прашања“, изјави тој (поопширен оприказ на неговиот портрет е можен на бугарски Инвестор).

Фактот што претседател на Националниот собир (нели, партијата на Ле Пен) сега е Жордан Бардела, елоквентен 28-годишник, е човекот-лепак за на него да се залепат помлади вљубеници во националниот изолационизам.

Зошто? Па навикнат е да комуницира на ТикТок, што помага да се објасни порастот на поддршката од младите. Во видеото објавено на таа платформа една недела пред изборите за Европскиот парламент, Бардела првенствено им се обраќа на младите гласачи, повикувајќи ги да ги мобилизираат своите „родители“, „пријатели и сакани“ да излезат „масовно“ на предизборниот митинг. Во друго видео објавено пред Бардела да излезе на сцената на политички митинг, тој се доверува дека одлучил да облече фармерки затоа што „не сакал да си го пегла“ костумот. Очевидно е дека сфатил дека класичната облека не е привлечна за оние гласачи на кои тој смета! И сѐ мора да биде едноставно за лесно да се закачи за нечија свест.

ВРЗАН ЗА СКУТАЛОТО НА МАРИН ЛЕ ПЕН Изборот тој да биде иден премиер е на лидерката на Националниот собир

Младоста на Бардела и моќта на социјалните мрежи не се единствените фактори за неговиот успех, рече Галагер: „Неговата младост и присуство на социјалните мрежи донекаде го прошируваат електоратот… но тоа не е главниот фактор“. Главните фактори се непопуларноста на извршната власт (на чело со Макрон) и важноста на миграцијата во кампањата за гласачите со слична анти-ЕУ, антимиграциска формула и антиелитистички песимизам, кои ги претставуваат лидерите на своите земји како корумпирани и отуѓени.

За активистката на Националниот собир – Џенис Уадаха, која се приклучила на партијата во 2021 година битна е таа антимиграциска политика бидејќи таа смета дека го изгубила креветот во студентскиот дом заради напливот на бегалци од Блискиот Исток кои имале приоритет! На пример, двајца холандски студенти минатата година за прв пат гласале за антиисламскиот политичар Герт Вилдерс, дале слично објаснување. „Јас воопшто не сум против бегалците“, рекол 20-годишниот студент Чес ван Леувен од Ротердам. „Но, кога стануваат премногу, во време на криза, мораме да размислуваме за себе. Без разлика на сè друго за што се залага Вилдерс, Холандија е на прво место“.

Она што ги зачудува аналитичарите е фактот дека сите тие работи кои можеа да вознемират (како и кај нас) беа совладани – ЕУ имаше инфлација од над 10 отсто, сега има 2 отсто, невработеноста била 16,6 отсто, а сега е 6 отсто! Пак да повториме, она што го направи брилијантно претходната влада кај нас, а ги изгуби изборите! Но остана впечатокот за „лошите елити“. Или како што се вели – трајното влијание на овие шокови ја обликува политиката денес, а можеби и во годините што доаѓаат.

Генерациите кои ја помнат или зеле учество во славната 68- ма веќе не се живи или се многу стари за да влијаат посериозно на политиката. Нивните внуци или правнуци ги бламираат, ама тие ништо не можат да сторат – не можат да им го позајмат својот космополитски дух.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Жордан Барделаизборикрајна десницаМарин ле ПенФранција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Меџити најави кривична за „инспектор“ Данела Арсовска: Ова е последен обид на Али Ахмети за дестабилизација преку општините

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ