• Latest

Трамп: Меркел направи катастрофална грешка со прифаќањето на бегалците!

January 17, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп: Меркел направи катастрофална грешка со прифаќањето на бегалците!

January 17, 2017 17:10
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот Тајмс, вчера објави целосен транскрипт од интервјуто на Доналд Трамп со новинарот Мајкл Гов и со Кај Дикман, поранешен главен уредник на германскиот весник „Билд“. Изјавите на Трамп предизвикаа бран незадоволство меѓу Европејците, како меѓу лидерите, така и меѓу креаторите на јавното мислење. Ви пренесуваме делови од интервјуто и еден од одговорите од Германија…

Дали постојат рестрикции за патување кои би можеле да им се наметнат на лица од Европа кои доаѓаат во САД?

ТРАМП: Па, тоа може да се случи, ќе мора да видиме. Мислам, зборуваме за делови од Европа; делови од светот и делови од Европа, каде што имаме проблеми, ќе доаѓаат и ќе предизвикуваат проблеми. Јас не би сакал да ги имам овие проблеми. Видете, јас ги добив изборите поради силните граници и трговијата. И војската, ќе имаме силна војска.

Спомнавте дека имате германски претци. Што значи тоа за вас, да имате германска крв во вашите вени?

ТРАМП: Па, тоа е одлично. Јас сум многу горд на Германија и Германија е мошне посебна, Bad Dürkheim, така? Ова е сериозна Германија, нели? Ове не е дискутабилно – ова е сериозна Германија. Не, јас сум многу горд на Германија. Ја сакам Германија, ја сакам Велика Британија…

При последната посета на Обама во Берлин, тој рече дека би гласал за Ангела Меркел, доколку би можел да гласа на претстојните избори. Дали и Вие би гласале исто?

ТРАМП: Не знам кој ѝ е противкандидат. Како прво, само велам, не ја познавам, никогаш не сум се сретнал со неа. Како што реков, сум имал голема почит за неа. Чувствував дека е одличен лидер. Сметам дека направи една мошне катстрофална грешка, а тоа беше прифаќањето на сите тие бегалци, сите тие луѓе од каде и да се дојдени. Ќе дознаете, добивте голем дел пред една недела. Така што мислам дека направи катастрофална грешка, мошне лоша грешка. Сега, со изнесеното, би рекол дека ја почитувам, ја сакам, но не ја познавам. Така што, не можам да зборувам за тоа кого ќе го поддржувам – доколку поддржувам било кого.

Ја знаете познатата изрека на Хенри Кисинџер: „На кој број да се обратам доколку сакам да зборувам со Европа?“ На кој број ќе се обратите Вие?

ТРАМП: Да, јас би рекол дека Меркал е секако еден од најважните лидери. Бидејќи, кога гледате во Велика Британија и кога гледате во Европската унија, и тоа е Германија. Всушност, инструмент за Германија. Затоа мислам дека Велика Британија беше навистина умна што излезе, а вие бевте таму и напишавте на насловната страница: „Трамп рече дека Брегзит ќе се случи“.  Тоа беше кога лесно можеше да изгуби, знаете, сите мислеа дека сум луд.

Кога ќе дојдете во Велика Британија како претседател?

ТРАМП: Со нетрпение очекувам тоа да се случи. Мојата мајка беше мошне церемонијална, мислам дека од тука го наследив овој аспект, бидејќи мојот татко беше многу повеќе приземен, додека мојата мајка имаше одреден стил, ја сакаше Кралицата, сите работи – беше толку горда на Кралицата. Ја сакаше церемонијата и убавината, затоа што никој не го прави тоа како што го прават Англичаните. Таа имаше голема почит кон Кралицата, ја сакаше. Секогаш кога Кралицата ја имаше на телевизија, мојата мајка ја гледаше. Лудо, нели?

Дали има уште нешто што сте наследиле од вашата шкотска мајка?

ТРАМП: Па, Шкотланѓаните се познати по тоа што си ги чуваат парите, па така, и јас си ги чувам парите – а јас имам работа со големи износи на пари, во тоа е проблемот.

Што е подобро за САД – силна Европска унија или посилни држави?

ТРАМП: Лично, мислам дека тоа не е многу важно за САД. Никогаш не сум сметал дека било важно. Видете, ЕУ се формира, делумно, за да ги победи САД во трговијата, така? Така што мене навистина не ми е битно дали се одвоени или се заедно, мене воопшто не ми е важно. Го гледам следното – поседувам голем имот во Ирска, прекрасен имот наречен Дунбег (Doonbeg), а тоа што се случи е дека отидов да побарам одобрение за едно големо, прекрасно проширување – тоа беше кога бев инвеститор, сега воопшто не ми е грижа за тоа – но, научив многу работи, затоа што одобренијата ги добив многу брзо од Ирска, а потоа, Ирска, заедно со моите луѓе, побараа од ЕУ одобрение – за што беа потребни години – а тоа беше многу неповолно за Ирска.

 

Германски одговор

Реагирајќи на коментарите на Трамп дека Меркел направила „голема, катастрофална грешка со тоа што ги прифатила сите тие илегалци во земјата“, заменик-канцеларот и германски министер за економија, Сигмар Габриел, истакна дека зголемениот број на луѓе кои бегаат од Блискиот Исток и бараат азил во Европа, делумно се резултат на војните водени од САД за дестабилазија на регионот.

„Постои врска помеѓу интервенционистичката политика на Америка, која има свои слабости, особено војната во Ирак, со бегалската криза; затоа мојот совет би бил дека не треба да си кажуваме дали сме постапиле добро или лошо, туку да гледаме да воспоставиме мир во тој регион и да сториме сé за луѓето да можат повторно да најдат дом таму“, рече Габриел.

На прашањето што би можел Трамп да направи за германските потрошувачи да купуваат повеќе американски автомобили, Габриел рече: „Да произведуваат подобри автомобили“.

Tags: ГерманијаЕУинтервјуМакедонијаМеркелСАДТрампЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ