• Latest

Транспарентно политичко финансирање – потребни измени во Изборниот законик

April 4, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Транспарентно политичко финансирање – потребни измени во Изборниот законик

April 4, 2023 14:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кога зборуваме за изборни процеси, пред сè, во техничка смисла на зборот, се поставува прашањето колку тие ќе чинат. Колку од буџетот на државата ќе се обезбеди за изборите, колку за платеното политичко рекламирање, колку за ДИК и други релевантни институции инволвирани во изборите.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ во мониторирањето на изборните процеси, а во контекст на изборните реформи, е токму политичкото финансирање.

Со измената во изборниот законик во февруари 2020 година, со распуштање на Собранието, во пресрет на предвремените парламентарни избори во јули, се овозможи донациите во пари и парични средства за финансирање на изборна кампања да се уплатуваат на трансакциската сметка најдоцна до денот на затварање на истата, односно 45 дена по објавување на конечните резултати од изборниот процес, измена направена во 2021 година, пред локалните избори во октомври.

Истата година се менува и став 8 од член 71 каде во случај на неподнесување, односно непотврдување на листата на кандидати, субјектите од ставот (1) на овој член кои обезбедиле ЕДБ и отвориле трансакциска сметка се должни непотрошените донации да ги вратат на давателите на донацијата сразмерно на донираниот износ во рок од 15 дена и се должни веднаш да ја затворат трансакциската сметка од ставот (1) на овој член.

Сепак, и покрај неколкуте измени во членовите 84-б и 85, кој се однесува на финасиските извештаи нема дополнителни измени.

ЦИВИЛ подоготви анализа на политичкото финансирање за предвремените парламентарни избори во 2020, чии наоди, заклучоци и препораки, дел се имлементриани дел можат да се имлементираат во новите измени и дополнување што се предвидуваат во Изборниот законик, пред изборните процеси во 2024 година.

Препораки:

Со оглед на фактот што се губи ефективноста на ограничувањето на износите за донации од причини што е дозволено префрлање на средства од редовната сметка кон изборната сметка, да се усогласат износите на донации кои се дозволени за редовната сметка и сметката за изборна кампања и да се оневозможи донирање на едно физичко или правно лице и на двете сметки.

Да се земат во предвид сугестиите на релевантните институции и засегнатите страни при пропишувањето на обрасците за извештаите кои учесниците во изборната кампања треба да ги доставуваат кон надлежните органи. Министерството за финансии е обврзано да ги пропишува обрасците за извештаите, но од причини што министерството не е корисник на истите не ги прибира и анализира, се поставува прашање дали пропишаните обрасци ги задоволуваат потребите на институциите што ги користат тие извештаи.

Да се задолжат партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страници. Иако во законот се предвидува партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страница, не сите партии ја почитуваат оваа одрдба, па така се загрозува транспарентноста.

Извештаите да обезбедуваат споредливост. Имено задолжително да се изготвува Биланс на состојба во кој ќе се споредуваат два периода. Досегашните извештаи не обезбедуваат информации за постоечките обврски, и подмирени обврски од минат период.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Подготви: Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: избориполитичко финансирањеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ