• Latest
фото: Роберт Атанасовски

Војна

August 20, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Војна

August 20, 2018 13:08
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
фото: Роберт Атанасовски

фото: Роберт Атанасовски

Share on FacebookShare on Twitter

Што ќе се случи ако Референдумот не успее? Парламентот ќе го прими на знаење резултатот, ќе се отвори глупава, мачна и долга анти-дебата која ќе ја прекине Талат Џафери и ќе се гласа во корист на Спогодбата меѓу Македонија и Грција.

Пишува: Џабир Дерала

Во меѓувреме, постојат многу аргументи што говорат дека Референдумот ќе успее, дури и со резултат кој ќе биде позитивно изненадување и за најголемите оптимисти. Да не одиме подлабоко, доволно е да се има предвид дека луѓето секако ќе излезат и ќе гласаат. ЗА или ПРОТИВ, тоа е нивна работа. Ако веќе прогнозираме, верувам дека мнозинството гласови ќе биде во поддршка на Спогодбата. Луѓето не се будали! Тие добро знаат дека излез од децениската мизерија на земјата во која сите живееме се токму нејзините евроатлантски интеграции. И дека го напуштаме името ФИРОМ, дека идентитетот, јазикот и историското наследство на Македонците, не само што ќе бидат заштитени, туку ќе станат видливи и признаени – што не е случај сиве овие години.

Тоа сигурно го разбираат повеќето гласачи што ќе одлучат да им го свртат грбот на националистите, лажговците и насилниците. Нема да им успее операцијата ни на пропагандистите што се закануваат дека ќе ги фотографираат оние што ќе гласаат и дека ќе има „последици“ по нив, откако ќе се вратат на власт. Нема да се вратат на власт, не вакви, бидејќи тоа нема да им го дозволат гласачите. И тоа го знаат сите, па и најнаивните и најуплашените.

Дури и дел од активистите на контроверзното Бојкотирам, ќе сфатат дека е разумно да излезат на гласање на 30 септември, па дури и ќе гласаат за. И Солза знае дека треба да гласа за, па сигурно и ќе гласа. Може, еве, да се пријави како болно и изнемоштено лице и да го викне Избирачкиот одбор дома, а утредента да продолжи со својата неславна задача, да ги исполни ветувањата дадени на многу погрешни места (знаете за што зборуваме тука). Па, и кутриот Груевски ќе гласа и тоа со едно големо ЗА, бидејќи знае дека со секој ден приближување на Македонија до Европа, условите во затворот каде што ќе престојува, навистина ќе се подобруваат.

Изолационизмот што го наметна кликата на Груевски е во силен контраст со победата на Заев и Ципрас над национализмот. Националистичкиот клептократски режим на коалицијата Груевски-Ахмети создаде впечаток дека целиот Универзум е во неколкуте ТВ канали и смешно-патетичните кампањи на апашите од ВМРО-ДПМНЕ што сега парадираат на пистата пред Кривичен суд. Нивното време изминува. Не се даваат лесно, имаат пари и влијание во секоја пора од општеството, а помогнати се и со кампањата од Исток и со грешките и бавноста на сегашната власт, но заминуваат.

Националистите ги живеат своите пет минути, силно поддржани од Москва, а со логистиката на пребогатата ВМРО-ДПМНЕ. Тука е тивката соработка на ДУИ со деструктивните структури на довчерашните коалициски ортаци. Неколку други албански структури во сево ова гледаат шанса да зграпчат дел од моќта, но не е исклучена ни врската со странските агентури. Штетите што ги нанесоа во изминатите две години сите овие, ќе мора да ги трпиме од денот по Референдумот. Нивната кампања на почетокот покажуваше знаци на софистицираност, но брзо стана провидна и крајно агресивна. Тоа ќе ги отрезни сите што во еден миг ќе сфатат дека животот е нешто повеќе од апсурдна омраза и поделби.

Во тек е војна против Македонија, со лажни вести, омраза, вулгарност и насилство. И глупост во неограничени количества. Војна од која разумот и прогресот ќе излезат како апсолутни победници.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 21 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: бојкотвластВМРО-ДПМНЕДУИЗАМоскваПРОТИВреферендумСДСМ
Share292TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ