• Latest

Волунтаризмот како парадигма

December 21, 2025

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Волунтаризмот како парадигма

December 21, 2025 11:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ОЛИВЕР АНДОНОВ, (Професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје)

Е кога не е дадено, не е дадено. Веќе втора недела како една подготвена колумна за внатрепартиски прашања и пред се појави не можам да ја објавам. Не дека нема да е актуелна, таа колумна може да ја објавам било когаш и истата нема да изгуби на значење и актуелност. Пред се затоа што во нашата ВМРО-ДПМНЕ клиентелизмот е длабоко вкоренет и се додека функционираме вака како што не функционираме истиот ќе биде единствен критериум за заземање на партиски и државни  позиции. Клиентелизмот е тесно поврзан со волунтаризмот, кој пак стана парадигма не само во нашата партија, туку и во власта. И тоа не се однесува само на пониските ешелони туку и на божем првиот ешелон, односно владиниот кабинет на Мицкоски. Затоа и не сум изненаден од интервјуто на Мисајловски на ТВ Телма во улога на министер за одбрана. Токму во улога, и тоа толку лоша улога што не можеше да се најде ниту една стабилна тема од одбраната за која зборуваше а за која можеме да кажеме дека отсликуваше соодветен НАТО министер за одбрана на Македонија земја членка на НАТО. Целиот впечаток беше дека откако го имаше само по ФБ со блед ПР, се одлучи да оди на договорено интервју за да одреди ред и пак да исчезне, појавувајќи се на ФБ. А тоа што нема ништо направено во одбраната преку својот волунтаризам, треба да биде ставено надвор од фокусот на јавноста и тема за експертската и академска јавност во полето на одбраната.

И како сега јас, како универзитетски професор во полето на одбраната и областа на мирот и конфликтите и етиологијата на загрозување, како единствен професор по одбрана на Воената академија (и ова е посебна тема за дебата и анализа со прашање: „зошто на Воената академија која според Законот за Воена академија е единствена високошколска институција која има обврска за школување на кадри за потребите на одбраната и АРМ и ДЗС, има само еден професор во полето на одбраната“?), како поранешен офицер и со непосредно борбено искуство, во потполност определен кон интересот на Македонија во НАТО – ЕУ и со непосредно трупно армиско искуство од дваесет години, да не реагирам на глупости и небулози изречени од човек кој се претставува за министер за одбрана на Македонија – земја членка на НАТО. Човек кој за година и половина на чело на Министерството за одбрана не направи ништо во однос на креирање на одбранбената политика на државата, не донесе ниту еден стратешки или доктринарен документ а не пак некаква законска измена или правилник од интерес на Армијата или некаква регулатива. Не е креирање на одбранбени политики божем модернизација, тоа мора да биде континуиран и плански процес. Како што не е успех да се добијат милиони евра донации од програмите на ЕУ за засилување на одбраната а од тоа да нема конкретни резултат. Впрочем, искрено, тешко ми е да пишувам на оваа тема „одбрана-армија“ и тоа од две причини: Прво, затоа што знам дека ќе отворам многу од јавноста скриени прашања и проблеми за кои припадниците на АРМ и на Министерството се многу свесни, но не сакаат да отвораат рани (едноставно така функционира армијата). Второ, затоа што како професор на Воената академија и поранешен офицер на АРМ оваа состојба во АРМ и МО ја чувствувам како личен пораз и товар со кој не сакам да се помирам во име на некаква коректност кон „авторитетите“ во Министерството, кои патем се лесно променливи. Како што би рекол еден мој драг пријател: „Просечното времетраење на еден Министер за одбрана е 2 години“. Луѓе кои не знам и дали служеле војска, не пак да знаат што е тоа одбрана, армија, одбранбени политики, борбена готовност, борбени и неборбени средства, формација на единици и команди, резерва и мобилизациј итн., а на кои им е доверено да креираат токму одбранбени политики на земја членка на НАТО. Многу несериозно, дури и од Мицкоски.

Но да се зафатам со анализата, за која доколку навлезам во детали или ги отворам сите прашања пред македонската јавност ќе бидат потребни неколку опширни колумни. Сепак ќе се обидам во оваа една колумна во облик на есеј да ја соберам анализата, пред се за да не се занимавам во неколку неделни колумни токму со Мисајловски и непостоењето на одбранбени политики туку на гол и волунтаризам и агресивен ПР наменет за заблудување на јавноста.

Најпрво Мисјаловски (патем наш партиски кадар, поточно лојалистички кадар на Мицкоски) изнесе неколку „чудни“ и неточни информации кои јавноста ја доведуваат во заблуда на дезинформирање а припадниците на АРМ во зачуденост, посебно доколку се погледнат во огледало.

Имено, тоа што е основниот (надвор од војничката пракса) и тоа социјален предизвик се платите во Армијата. Вообичаено припадниците на АРМ треба да имаат уредени плати на разни нивоа и категории, додатоци и придонеси. Под плата се смета само основниот дел на плата Министре, а не и додатоците за дополнително вршење на службата. Така, во плата не се смета прекувремената или теренската работа, стражите и дежурствата, работата ноќе, хранарината и превозот и секако не додатокот за релокација или станарината. И тука не ти е виновен Колективниот договор во Министерството за одбрана која верувам дека во Февруари 2026 година ќе се обидеш преку разни изговори, а најмногу дека нема пари, да не го потпишеш со синдикатот. Во овој контекст знам дека Министерот знае дека само платата се пресметува за висина на пензијата и верувам дека не е паднат од Марс и да не знае дека 32 часа прекувремени и 56 часа ноќни плус 10 дена дежурства се исклучително многу голем ангажман за припадниците на АРМ во мирновремени услови и дека исплатите од овие ставки не се дел од платата. Посебно прашање е како планираш Министре да го решиш проблемот со прекувремените работни часови за припадниците на АРМ кои се над 32 часа во тек на еден месец, а кои не се плаќаат. Според фактичката состојбата поедини припадници на Армијата имаат и над 100 работни часа прекувремени кои не се регулирани. Покарај тоа никако да се реши прашањето за платите на персоналот на Воената академија според Законот за високо образование (особено на ненаставниот цивилен персонал кој го префрлате ваму таму и му создавате правна и егзистенцијална несигурност) како што е регулирано според Законот за Воена академија. Патем, Академијата не е дел од Министерството за одбрана туку посебен правен субјект регистриран во Централниот регистар, со која раководи Декан и чии односи со Министерството а посебно со министрите вклучително и финансиите е законски регулирано а не според волјата на „авторитетите“. Од тука натаму размислувај Министре за последиците, бидејќи според Законот за Воена академија член 38, ти си одговорен (заедно со уште еден министер) за спроведување на законитоста, како и за другите закони кои се однесуваат на АРМ и МО. И за ова толку. Да поминеме на следната точка.

Следната будалаштина е Законот за критична инфраструктура. И сега да му објаснам некои работи на Министерот, вака јавно за да не може да каже дека не знаел кога нема да биде министер.

Законот за безбедност на критична инфраструктура според обврските кои ги имавме и се уште ги имаме кон ЕУ го подготви експерт на Обединетите нации од Хрватска. Иако господинот Марјан Ѓуровски – патем колега на Институтот за одбрана на Филозофскиот факултет (човек со сите власти и режими во напатената ни татковина и експерт за евалуација на Високото образование и промена на институции и сезнајко) се обидуваше да го саботира експертот од Хрватска. Со судни маки и со разбирање на Петровска (ова и беше една од ретките светли точки), кон крајот на 2023 година а според Директивата на ЕУ од 2008 година беше завршен. Таквиот закон некаде кон крајот на Јануари или почетокот на Февруари 2024 година во Владата беше претставен на тогашниот технички премиер Талат Џафери кој со своите соработници го прифати, но одби да го достави до Собранието и да влезе во процедура за донесување со образложение дека на три месеци пред избори не сака да предлага закони. Така, владата на Мицкоски го наследи овој Закон за безбедност на критична инфраструктура но од непознати причини не го стави во собраниска процедура и не го донесе. Веројатно некој експерт многу добро го убедил министерот дека не е во ред законот. И така се развлече работата, а ЕУ нема нас да не чека туку согласно новите проценки за ризици и закани и новите концепти на ЕУ одбранбената политика и НАТО, на 14-ти Декември 2024 година донесе нова Директива со која пристапот кон заштитата на критичната инфраструктура од нивото на безбедност се прошири на ниво на отпорност и одбрана. Тоа, да појаснам, за да разбере Министерот, значи дека изработениот и од ООН платениот експертски закон за безбедност на критичната инфраструктура кој од глупости и суети не се донесе во Собрание, мора да се измени во основа, и над 60%. Е сега, се надевам дека поранешниот премиер и заменик министер за одбрана како надворешен советник на Министерот ќе придонесе во негова брза и квалитетна изработка согласно новиот концепт за отпорност и одбрана. Вмешувањето на Воената академија во овој процес е злобна манипулација со јавноста на штета на Академијата, бидејќи никој од Академијата не работи на оваа прашање, и нема никаква одлука на наставно-научниот совет на Академијата дека Министерството за одбрана побарало наша стручна и академска помош во подготвувањето на нов Закон за заштита на критична инфраструктура.

Сега, во контекст на концептот на отпорност и одбрана кој на Министерот воопшто не му е јасен. Овој концепт на НАТО пред се, но и на ЕУ, од Македонија бара да се создаде соодветна Концепција за отпорност и одбрана на Македонија. Концепцијата е основен државен документ на врвно стратешко ниво кој овозможува донесување на Стратегија за одбрана (во новите услови отпорност и одбрана). Онаа Стратегија за одбрана која Министерот вети дека ќе ја изготви уште во 2024 година и која уште тога требаше да биде донесена бидејќи претходната веќе беше истечена. Откако ќе се донесе Стратегијата, а согласно современите разбирања на војувањето и специфичните облици на водење војна, и потребите на општеството за отпорност и одбрана, Министерството, во соработка со Генералштабот мора да изготват Доктрина на вооружена борба, а со другите институции и Доктрини за другите облици на војување. Врз основ на Доктрината на вооружена борба што подразбира начин на водење на вооружена борба на единиците на АРМ, Министерството и Генералштабот треба да извршат измени и усогласување на формацијата на единиците а со тоа и на персоналната и материјалната формација на активните и резервните сили на Армијата, на единиците и командите. При тоа, неопходно е да се раздвојат единиците декларирани за НАТО од резервните единици. Тоа бара и изнаоѓање на законски и практични решенија за пополнување на активните и резервните единици, начин на мобилизација на резервниот состав и нивна употреба. Во оваа насока е неопходно утврдување со правило на неопходната и задолжителна интендантска и заштитна опрема на персоналот, како и други прашања кои се во надлежност на Министерот за одбрана а кои не се направени, ниту има било какви навестувања дека ќе се направат.

И тука е сега прашањето за декларираните единици, опремување и модернизација на Армијата со која Министерот се изнафали, но не кажа какви се борбените карактеристики на купените борбени средства. За да го информирам Министерот, ќе напоменам дека JLTW се лесни оклопни возила, односно борбени возила за транспорт и огнена поддршка на одделенско ниво. Во оваа прилика нема да ги коментирам борбените карактеристики на возилата и начинот на кој некој предвидел истите да се употребуваат. Слична е состојбата со хаубиците 105 мм – Боран, бидејќи постојат многу прашања во врска со истите. Министерот самиот кажа дека муницијата за овие артилериски орудија се уште не е пристигната. Оттука ќе прашам: „Со кој вид муниција Министре ги натера артилерците да извршат гаѓање од овие хаубици пред некој месец“? Дали некој ти кажа дека пред да се гаѓа со артилериско орудие неопходно е да се изврши технички преглед на орудието, односно артилериски мајстор заедно со послугата да изврши вештачко повлекување на орудијата и да провери притисок на маслото (HUNT-S) во кочницата и повратникот, а потоа да се извршат пробни гаѓања со орудијата (едно по едно) со крајно оптеретување (или полно полнење) на долг окинувач со послугата во заклон. Посебно е „проблематично“ доколку се извршуваат гаѓања со несоодветна муниција за орудието, односно со муниција од ист калибар но за друг тип на хаубица. Прашањето за хеликоптерите „Леонардо“ е посебна работа. Особено доколку Министерот сака да биде искрен дека борбените побарувања од Генералштабот – Вингот и Управувачката група од 2018 година (во времето на Шеќеринска) беа за мултифункционални хеликоптери при што на врвот на побарувања не беше борбената употреба на хеликоптерите што е според нашите способности утврдено од НАТО, туку пред се транспортната употреба и носачи за вооружување на леталата за лична заштита и дејства по цели на територијата на слетување. Е сега, кога НАТО ќе ни ги измени способностите, односно ние ќе кажеме дека сме подготвени до 2030 или 2035 година да имаме две ескадрили хеликоптери (една борбена и една транспортна) или лесната баталјонска борбена група да прерасне во средна (за да ги употребиме Страјкерите кои патем требаше да стигнат до крајот на оваа година), тогаш ќе треба да направиме промена во материјалната и персоналната формација за Вингот и за другите единици. Засега токму Управувачката група на состанокот кон средината на Јануари 2024 година утврдила дека согласно побарувањата Леонардо-Аугуста хеликоптерите одговараат на потребите на АРМ. Покрај тоа понудата која е дадена во 2018 година, навистина е помала за 36,5 милиони евра во однос на цената по која во 2024 година се договорени да се купат хеликоптерите, но разликата е цели 6 години подоцна. Останатите понуди биле драстично поскапи, освен една, а квалитетот на леталата го оцениле стручни лица односно пилоти од Вингот. Ете, симнете ја класификцијата од материјалот за понуди па во детали да види јавноста за што станува збор, да не зборуваме вака во шифри пред македонската јавност. Доколку има сознанија и докази за криминал а особено нанесена штета врз буџетот на Македонија или корупција, те поддржувам веднаш без одлагање да преземеш мерки и да се активира Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал. Се останато по принципот: „да кажам – ама не смеам“, се доживува како замајување на јавноста и заплашување на политички противник и поттикнување на озборувања во Армијата и Министерството заради меѓусебни кариеристички пресметки, или за лично оправдување на „авторитетите“.

Прашањето за проблеми во управувањето и одржувањето на хеликоптерите Леонардо е обична глупост. Имено секој нов борбен систем бара дообука или преобука на персоналот за управување со него. И тоа е познато нешто во сите армии. Впрочем од лично искуство, во осумдесеттите години од минатиот век во воено училиште како питомци имавме обука на неколку артилериски и ракетни системи, затоа што начелно е потребно да се познава принципот на работа на системите и ракување со оган. По завршување на школувањето некои од колегите завршија на работа во единици каде што имаше артилериско-ракетни системи на кои се немаа школувано (ги немавме ниту видено во школскиот центар), но со кратка дообука сосема нормално и успешно работеа на новите системи. Армијата како жив организам постојано се модернизира од сопствени технички извори и средства (тоа кај нас не е случај), или од странски, така што на секој 10 години е сосема нормално да се изврши преобука на персоналот за ракување со новите борбени системи, односно да се модернизира дел од армијата.  Би било уште подобро доколку фамозниот хангар за кој се расправа и шпекулира во јавноста, Министре, успееш да го договориш со Италијанците да биде воспоставен како центар за среден ремонт на хеликоптери, па да видиме дали можеме да обучиме технички персонал кој лиценцирано ќе врши редовен годишен технички преглед на хеликоптери и нивен среден ремонт тука во Македонија.

Оттука и не е проблем на пилотите, летачкиот и земниот технички персонал да им се направи преобука за управување и одржување на хеликоптерите Леонардо, посебно затоа што веќе имаат летачко и техничко искуство и знаат да управуваат и одржуваат неколку видови хеликоптери.

Во таа насока требаше да се гледа и прашањето за Центарот за обука на пилоти кои токму претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Л-БИТ го основа и кој покрај симулаторите за обука на хеликоптери Ми18 и Ми24 има и симулатори за обука на авиони, мислам Пилатес. Всушност целта е обука во летање, а потоа со преобука пилотот ќе може да управува со било кој хеликоптер или авион (не суперсоничен борбен авион). Но како што вообичаено кај нас бива, Шеќеринска го затвори Центарот за обука на пилоти од само нејзе познати причини. Ние како Воена академија ти дадовме предлог Министре, да се активира Центарот за обука на пилоти, како дел од Академијата, со тоа што ќе се формира катедра за Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана и ќе вршиме обука на пилоти за потребите на Армијата, полицијата, ДЗС и владата, но и на лица кои за лични цели приватно би сакале да се школуваат и обучуваат за пилоти на комерцијални авиони и хеликоптери. Колку ова го разбрал Министерот, односно колку му било објаснето не знам а и не сакам да знам, бидејќи многу работи ниту знае ниту разбира, а најмалку прашува и тера исклучиво политикантски со изразен ПР од настани и непродуктивни патувања до едни исти дестинации на „суверенисти“. Волунтаризам низ призмата на суверенизмот кој ниту знаат што е и како се употребува како политичка идеологија, но таа лекција, за друг пат.

Срамно е Министре да се фалиш како огромен успех со тоа дека се договорени 3,5 милиони евра за набавка на резервни делови од САД за новите и старите возилата. Тоа е работа на логистиката како дел од редовното одржување на возилата во Армијата. Успех е со САД да договориш регионален логистичко-технички центар за среден ремонт на Страјкерите, JLTW, Хамерите и сите други и постари возила кои ги употребува АРМ и другите армии во регионот.

Уште една небулоза беше кажана во врска со некаква си соработка на Директоратот за разузнавање и безбедност на МО со Агенцијата за разузнавање. Начелно Министре, службите не соработуваат туку се координира нивната работа преку тело кое постои и во македонската влада, а колку истото работи, тоа е друго прашање. Второ, Агенцијата за разузнавање има сосема дијаметрално спротивни задачи, цели, методи и принципи на работа во споредба со Военото разузнавање.  Во оваа колумна нема да ги објаснувам и компарирам, бидејќи како што реков на почетокот на колумната доколку се зафатам со детали ќе ми требаат неколку колумни.

Во Министерството за одбрана за година и половин единствено се сменети вработените на дело и систематизацијата во самото министерство за да се задоволат суетите и желбите на дел од цивилниот персонал кој се замислува во генералски униформи, па така поранешните сектори прераснаа во Директорати и директорите добија поголеми плати а по систематизација се израмнија со чин генерал-мајор. Оваа суета е всушност упад во системот, бидејќи во Министерството за одбрана не може да има чинови па дури и воените лица кои би биле поставени на место началник на сектор или по ново директор на директорат имаат назив началник или директор а не е приоритет воениот чин и тоа на ниво на генерал. Будалаштина! А потоа ќе се чудите зошто луѓето реагираат и дури и тужат, а згора на тоа генерали (на генералски места) поставува (не само што унапредува) Претседателот на државата. Министерот за одбрана има надлежност само врз вработените во Министерството и врз унапредување во чин полковник и нивно поставување на формациски места или според систематизација во Министерството за одбрана. Бројот на вработени во Министерството е посебно прашање  кое бара детална анализа.

Прашањето за дата центарот на Министерството за одбрана е непотребна фалба (како и онаа симулационата соба за следење на вежби во Командата за обука и доктрина – така е официјалниот формациски назив на оваа команда Министре, не е за одбрана и доктрина), бидејќи не само МВР туку и други институции ги складираат податоците и ги заштитуваат во серверите на локацијата во Прилеп. Впрочем за реализација на тој проект нај заслужна е Сања Димитриевска како државен секретар во МВР 2016 -2017 година кога со судни маки го буткавме проектот кој СДС но и некои „наши“ намерно се обидуваа да го оневозможат. Всушност, Министерот треба да знае дека пристапот до податоците во државата не е во посебното нивно складирање и засебни дата бази и објекти, туку во целосно интегрирање на истите (дигитално општество, што би рекол Мицкоски) а пристапот е според безбедносните нивоа и службените потреби на корисниците, без разлика од која институција доаѓаат.

Има уште Министре што може да ти се каже и да научиш цела година и половина откако си статист  на местото Министер за одбрана, како на пример многу важните прашања за:

1. Дали воопшто нешто работиш во врска со создавање наменска индустрија за потребите на Македонија (на Македонија не само на АРМ)? Знам дека НЕ, во спротивно ќе се пофалеше со ПР.

2. Дали имаш проценка на краткорочни и среднорочни ризици и закани врз одбраната и отпорноста на Македонија?

3. Дали во рамки на овие проценки и креирањето на одбранбената политика имаш планови за воведување на обука на населението во рамките на Цивилната одбрана или некаква краткорочна обука за создавање на резервни сили за потребите на Армијата, полицијата и ДЗС?

4. Дали воопшто размислуваш за развојот на Цивилната одбрана и соработка со ДЗС во обуката на населението за подигање на отпорноста и одбранбените способности на населението и државата?

5. Дали воопшто знаеш дека обврска на Министерството е одбранбено уредување на територијата и што се тоа значи?

6. Дали имаш претстава дека во рамки на борбената обука на единиците Министерството мора да планира средства за уредување на полигони, вежбалишта, стрелишта, не само на објекти за сместување, канцеларии, кабинети, мебел и автомобили?

7. Дали воопшто ја знаеш вистинската состојба на борбената готовност на Армијата и дали ти е јасно дека со штедење и донации истата не се подига, како и само со набавка на нови системи?

8. Дали имаш претстава колку, какви видови на вооружување и муниција, како и на минско-експлозивни средства и разна борбена и неборбена опрема има низ складовите, а кои средства се прогласени за не перспективни, застарени и исклучени од материјалната формација на единиците, односно чекаат расход и уништување?

9. Дали знаеш каква е состојбата со интендантската опрема на припадниците на Армијата (на пример, дали знаеш дека старешините немаат горна облека за свечената униформа – онаа сината, па се смрзнуваат зиме на разни настани и свечености), како и состојбата на заштитната опрема (дека војниците на пример, немаат ЛПД – Личен прибор за деконтаминација, доколку знаеш што е тоа и за што се употребува)?

10. Зошто никако, цела година и половина, не испорачуваш помош на Украина, а сите во НАТО знаат што имаме како вооружување, муниција и опрема кои ги водиме како не перспективни и застарени, но на Украинците во нивната одбрана од агресијата на оној Сатрапот од Кремљ исклучително им значи? (на ова прашање веројатно и не смееш да мислиш а не пак да одговориш)

11. Дали воопшто имаш претстава што значат искуствата од војната во Украина и во која насока врз основ на тие искуства би требало да се менува и развива употребата на македонската армија во современи услови на употреба на дронови и современи технички борбени средства, посебно во однос на тактичката употреба на единиците во борбен допир?

12. Дали и на годинешниот брифинг за нашите НАТО сојузници кој ќе го имаш утре ќе им раскажуваш раскази и ќе им кажуваш флоскули за твојата, на владата, нашата, посветеност кон НАТО и одличната борбена готовност, прикажувајќи им Потемкинови села?

Излези малку од комфорот на канцеларијата и ПР мантрата од разни патувања по службена должност или протоколарни свечености кои ги прикажуваме како Потемкинови села пред партнерите во НАТО, а посебно пред домашната јавност и симни се во единиците. Дојди во питомечкиот баталјон и на Воената академија, на наставно-научен совет, не кај Деканот зад вратат со шифра, па да слушнеш што имаат луѓето да ти кажат, а и да ѕирнеш од внатре зад фасадата, во единиците, за да видиш, а не само да ти раскажуваат и цртаат.

А на почетокот си мислев дека ќе те биде, после потпишување на оној договорот за Коридор 8 со нашите партнери од Италија, Албанија и Бугарија, сум се излажал – мртва буква на хартија. Мислев дека ќе се однесуваш како вистински НАТО министер, а ти се однесуваш како вистински клиентелист – министер на Мицкоски, со особено задоволство – што би рекол ти самиот.

Но така е тоа кога волунтаризмот станува парадигма.

П.С. Почитувани читатели, се извинувам за должината на колумната, како да е есеј, но ве предупредив на почетокот дека има многу што да се каже и дека една колумна не е доволна.

П.П.С. На сите сограѓани кои го празнуваат Божиќ  по Григоријанскиот календар им го честитам Рождеството Христово и им посакувам мир Божји и добро здравje.


Текстот е личен став на Авторот

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ