• Latest

Започна Самитот за Западен Балкан во Тирана, партнерството како главна понуда на Самитот, тим за санкции пристигна од Вашингтон

December 6, 2022

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Започна Самитот за Западен Балкан во Тирана, партнерството како главна понуда на Самитот, тим за санкции пристигна од Вашингтон

December 6, 2022 17:13
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Започна Самитот Западен Балкан во Тирана

Во Тирана денеска се одржува Самитот за Западен Балкан – Европска Унија на кој ќе се разговара за миграцијата, како и за соработката и за последиците од војната во Украина, вклучително и санкциите на ЕУ кон Русија и интеграцијата на регионот во внатрешниот пазар на ЕУ, на пример, со намалување на таксите за роаминг на мобилни телефони.

Европска комисија вчера побара засилување на граничните проверки во регионот, депортирање и воведување на визи за  државјаните кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.

Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора имаат аспирации за влез во ЕУ. Пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија официјално почнаа во јули, откако првпат аплицираа во 2004 односно во 2009 година, а Босна и Херцеговина во 2016 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вархеји: Партнерството е тоа што му го нудиме за Западен Балкан

„Партнерство, тоа е тоа што го нудиме и тоа е причината што овој самит се одржува за првпат на Западен Балкан“, изјави кусо за медиумите еврокомесарот проширување и добрососедство, Оливер Вархеји денеска во Тирана.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СЛУЧАЈ ОНИШЧЕНКО Владата на Република Северна Македонија на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија.

АНТИКОРУПЦИЈА Тим за санкции од Вашингтон пристигна во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори, објави денеска на Твитер американската амбасадорка во Северна Македонија Анџела Агелер.

РОАМИНГ Од 2023 година се намалуваат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, за потоа и целосно да се отстранат, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на Самитот во Тирана.

ЈАВЕН ПРЕВОЗ Град Скопје утре ќе објави повик за приватен превозник на автобуските линии 20 и 22, соопштија попладнево од кабинетот на градоначалничката Арсовска.

АНАЛИЗИ

„Една од целите на овој самит е и усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика како и заедничката борба против руската машинерија за дезинформации како главно оружје на Кремљ за зголемување на неговото влијание на Балканот.“, извадок од анализата „ Тирана- Самит за нова надеж во европските интеграции“, од Борјан Јовановски.

AL – PRESS

Албански медиуми: Бериша свика протести на денот на Самитот на ЕУ во Тирана, 24 часа Европска престолнина, зошто Ватикан не го признава Косово?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Последнава недела некако се зголеми употребата на зборот мандат. Не само што се зголеми неговата фреквенција, туку и доби некое друго значење кое е својствено на нашата употреба на зборовите и поимите. Во суштина тој на латински значи – „дадено од рака“.“, Војо Маневски во колумната „Мерка – Мандат“.

„Дека станува збор за политичка игра говори и фактот што од блокадите и протестите на автобуските приватни превозници никој не е засегнат, освен граѓаните.

Имено, градоначалничката против која превозниците се бунат, не е блокирана. Не е блокиран ниту ЈСП, а со тоа ниту долгот.

Блокирани се скопјани.“, извадок од коментарот „Градот е во хаос, а скопјани мува не ги лази“ од Љубиша Николовски.

Потоа, запрашајте се: Како таа вест ве направила да се чувствувате? Дали ве поттикна да размислувате за преземање на одредена акција?“, Линда Балета во колумната „Новинарство и граѓанско општество: Сојузници во борбата против пропагандата“.

Д. Тахири

Tags: AL -PRESSДневникинтеграцииЈСПМедиумиСамитТиранаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ